Според препораките на Натпреварувачката комисија на ЕХФ, на состанокот во Барселона викендов, членовите на Извршната комисија на ЕХФ ќе разгледуваат опции за оптимизација на првенствата во младите категории, вклучувајќи ги и квалификацискиот модел и структурата на годините. Предлозите ќе бидат презентирани на конференцијата на претседателите за време на фајналфор-викендот во Келн во јуни.