Фото: Маја Јаневска Илиева

Премиерот Христијан Мицкоски денеска во Србија оствари средба со српскиот премиер Ѓуро Мацут, на која биле разгледани можностите за унапредување на билатералната соработка, зајакнување на регионалната стабилност и продлабочување на економските и институционалните врски меѓу двете држави, пренесе МИА.

По средбата, Мицкоски преку објава на Фејсбук истакна дека разговорите се одвивале во пријателска и конструктивна атмосфера, при што биле разменети мислења за актуелните предизвици и заедничките приоритети.

-Посебен акцент ставивме на регионалната поврзаност, инвестициите и соработката во области од заемен интерес. Ја потврдивме подготвеноста за понатамошно развивање на добрососедските односи и заедничка работа во насока на просперитет, стабилност и подобра иднина за граѓаните на двете држави – напиша Мицкоски.

Македонскиот премиер престојува во Србија со владина делегација, каде што во Нови Сад присуствуваше на свечената академија по повод 80 години од населувањето на Македонците во Војводина.