Мобилен телефон пронајден во келијата на сопственикот на „Пулс“, судијката најави построги мерки

Во келијата на првообвинетиот Дејан Јованов, сопственик на дискотеката „Пулс“ во Кочани, каде на 16 март годинава избувна пожар во кој загинаа 63 лица, а над 200 беа повредени бил пронајден мобилен телефон со сим картичка. На почетокот на денешното рочиште, судијата Дијана Груевска Илиевска, информираше дека Судот добил известување дека во келијата на Јованов, кој се наоѓа во притвор...

Блескавиот град раскажува убава декемвриска приказна

Репортажа на нашата дописничка од патувањето во Загреб Убаво е да се посети Загреб во време на адвент, кој е мамка за туристите. Така беше и со нас. Ние се упативме во посета на Загреб со цел да престојуваме барем два дена во преубаво украсениот град и убавата приказна што ја раскажува Главниот град на Хрватска, Загреб, е израснат од...

„Македонска поетика и стилистика“ и на Универзитетот во Загреб

Колективната монографија „Македонска поетика и стилистика“ е наменета за странската читателска публика и во неа се обработени главните поетолошки и стилски движења во македонската книжевност, почнувајќи од средниот век, па сѐ до денес По промоциите на универзитетите во Мадрид, Париз, Задар, Бања Лука и во Скопје, колективната монографија „Македонска поетика и стилистика“ подготвена од македонски тим истражувачи, беше претставена...

Големиот мајстор на македонската борба за слобода и човечки правдини

ОД МИТРОВДЕН ДО ЃУРЃОВДЕН – СПОМЕНИ ЗА МАКЕДОНСКАТА БОРБА ЗА СЛОБОДА И ЧОВЕЧКИ ПРАВДИНИ (7) Во 19 век, кога картите на Балканот се цртале на големи конгреси и на штета на народите што немале туѓа заштита, пркосот на Македонците одекнал како силно ехо од славното античко минато на Македонија и македонскиот народ. Еден од најзначајните ликови во македонската историја е...

Големиот ракомет стапи на сцена и во Битола

ОД РЕПОРТЕРСКИОТ БЕЛЕЖНИК НА ЗОРАН МИХАЈЛОВ: СЕРИЈАЛ ЗА ВЕЛИКАНИТЕ НА МАКЕДОНСКИОТ СПОРТ (374) Од ракометното минато (5) Интересно е оти во градот под Тумбе Кафе, кој и денес е наш ракометен центар, прво девојките почнале организирано да играат голем ракомет. Блага Митрева била прва што ги анимирала битолчанките за новата игра Ракометот кај нас има интересна историја. Откако прво големиот...

Од почетокот на декември 18.318 сообраќајни прекршоци, лишени од слобода 123 лица за безобзирно управување возило, соопшти МВР

Од 1 до 28 декември, како резултат на редовните сообраќајни контроли што ги реализираат полициските службеници од сите сектори за внатрешни работи на патиштата низ земјава, од вкупно 18.318 издадени платни налози, 4.019 прекршоци се однесуваат на возачи кои не ја почитувале пропишаната брзина на движење - информираат утрово од Министерството за внатрешни работи. -Лишени од слобода за безобзирно управување...

Оставината на Марко Цепенков: Автентично сведоштво за македонскиот идентитет и јазик

Сто и пет години од смртта на најпознатиот собирач на македонски народни умотворби   Своите запишани фолклорни и етнолошки материјали, Марко Цепенков ги собрал претежно од Прилеп и неговата околина, но и од Битолско, Скопско, Штипско, Велешко и од Дебарско. Соодветно на обемниот фонд собрани народни умотворби, голем е и бројот на интерпретаторите од кои Цепенков ги слушал и ги...

Познати се двојките за завршницата на купот „Благоја Георгиевски-Буштур“

КОШАРКА По одигрувањето на кошаркарските натпревари од првата елиминациска фаза во машка и во женска конкуренција, се формираа четвртфиналните двојки во купот „Благоја Георгиевски-Буштур“. Така, во машка конкуренција осумте првопласирани екипи на табелата по 11-те одиграни кола во Суперлигата обезбедија четврт-финале, а во него првите четири екипи директно се квалификуваа, додека другите четири го сторија тоа преку одигрување на осминафиналните...

Како се прави олимпискиот мраз?

ИОК ВО ПРЕСРЕТ НА ЗОИ 2026 (4) Во пресрет на ЗОИ 2026, Интернационалниот олимписки комитет објави серија со која објаснува интересни детали за спортовите што се играат на мраз и на снег Откријте како Дон Мофат го изработува совршеното лизгалиште за олимписки хокеј, балансирајќи работи како чистотата на водата и температурата за да ја постави сцената, пишува ИОК Што имаат заедничко...

Европа веќе за ништо нема унисона политика

Повод: Сериозна загриженост на европските политички елити за планот на Макрон на своја рака да разговара со рускиот претседател Европските лидери, во неможност да дефинираат унисона надворешна политика и цврст став усогласен со европските принципи и вредности, туркаат сопствена политичка агенда секој за себе, давајќи им предност на интересите на земјите од кои потекнуваат наместо да ја претставуваат Европа...