Велешанец лишен од слобода со 1,74 промили алкохол во крвта
На улица „Гоце Делчев“ во Велес, полициски службеници од СВР Велес синоќа по полноќ во 01:15 часот го лишиле од слобода 54-годишниот К.С. од Велес. При контрола на патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „пежо“ со велешки регистарски ознаки, кое го управувал К.С. и по преземени мерки било констатирано дека е под дејство на алкохол, а му биле...
Орбан: ЕУ се дави во корупција
Унгарскиот премиер Виктор Орбан изјави дека Европската Унија „се дави во корупција“, коментирајќи ја истрагата за наводни злоупотреби во проект финансиран од ЕУ за обука на млади дипломати.
- ЕУ се дави во корупција. Комесарите се соочуваат со сериозни обвиненија, Комисијата и Парламентот се опфатени со скандали, а Брисел и понатаму држи лекции по морал - напиша Орбан на социјалната...
Од следната недела стабилно и топло време
Под влијание на висок воздушен притисок во текот на наредната седмица времето ќе биде стабилно и релативно топло, најавуваат од Управата за хидрометеоролошки работи.
Од УХМР посочуваат дека во претпладневните и вечерните часови по одделни котлини ќе има појава на магла и температурата ќе остане пониска.
Времето денеска ќе биде облачно со повремен локален дожд, попладне облачноста ќе се намалува. Ќе...
САД остануваат најголемиот сојузник на Европа и покрај новата стратегија, вели Калас
САД остануваат „најголемиот сојузник на Европската Унија“, изјави денеска високата претставничка за безбедносна и надворешна политика на ЕУ, Каја Калас. Таа ова го изјави во врска со новата Национална стратегија за безбедност на САД, која е силно националистичка и во која се предвидува „цивилизациско пропаѓање“ на Европа.
- Се разбира, има многу критики, но мислам дека некои од нив се оправдани....
На Клиниката за ортопедија успешно изведени две трансплантации на коска од починат донор кај педијатриски пациенти
Од Министерството за здравство денеска информираат дека на Клиниката за ортопедија успешно биле изведени две трансплантации на коска од починат донор кај педијатриски пациенти.
Првата интервенција е извршена кај 14-годишно девојче со вродена аномалија на стапалата. Постигната е стабилна корекција и пациентката се врати на вообичаените активности. Операцијата ја предводеле науч. сор. д-р Ненад Атанасов и асс. д-р Милена Богојевска...
Македонската економија мора да излезе од историската замка на ниските плати и евтина работна сила, порача Мицкоски
Македонската економија мора да излезе од историската замка на ниските плати, евтината работна сила и ограниченото производство. До 2030 година, земјата мора да направи структурен премин – од економија на евтина продукција кон економија на знаење, високи компетенции и додадена вредност, порача премиерот Христијан Мицкоски на партискиот конгрес на ВМРО-ДПМНЕ што се одржува во Кавадарци.
Осврнувајќи се на економијата во...
Бугарија се бори со невремето за да спаси екипаж од танкер оштетен од дрон во Црното Море
Танкерот „Каирос“ (Kairos), кој беше оштетен во украински напад со дронови на 28 ноември во ексклузивната економска зона на Турција, една недела подоцна се најде во близина на бугарскиот брег, каде екипажот побара итно спасување поради невреме.
Според руски и бугарски медиуми, пловилото рано утрото на 5 декември влегло во територијалните води на Бугарија, но првично не реагирало на повиците...
На ГП Дојран се чека 30 минути, на Табановце 40 минути
На граничниот премин Дојран времето на чекање за излез од земјава е 30 минути, а на „Табановце“ 40 минути, соопшти Авто мото сојузот на Македонија. На останатите гранични премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од земјава.
Сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни коловози, а намалена видливост до 100 метри поради магла има во...
Возило удрило во жителка на кавадаречко Марена, прегазената е со тешки телесни повреди
Жителка на кавадаречко Марена се здобила со тешки телесни повреди, откако била удрена од кавадаречко возило, соопштија денеска од Секторот за внатрешни работи - Велес.
- Вчера во 16:50 часот, во ОВР - Кавадарци било пријавено дека на улица „Шишка“ во Кавадарци, патничко возило „фиат“ со кавадаречки регистарски ознаки, управувано од З.Т.(50) од Кавадарци, удрило во пешакот К.Е.(52) од село...
Стратегијата Македонија 2030 е визија за стабилна, продуктивна, правична и европски позиционирана држава, порача Мицкоски
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во своето обраќање на 18. партиски конгрес го претсви документот кој претствува новото поглавје – Стратегија Македонија 2030, пропратено со нова парадигма, и Идиолошки кодекс на партијата и договор со граѓаните. Визија која, рече, треба да ја гради државата за генерацијата која доаѓа.
-Последниот конгрес дојде веднаш по победата на локалните избори во 2021та година...







































