Фото: Принтскрин

Најмалку четири лица загинаа, а околу 20 се повредени во пукотница во средно училиште во Турција, пренесе „Дејли меил“.

Инцидентот се случил во средното училиште „Ајсер Чалик“ во Кахраманмараш, каде вооружен напаѓач отворил оган врз присутните. На видео снимките се гледа како ученици скокаат од прозорците од вториот кат за да се спасат од напаѓачот.

На местото веднаш биле испратени екипи на итната помош и полицијата, по првичните пријави за пукотница. Засега нема официјални информации за идентитетот на напаѓачот, ниту за неговите мотиви.

Ова е втор ваков инцидент во земјата за само два дена. Претходно, во округот Сиверек, 19-годишен поранешен ученик отвори оган во училиште, при што рани 16 лица, а потоа си го одзеде животот за време на полициска интервенција.

Пукањата во образовни установи се ретки во Турција, што дополнително ја зголемува загриженоста по двата последователни напада.