Симон Трпчевски со концерт за паметење во „Борис Трајковски“

Силна емоција, врвна музика и аплаузи што траат со минути ја обележија музичка вечер во салата „Борис Трајковски“ во Скопје. Во организација на „Прагма продукција“, македонскиот пијанист со светско реноме, маестро Симон Трпчевски одржа концерт пред многубројна публика, претворајќи го настапот во вистински културен настан. Со впечатлива уметничка зрелост и силна комуникација со публиката, вечерта ја надмина концертната форма...

Зошто кучињата имаат навика да спијат покрај вас

Кучињата се друштвени животни, кои ги наследиле навиките на волците; прегрнувањето за време на спиењето значи барање топлина, сигурност и блискост, а тој едноставен гест крие подлабоко емотивно значење, кое ви помага и вам и на вашиот миленик. Спиењето покрај човекот се враќа на инстинктот за групно спиење кај предците: блискоста штити, грее и смирува. Мирисот и допирот на...

„Лилјакот“ од Јохан Штраус II – виенскиот шарм на сцената на МОБ

Во празничниот декемвриски репертоар, Националната опера и балет најавува две изведби на оперетата „Лилјакот“ од Јохан Штраус II, кои ќе се одржат утре и на 26 декември 2025 година, со почеток во 19.30 часот. Ова ремек-дело, кое ја освои публиката уште со својата премиера, повторно ќе блесне на големата сцена на МОБ. Диригент на изведбите е Бисера Чадловска, режијата е...

Амбасадата на САД потврдува дека Агелер си заминува од земјава

Амбасадорката Анџела Агелер е меѓу дипломатите од кариера кои се отповикани како дел од неодамнешната одлука на претседателот Доналд Трамп која опфати смена на околу 30 амбасадори на САД. - Длабоко сме и благодарни на амбасадорката Агелер за нејзината служба во Северна Македонија во изминатите три години и посветени сме на обезбедување непречена и ефективна транзиција што ќе им даде...

Изложбата „Отпечатоци на еднаквост – траги од внатрешното ‘јас’“ во КИЦ

„Реактор – истражување во акција“ одбележува јубилеј од 20 години Изложбата „Отпечатоци на еднаквост – траги од внатрешното ‘јас’“ се отвора на 25 декември, во 20 часот, во КИЦ, а воедно се одбележува 20-годишниот јубилеј на „Реактор – истражување во акција“. Темата на годинашното биенале „Екс либрис“ е инспирирана токму од работата на „Реактор“ посветенa на родовата еднаквост, граѓанското учество и...

Велушката Тумба – предисториска населба во Македонија

Знаменитостите на Македонија Велушката Тумба е неолитска населба и е само една од многубројните тумби во Пелагонија што говорат за еден динамичен живот во предисторијата на Македонија. Првите археолошки рекогнистицирања започнале во далечната 1952 година, а систематски дваесет години подоцна од група археолози на Битолскиот завод и музеј, со Драгица Симоска, со Воислав Санев од Народниот музеј на Штип...

Објавена „Враќањето на Орфеј (орфејска и орфичка поезија)“ од Сузана В. Спасовска

Книгата „Враќањето на Орфеј (орфејска и орфичка поезија)“ спаѓа во редот на научните трудови посветени на теориско-критичкото промислување на поезијата, какви што има многу малку во нашата наука за литература Деновиве, во издание на издавачката куќа „Полица“ од Скопје, излезе од печат научната студија „Враќањето на Орфеј (орфејска и орфичка поезија)“ од Сузана В. Спасовска. Книгата претставува видоизменета верзија...

ПИН и брат му „Таксират“

И во оваа 2025 година, повторно на исто место две прекрасни случувања. И повторно зад нив стои „Пасворд продукција“, организирајќи сѐ на највисоко ниво. Секоја чест. Првото случување беше конференцијата ПИН (PIN), која траеше три дена и три ноќи (27, 28 и 29 ноември) во Младинскиот културен центар. Идејата на ПИН е да ги поврзе и надгради знаењата на...

Божиќна честитка од Скопскиот бискуп и Струмичко-скопски епарх монсињор д-р Киро Стојанов

По повод празникот Рождество Христово, Скопскиот бискуп и Струмичко – скопски епарх монсињор д-р Киро Стојанов упати божиќна честитка до верниците од католичка вероисповед. -И Словото стана тело и се всели меѓу нас, полно со благодат и вистина; и ние ја видовме Неговата слава, слава како на Единороден од Отецот“ (Иван 1,14). Божјото Слово доаѓа меѓу нас во облик на...

Расмусен: Сите, вклучително и САД, мора да го почитуваат територијалниот интегритет на Данска

Данскиот министер за надворешни работи, Ларс Локе Расмусен, денеска изјави дека неговата земја инсистира сите, вклучително и САД, да го почитуваат „територијалниот интегритет на Кралството Данска“. Изјавата на Расмусен е одговор на тоа што американскиот претседател Доналд Трамп го објави именувањето на гувернерот на Луизијана, Џеф Лендри, за специјален пратеник на САД за Гренланд. Расмусен во кратката изјава објавена од неговото...