Во организација на Искра Шукарова, кореографка и професорка на Факултетот за музичка уметност во Скопје, во текот на јуни и јули се реализираат три гостувања/резиденции за современ танц на млади автори/дипломци од програмата за балетска педагогија-современ танц при ФМУ. Учесници на уметничките резиденции за современ танц се: Христина Ангеловска, Теодора Ежовска и Марија Ристеска.
Резиденциите се од исклучително значење за развојот и едукацијата на младите кадри за современ танц во нашата земја и се од особена важност во доменот на интернационалната соработка на ФМУ – Скопје и проектот „Номад ту номад“, кој го иницира Шукарова во 2018 година.