Нема да има никаква криза, државата има резерви на мазут, истакна Божиновска
Нема да има никаква криза, државата има резерви на мазут - рече денеска министерката за енергетика Сања Божиновска и информира дека барањето на ЕСМ за прогласување кризна состојба ќе се разгледува на утрешната владина седница.
Како што информира Божиновска, одговорајќи на прашања по денешниот брифинг со новинарите, државните резерви ќе го снабдат ЕСМ со мазут.
- ЕСМ поднесе писмо до Владата,...
Нема договор за минималната плата, синдикатот најавува порадикални мерки
Економско-социјалниот совет денеска не донесе одлука за зголемување на минималната плата. Од Владата велат дека не се против зголемување на минималната плата, но дека тоа треба да е економски оправдано. Економските параметри во моментот, како што велат од Владата, покажуваат дека нема потреба од такво нешто. Од Сојузот на синдикати остануваат на ставот за зголемување на минималната плата со...
Со користење на сложени инженерски зафати ќе го доизградиме автопатот Охрид-Кичево, истакна Николовски
За првпат на автопатот Охрид-Кичево изведуваме сложени инженерски и градежни зафати и ова за првпат се изведува во регионот, а се со цел да се овозможи стабилизирање на косините и земјиштето од овој обем. Ова го изведуваме за целосна доизградба и ставање во функција на безбедно автопатско решение - истакна заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар...
Ѓорѓиевски ја презентираше Стратегијата за развој на ЗОО Скопје, со фокус на едукација, заштита и хуман третман на животните
Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски денеска ја презентираше Стратегијата за развој на Зоолошката градина во Скопје, со која започнува ново поглавје во развојот на оваа институција. Стратегијата поставува јасна и амбициозна визија за трансформација на Зоолошката градина во современ центар за едукација, заштита на природата и хуман третман на животните.
- Зоолошката градина во Скопје ќе стане водечки центар за едукација, заштита...
Мицкоски објави инвестиција од 100 милиони евра во енергетиката
Во Владата денеска беа потпишани договори за реализација на фотонапонската електрана „Битола 3“ и за ревитализација на хидроелектраните – Фаза 3, со што се најавуваат стратешки инвестиции во енергетскиот сектор во вкупна вредност од 97 милиони евра.
-Во Владата денес беа потпишани договори, настан кој има значење и оди многу подалеку од формалниот чин на потпишување на договори. Всушност денес...
Владата не е против зголемување на минималната плата, но, тоа мора да биде резултат на заедничка согласност меѓу работниците и работодавачите, истакна Мицкоски
Премиерот Христијан Мицкоски вели дека Владата не е против зголемување на минималната плата и оти нејзината заложба е платите да растат и трудот да биде соодветно вреднуван. Но, како што истакнува, цврсто се убедени дека таквото зголемување мора да биде резултат на заедничка согласност меѓу работниците и работодавачите, постигната преку социјален дијалог и врз основа на реалните економски можности.
-Денешната...
Со годишниот план за 2025-та инвестиции од околу 1,4 милијарди евра, истакна Божиновска
Изградба на енергетски објекти со вкупна моќност од 1.265 мегавати, предвидува годишниот план за 2025-та, што е околу 1,4 милијарди евра инвестиции - рече денеска министерката за енергетика Сања Божиновска.
Како што информира Божиновска на брифинг со новинарите, од овие 1.265 мегавати, хидроцентрали се 15, фотонапонски се 812, ветерни се 426 и уште 11 се за биомаса.
Во финална фаза е...
Анита Тополова-Исајловска избрана за в.д. јавен обвинител
Анита Тополова-Мисајловска е избрана за вршител на должноста државен јавен обвинител на Република Македонија. Одлуката беше донесена едногласно на денешната седница на Советот на јавни обвинители. Тополова-Мисајловска доаѓа на местото на Љупчо Коцевски, кој на 17 декември поднесе неотповиклива оставка, по што Собранието истиот ден го констатираше престанокот на неговата функција.
Изборот на в.д. државен јавен обвинител првично беше закажан...
Кучињата знаат кога сме тажни
Животни
Кучето ја чувствува твојата тага преку мирисот, тонот на гласот и говорот на телото. Неговото однесување се менува инстинктивно – станува потивко, присутно покрај тебе. Замисли најобичен ден. Се враќаш дома, уморен, разочаран, можеби си плачел. Не зборуваш ништо. Само седиш. И тогаш – кучето доаѓа. Не скока, не бара топче. Само тивко легнува покрај тебе. Те гледа. Дише...
Елаис и Барбаџелата ја воодушевија публиката со импресивната изведба на безвременските арии и канцони
Во духот на празниците, НУ „Охридско лето“ ѝ подари на публиката посебно музичко доживување преку свечениот новогодишен концерт, кој синоќа во Центарот за култура „Григор Прличев“ во Охрид донесе врвна уметност и празнична атмосфера.
На сцената настапија виртуозниот пијанист од Италија, Франческо Барбаџелата, и моќниот шпански тенор Рамирез Дроз Реиналдо Елаис, воодушевувајќи ја публиката со нивната импресивна изведба и извонредна...








































