Мицкоски порача дека мора да се исчисти талогот во општеството
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во говорот по реизборот се осврна и на успехот на партијата и за пребродениот тежок период, како и на политичките противници – опозициските партии. Соопшти дека по конгресот ќе има кадровско освежување и промени во сите структури на партијата - од Извршниот комитет до општинските и месните комитети.
- ВМРО-ДПМНЕ имаше историски најдобар резултат на...
СДСМ обвинува дека Семејна фирма на Ивица Томовски добила 161 тендер, Томовски негираше и побара извинување
СДСМ, преку Антикорупцискиот тим (АКТ), денеска објави нов скандал, нова бомба од серијата злоупотреби што ја тресат власта на Мицкоски и ДПМНЕ. На денешната прес-конференцијата, членот на Централниот Одбор, Александар Саша Димитријевиќ ги претстави најновите докази за системско испумпување на народни пари преку фирми блиски до власта, информира партијата преку соопштение.
- АКТ, активно продолжува со објавување на криминалот на...
Орбан наскоро испраќа бизнисмени во Русија за да се подготват за повоениот период
Унгарскиот премиер Виктор Орбан денеска изјави дека во наредните денови ќе испрати делегација бизнисмени во Русија, за да се подготват за повоениот период.
Оваа мисија ќе се фокусира на економската соработка и е дел од стратегијата „сега да се размислува за повоениот период и периодот без санкции“, рече Орбан на собир со околу 1.000 луѓе во спортската сала во Кечкемет,...
Кај ЕУ има желба да се помогне во развивање дијалог насочен кон решение со Бугарија, вели Муцунски
За жал, во овој момент не постои висок степен на желба за дијалог од страна на соседна Бугарија, изјави министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски.
Како што рече тој, искрено се надева дека тоа ќе се промени затоа што штета од закочениот процес немаме само ние, туку „исто така штетата ја трпи и Бугарија којашто губи време...
Имаме отворено прашање со Бугарија, но се чини дека нема соговорник од другата страна, вели Мицкоски
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, во својот говор по реизборот за лидер на партијата на 18. Конгрес во Кавадарци се осврна и на прашањето со Бугарија, подвлекувајќи дека има желба за фер решение, но оти во моментов нема соговорник од другата страна и оти треба да се посветиме на домашните задачи.
- Не чекаат сериозни предизвици. Имаме отворено прашање со...
Русија само ескалира и не сака мир, вели Макрон
Францускиот претседател Емануел Макрон остро го осуди последниот голем руски напад врз украинската енергетска и железничка инфраструктура, ветувајќи дека Франција ќе продолжи да го поддржува Киев во потрагата по мир.
- Русија се затвора во ескалациски пат и не бара мир. Остро ги осудувам масовните напади кои синоќа беа насочени кон Украина, особено нејзината енергетска и железничка инфраструктура - напиша...
Мицкоски реизбран за претседател на ВМРО-ДПМНЕ: Победи идејата за патот што го трасираме за Македонија
Христијан Мицкоски доби трет мандат од делегатите на 18. партиски конгрес да ја води ВМРО-ДПМНЕ во наредните четири години што, според статутот на партијата, ќе биде негов последен мандат.
Според Зоранчо Јованчев, претседател на Изборната комсија, од 817 присутни делегати, 804 гласале и дале поддршка за нов мандат на Мицкоски.
На конгресот во Кавадарци тие го реизбраа Мицкоски за лидер на...
Зеленски најави посета на Велика Британија
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, денеска за време на воениот Молитвен појадок во Киев најави дека в понеделник, на 8 декември, ќе ја посети Велика Британија.
Зеленски последен пат ја посети Велика Британија на 24 октомври, кога се сретна со британскиот крал Чарлс Трети и премиерот на Велика Британија, Кир Стармер.
Состанок на Коалицијата на подготвените исто така беше одржан во...
Без вода утре МАНУ, Основен суд 2, ТЦ „Мавровка“, МКЦ, НУБ, УКИМ и други објекти, како и дел од чаршијата
Без вода утре од 7 часот ќе бидат корисниците од објектите МАНУ, Основен суд 2, Младинскиот културен центар, Универзитетската библиотека „Св. Климент Охридски “- Скопје, Универзитетот Св. „Кирил и Методиj”, ТЦ „Мавровка“, дел од скопската чаршија, Саат-кула, ул. „Отокар Кершовани“, Адвокатската улица и дел од бул. „Крсте Мисирков“.
Како што информира Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ - Скопје, прекинот со...
ЦУК: Состојбата стабилна и без значајни последици од обилните врнежи на дожд
Согласно добиените информации до 12 часот од регионалните центри, состојбата со врнежите низ државата е стабилна и без значајни последици.
- Скопски, Полошки, Штипски, Охридски, Вардарски и Кумановски регион - нема нарушувања на редовната состојба. Битолски регион - водостојот на р. Драгор е покачен, но без опасност од излевање. Струмички регион - нема врнежи. Во Кратово - слаби и повремени...







































