Во услови на оружени судири и воена психоза, цути бизнисот за производство на оружје и муниција
Анализа на Меѓународниот институт за истражување на мирот (СИПРИ) од Стокхолм, Шведска
Глобалните приходи од оружје нагло се зголемија минатата година, бидејќи побарувачката беше зголемена од војните во Украина и во Појасот Газа, како и поради глобалните и регионалните геополитички тензии и сè поголемите воени трошоци. За првпат од 2018 година сите пет најголеми компании за оружје ги зголемија своите...
Станојоски го подели првото место
ШАХ - ТУРНИР „ТРОФЕЈ НА БЕЛГРАД 2025“
Македонскиот велемајстор (ВМ) Звонко Станојоски го подели првото место на 38-от меѓународен турнир во Србија, „Трофеј на Белград 2025“, освојувајќи вкупно 7,5 поени од девет кола (шест победи и три ремија, нови 20,5 рејтинг-поени, со играчки перформанс од 2.569), но поради послаб дополнителен критериум, сепак, на крајот е третопласиран.
Станојоски (2.345 рејтинг-поени, рангиран седми...
Првпат по 15 години тројца возачи решаваат за титулата во последната трка на сезоната
ФОРМУЛА 1
Во водство е Норис со 12 поени повеќе од Ферстапен и 16 поени повеќе од Пјастри. Ако двајца водечки возачи имаат ист број поени, тогаш за новиот првак прво ќе решава бројот на победи сезонава, а потоа бројот на втори места
Во Формула 1, првпат по 15 години, титулата ќе се решава меѓу тројца возачи на последната трка...
Пронајдени 13 мобилни телефони во затвор кај обвинет за „Пулс“, судењето продолжува
Во затворот кај обвинетиот Џеваир Камбери од Министерството за економија за случајот „Пулс“ биле пронајдени 13 мобилни телефони и лаптоп, информираше судијката Диана Груевска Илиевска непосредно пред почетокот на денешното рочиште и го опомена обвинетиот.
Тој изјави дека ги пронашол телефоните кога стигнал таму.
- Ги пронајдов телефоните кога стигнав таму - изјави обвинетиот пред Судот.
Непосредно пред почетокот на денешното рочиште...
Наградите „Ацо Караманов“ за поетите Тихомир Јанчовски и Роза Бујанова
Книжевната награда „Караманов 2025“ за најдобар необјавен поетски ракопис од македонски автори и автори коишто пишуваат на македонски јазик ја доби поетскиот ракопис со наслов „Камен во водата“ од поетот Тихомир Јанчовски, а интернационалната истоимена награда ѝ е доделена на бугарската поетеса Роза Бојанова за нејзината книга „Калемење на рајското јаболко“, соопштија од Центарот за култура „Ацо Караманов“ од...
Холанѓанецот Форест ја одбрани европската титула од Скопје
КОНТИНЕНТАЛНО ПРВЕНСТВО ВО ЗАБРЗАН ШАХ ЗА 2025 ГОДИНА
Во конкуренција на 370 учесници, најдобропласиран Македонец е Филип Михов, кој со осум поени, од 13 можни, го освои 74. место
Холандскиот велемајстор (ВМ) Жорден ван Форест ја одбрани европската титула во брз шах на Европското првенство (ЕП) што се одржа во Приштина. Во конкуренција на 370 учесници (40 ВМ, еден ЖВМ,...
Вo секоја чорба – мирудија
Кажи ми да ти кажам (2)
Низ досетливи драмски текстови писателот Владо Димовски, во соработка со „Колибри“, преку рубриката „Кажи ми да ти кажам“, на децата им ја доближува македонската фразеологија, а истовремено ја поттикнува и драмската сцена во училиштата и надвор од нив преку современи и едукативни текстови. Нашата радост ќе биде голема ако некоја од овие драмски...
Дали сме оние вистинските кога сме „офлајн или онлајн“?
„Колку сме искрени да кренеме рака“ - нова книга за тинејџери на Маја Трајковиќ
Минатата среда во Културно-информативен центар (КИЦ) во Скопје се одржа промоција на новата книга за тинејџери, насловена „Колку сме искрени да кренеме рака“, на авторката Маја Трајковиќ. Таа се фокусира на искреноста кај тинејџерите од школска возраст, кои растат во современиот дигитален свет.
Рецензентка на книгата е...
Баба Маре им ги откри тајните на плетењето на учениците од ООУ „Крсте Мисирков“
Во Куманово
Според професорот и писател Џеј Кеслер, на младите им се потребни работи што се стабилни, нешта на кои можат да се потпрат, како што се културата, чувството за своето минато и надежта за нивната иднина. Но најмногу им е потребно она што можат да им го дадат нивните баби и дедовци.
Водена од оваа мисла, одделенската наставничка Анета Станковиќ-Јанковска...
Спортот ги интегрира лицата со попреченост во секојдневниот живот
Корисна иницијатива на здружението „Кавадаречки срца“
Здружението „Кавадаречки срца“ се роди токму пред една година на инклузивниот спортски настан „Кавадарци еднакво за сите“, кој се одржа на 3 декември во организација на Сојузот за спортови на општината. Една од основните цели на здружението е подобрување на здравјето и на физичките способности на лицата со попреченост, нивно организирање во спортски, културни...









































