Неопходно решително СТОП за политичките практики што ја нарушуваат државноста!

Денот на албанското знаме и оваа година беше алатка и политикантски инструмент, а не културен настан. Особено е проблематично што ваквите активности се партиски поттикнати, организирани или директно охрабрени од политички субјекти - највидливо од ДУИ, партија што многу години беше дел од институциите, креираше влади, управуваше со клучни сектори и денес повторно претендира да има доминантна улога...

Повеќе од 1.200 загинати и 800 исчезнати во поплавите во Југоисточна Азија

Повеќе од 1.200 лица загинаа, а повеќе од 800 сè уште се водат за исчезнати, се наведува во најновите владини податоци од погодените земји, во катастрофалните поплави и свлечишта предизвикани од посебните бури што минатата недела донесоа обилни и долготрајни врнежи од дожд низ Шри Ланка, голем дел од Суматра и Индонезија, јужен Тајланд и северна Малезија. Поплавите и лизгањата...

Како чувствувањето срам се претвори во срамота

Срамот порано беше доказ дека човекот има душа. Не морална слабост, туку знак дека сè уште постои внатрешен живот во него - простор во кој тој разликува што е од она што би сакал да биде. Срамот беше границата што нè правеше луѓе. Денес, меѓутоа, стана срамно да се чувствува срам. Во време на општа бесрамност, оној што се...

Известувања за прекршоците во сообраќајот преку СМС и на имејл, рокот за плаќање е 8 дена

Глоби и други санкции се предвидени за прекршоци во сообраќајот што ќе бидат констатирани со „Безбеден град“, што од вчера почна пробно да функционира во Скопје. Известувањата за сторените прекршоци граѓаните ќе ги добиваат преку СМС-порака на мобилен телефон и на електронска адреса, а рокот за плаќање е осум дена. Само во првите 12 часа од стартот на „Безбеден...

Нормализиран железничкиот сообраќај, прекинат бојкотот во МЖ Транспорт

Железничкиот сообраќај во државава од ноќеска е нормализиран откако Синдикатот на машиновозачи на Македонија го прекина бојкотот по преговорите што се одвивале синоќа со раководството на МЖ Транспорт и претставници на Министерството за транспорт. - Имавме преговори кои вродија со плод,  дел од барањата се исполнети и колегите одлучија за да не се прават дополнителни трошоци и  бојкотот засега да...

Продолжува судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани

Во судницата во Идризово денеска продолжува судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, во кој загинаа 63 лица, меѓу кои и деца, а над 200 беа повредени. Судењето треба да продолжи со произнесување на вина и воведни зборови на одбраната. На минатото рочиште Судот ги прифати приговорите на дел од бранителите дека обвинението интегрирано со листата на докази не...

Протести во Бугарија и судири со полицијата во Софија поради предлог буџетот за 2026

Илјадници луѓе синоќа се собраа во Софија и во неколку други градови протестирајќи против буџетскиот план за 2026 година, првиот изготвен во евра пред земјата-членка на Европската унија да ја усвои заедничката валута на 1 јануари. Според бугарските медиуми, организатори на протестот биле од „Продолжуваме со промените – Демократска Бугарија“ (ПП-ДБ), а причината била одбивањето на лидерот на ГЕРБ, Бојко...

Проблемот не е во парите туку во свеста на судиите и обвинителите, вели Мицкоски

Бруто платата што ја добива почетник судија во Македонија е околу 19.134 евра годишно според извештајот на Советот на Европа, додека во Словенија таа плата е малку поголема од 34.000 евра. Притоа, за БДП во Македонија истиот Извештај вели дека е над 6.600 евра по глава на жител, додека за словенечкиот дека е над 27.000 евра по глава на...

Трамп и Нетанјаху разговараа за разоружување на Хамас и демилитаризација на Газа

Американскиот претседател Доналд Трамп и израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху телефонски разговарале за разоружување на палестинското движење Хамас и за демилитаризација на Појасот Газа, како и за можноста за проширување на мировниот договор, соопшти кабинетот на Нетанјаху во Тел Авив. Во соопштението се наведува дека Трамп го поканил Нетанјаху да ја посети Белата куќа „во блиска иднина“. Повикот следи откако Нетанјаху побара...

Макрон: Мировниот план може да биде склучен само со одобрение на Зеленски и Европа

Планот за мир меѓу Русија и Украина може да биде склучен единствено со учество на Киев и европските партнери во преговорите, изјави францускиот претседател Емануел Макрон. - Денес нема завршен план. Во однос на прашањето за териториите, тој може да биде финализиран само од претседателот Зеленски - подвлече Макрон на заедничката прес-конференција со украинскиот претседател во Париз. Тој додаде дека клучните...