Двајца млади студенти инженери од САД создадоа нов тип апарат за гаснење пожар, кој користи звучни бранови. Уредот не користи некакви хемикалии или вода, а нуди релативно недеструктивен метод за контрола на пожарот. Овој пронајдок може да најде апликативна вредност во борбата против мали пожари во домот. Дваjцата млади истражувачи го патентираа својот уред, а ако некој сака да го искористи ќе треба да плати.

Концептот за користење звучни бранови за гаснење на огнот не е нов. Претходни обиди за реализација на овој концепт направија тимовите на универзитетот „Западна Џорџија“ и Агенцијата за напредни истражувачки проекти (ДАРПА). За жал, вложените напори на истражувачките тимови не беа успешни. Покрај почетниот скептицизам од нивните врсници на факултетот, Сет Робертсон и Виет Тран, студенти од универзитетот „Џорџ Мејсон“ во Вирџинија, избраа да го истражуваат истоимениот концепт. А подоцна развиваат серија прототипови на звучни апарати за истражувачкиот проект.

Принципот на кој работи звучниот апаратот за гаснење пожар е едноставен. Механичкиот притисок од звучните бранови создава вибрации во медиумот низ кој патуваат, звучните бранови имаат потенцијал да манипулираат и со горивниот материјал и со кислородот што го опкружува. Звучниот бран може да се искористи за одвојување на двата процеса, огинот ќе биде лишен од кислород а со тоа и самиот ќе изгасне. Тран и Робертсон го истражувале влијанието на различни фреквенции на звукот врз мали пожари. Тие откриле дека ултрависоките фреквенции имале мал ефект, но пониските бас-фреквенции помеѓу 30 и 60 херци, го создаваат посакуваниот ефект и го гасат пламенот. Составен е од засилувач и картон-колајматор што го фокусира звукот. Развивањето на финалната верзија на звучниот прототип за гаснење ги чинеше само околу 600 долари. Овој изум претставува рачен уред, кој тежи околу 9 килограми, и има способност брзо да го изгасне малиот пожари предизвикани од алкохолни деривати.

– Според моето мислење, успехот на Робертсон и на Тран се сведува на нивната решителност и подготвеност да пробаат многу различни пристапи за искористување на звучните бранови – вели Брајан Марк, ментор и супервизор на двајцата истражувачи. Додавајќи дека тековниот прототип е резултат на многу испитувања и експерименти.
Откако го стекнаа пределиминарниот патент за дизајнот, истражувачите сега се надеваат дека ќе се префрлат на понатамошно тестирање и прочистување на нивниот апарат за гаснење, за да преземат чекори кон потенцијална комерцијална примена на нивниот уред. Првичната идеја на Робертсон и на Тран била замислата за нивниот уред да се употребува за мали пожари во домот. Но сега ја испитуваат можноста за неговата примена за поширока употреба. Една можна употреба може да биде во вселената, каде што традиционалните средства за гаснење тешко може да се фокусираат на огинот.

– Огинот е огромно прашање во вселената. Во вселената содржината на традиционалните апарати за гаснење се шират и завршуваат низ целиот простор, а не секогаш на огнот. Но, звучните бранови можете да ги насочувате без гравитација – велат Робертсон и Тран.

Соничниот апарат за гаснење не содржи течност за ладење, според тоа компликација на уредот е што не може да се справи со поголеми пожари. Сепак, тие велат дека ваквиот уред потенцијално може да се примени кај дроновите, кои би им помагале на пожарникарите при гаснење пожар. Уредот може да биде прикачен на беспилотно летало и да се користи во ситуации кога постојат шумски пожари или урбани пожари. Целта би била да се овозможи подобра безбедност за пожарникарите и контрола на ширењето на пожарот.

Сет Робертсон и Виет Тран како го тестираат прототипот на апаратот за гасење пожар со звук