Македонија во наредните три месеци треба да стане полноправна членка на НАТО и да добие датум за почеток на преговорите за членство во ЕУ. Тоа е плански приоритет на актуелната власт, која, пак, поради најновите настани со случајот „Рекет“ и вклучувањето повеќе општествени елементи, сепак, се бори и со јавното мислење и медиумите, кои се полни и со лажни и со вистински вести
„Ех, тоа повторно септемвриско чувство, останато уште од училишните денови… Летното минување на одморот, кој е речиси завршен, и собирањето на обврските и книгите, кои, како мислите, сѐ уште лебдат во воздухот… Уште еден пад или друга свртена страница. Сепак има нешто јубилејно во тој годишен есенски почеток, како ланските грешки, кои чекаа летово да бидат избришани, а сепак останаа“.
Овие познати реченици што ги напишал Валас Стегер, светски реномираниот американски публицист и добитник на наградата за новинарство „пулицер“ во САД во 1972 година, се токму оние вистинските на кои во овие моменти треба да се присетат лидерите на македонските партии… Токму тие треба да ги почнат и повеќе од неопходните школски (читај: политички) активности во пресрет на есента… Како тајминг, тие обврски навистина потсетуваат на училишните есенски активности и почетокот на новата учебна година, но тоа е само една релаксирачка диоптрија на она што навистина ги чека. А и нив и нас нѐ чека макотрпна работа ако сакаме да нѐ биде.
По летната жега, која многу ученици, слично како и македонските носители на јавни функции и политичари, ја минаа некаде на плажите далеку од обврските и длабоко под сенките на „желбите“ за подобра правна држава, поголем животен стандард, во јавноста повторно ечи најавата за „жешка политичка есен“. И власта зборува за истото тоа, но жешкото доаѓа од „парната машина“, за која велат дека работи со полна пареа, според планираното.
Македонија во наредните три месеци треба да стане полноправна членка на НАТО и да добие датум за почеток на преговорите за членство во ЕУ. Тоа е плански приоритет на актуелната власт, која, пак, поради најновите настани со случајот „Рекет“ и вклучувањето на повеќе општествени елементи, сепак, се бори и со јавното мислење и медиумите, кои се полни и со лажни и со вистински вести.
Ваквата состојба за опозицијата, пак, отвора можност за актуализирање на вечните барања на секоја опозиција. И тоа повторно сѐ повеќе и повеќе „додава јаглен“ во „парната машина“ на власта. Едните се надеваат дека ќе ја забрзаат нејзината работа, а другите дека ќе експлодира… А интересите на граѓаните? Па, засега се во втор план, а партиите евергрински се во прв, се разбира. Нов пржински на повидок?
Ајде да не брзаме. Што се прави сега? Лидерот на опозицијата Христијан Мицковски веќе на големо од пред некое време ја „пржи“ на терен својата визија на „жешката политичка есен“ и тој, заедно со неговите сопартијци, се ангажира евентуалниот неуспех, доколку земјава во октомври не добие датум за преговори со ЕУ, да се преточи во колосек на нови предвремени избори. Неговата девиза што ја пржеше летово беше дека на Македонија ѝ се потребни нов тип политичари, професионални, некорумпирани и посветени одговорни луѓе, кои ќе се докажат во различни области и кои нема да го изневерат народот, а не политичари од кариера, кои ветуваат, а не исполнуваат, кои манипулираат со народот.
Ваквата состојба за опозицијата, пак, отвора можност за актуализирање на вечните барања на секоја опозиција. И тоа повторно сѐ повеќе и повеќе „додава јаглен“ во „парната машина“ на власта. Едните се надеваат дека ќе ја забрзаат нејзината работа, а другите дека ќе експлодира… А интересите на граѓаните? Па, засега се во втор план, а партиите евергрински се во прв, се разбира. Нов пржински на повидок?
Од друга страна, пак, паралелно со „пржењата“ во кујната на опозицијата, и власта се „фали работно“ и во деновите што следуваат ќе се готви и „пржи“ на различни начини. Сега владејачката СДСМ, на чело со Зоран Заев, поради добивањето на поканата за членство во НАТО и очекувањето на датумот за преговори со ЕУ, како и справувањето со корупцијата и криминалот во земјава, им објаснува на граѓаните што зготвиле, односно „спржиле“.
Анализирајќи ги однесувањето и дејствувањето на опозицијата, но и на власта, домашните експерти деновиве коментираат дека жешката политичка кујна на политичарите е само веќе виден рецепт преку кој единствено ќе се држи будно потенцијалното консумирачко (читај гласачко) тело и ништо повеќе.
Познавачите на политичките случувања во земјава велат дека во Македонија власта никогаш не ја слушнала опозицијата ниту, пак, опозицијата ја поддржала власта, и на тој начин сите креативни идеи за доброто на народот се губат во стегите на политичките „готварски“ битки на водечките партиски кујни.
Од друга страна, пак, оние што ја следат политичката сцена во Македонија често знаат да напоменат дека во минатото се изнагледале и вкусиле многу јадења од жешка есенска кујна на политичките партии како ова што се најавува за годинава.
Овие есенски периоди ретко кога досега ја „освежиле“ политичката клима во Македонија, тие само успеале да им ги спржат проблемите на граѓаните, на кои очигледно сѐ повеќе им оди прекуглава.
Наспроти мрзливото лето на политичките готвачи, кое беше претворено во (политичка) популарна кујна, афери и (политички) зачини, со многу повеќе вербализам отколку суштина, на граѓаните оваа есен не им требаат брза храна и пржоли, туку слоу фуд, која здраво и долготрајно се крчка и каде што витамините и минералите се задржуваат, а се готви квалитетна храна, за сите граѓани и по точен, успешен и испробан рецепт, избраните лидери ќе зготват нешто со што ќе ги воодушеват и ЕУ и НАТО. И своите граѓани, се разбира, пред сѐ!