Сениорките ќе „тестираат“ со Косово пред учеството во ЕЛ 2026

Женската сениорска репрезентација на Македонија ќе одигра два пријателски натпревари со селекцијата на Косово, како дел од подготовките за настапот во Европската лига 2026, што истовремено е прв дел од циклусот квалификации за Европското првенство 2028 година. Новиот селектор на дамите, Милош Гавриловиќ првата прозивка ја закажа на 13 мај во СЦ „Форца“ во Скопје, локација на која ќе ги...

Четворица загинати и 20 повредени во пукотница во училиште во Турција

Најмалку четири лица загинаа, а околу 20 се повредени во пукотница во средно училиште во Турција, пренесе „Дејли меил“. Инцидентот се случил во средното училиште „Ајсер Чалик“ во Кахраманмараш, каде вооружен напаѓач отворил оган врз присутните. На видео снимките се гледа како ученици скокаат од прозорците од вториот кат за да се спасат од напаѓачот. На местото веднаш биле испратени екипи на...

УЈП ги проверува приливите од странство, 577 милиони евра под лупа

Во периодот од 2020 до 2026 година, Управата за јавни приходи (УЈП) евидентирала десетици илјади случаи на приливи од странство кај физички лица, при што само во 2025 година биле регистрирани 70.869 граѓани со вкупни приливи од 577 милиони евра, пренесе МИА. Како што информираше директорката на УЈП, Елена Петрова, на денешниот брифинг со новинарите, во 2020 година биле испратени...

Обвинителството презентираше снимки кои го откриваат односот меѓу сопружниците: „Дрогата ти го исуши паметот“ му вели Ивана на Стојанче

Во Кривичниот суд денеска продолжи судењето против Стојанче Јовановски кој се товари за три кривични дела: телесна повреда, загрозување на сигурноста и наведување и помагање во самоубиство, при што обвинителката Адела Бојчевиќ презентираше повеќе материјални докази, меѓу кои и видеоснимки поврзани со случајот на семејно насилство. Првата видеоснимка, презентирана пред судот, потекнува од 10 февруари годинава и е направена од...

Маѓар бара оставка од унгарскиот претседател Шуљок

Лидерот на победничката партија „Тиса“, Петер Маѓар, побара од унгарскиот претседател Тамаш Шуљок да поднесе оставка по формирањето на новата влада, повикувајќи се на „волјата на народот“, пренесе МИА. Во изјава пред средбата во претседателската резиденција, Маѓар остро го критикуваше шефот на државата, оценувајќи дека тој не е способен да ја извршува функцијата.  - Претседателот Шуљок не може да го претставува...

Пратениците поделени околу дигитализацијата, одбиен амандманот за електронски сведителства

Собраниската Комисија за образование, наука и спорт, со која претседаваше заменик-претседателката Емилија Ангелова, денеска одлучи да ја продолжи постапката за измена и дополнување на повеќе закони од областа на образованието, по скратена постапка. Без расправа беа усвоени Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за образование на возрасните, како и Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за стручно образование...

Верските лидери обединети: Инцидентот со синагогата не смее да го наруши мирот

Обидот за опожарување на објектот на Еврејската заедница и синагогата „Бет Јаков“ претставува сериозен напад врз мирот, стабилноста и соживотот во државата, оценија Комисијата за односи со верските заедници и лидерите на петте верски заедници. Во заедничка реакција, прочитана од директорката Оливера Трајковска, тие остро го осудија инцидентот што се случи во раните утрински часови на 12 април и изразија...

Зголемувањето на цените на производите во малопродажните објекти е приближно 0,4 проценти, вели Мицкоски

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, изјави дека по направените анализи, дојдено е до заклучок дека зголемувањето на цените на производите во малопродажните објекти е приближно 0,4 проценти. Во однос на профитните маржи, тие, вели премиерот, се намалени. За лебот, Мицкоски рече дека таму нема зголемување на цената, туку дури и поевтинување, како и дека во разговорите со мелничарите било...

Завршува грејната сезона

Грејната сезона завршува денеска на 15 април 2026 година и започнува таканаречениот преоден период кој трае до 30 април, информира Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ). -Согласно Правилата за снабдување со топлинска енергија и Тарифниот систем за продажба на топлинска енергија од утре па се до крајот на месецот, доколку прогнозираната средна...

Можно ново намалување на цените на горивата, ДДВ останува 10 проценти, вели Мицкоски

Премиерот Христијан Мицкоски најави можност за дополнително намалување на цените на горивата во текот на следната недела, нагласувајќи дека Владата ќе продолжи со мерките за задржување на пониски даноци. Тој истакна дека цените на дериватите се утврдуваат согласно законска формула и движењата на светските берзи. - Очекувам дека најмалку ќе останат сегашните цени, а можно е и дополнително намалување веќе од...