Од 1 јануари во Брисел стартува забрана за дизел возилата со Еуро 5 и бензинците со Еуро 2 стандарди
На дизел возилата што ги исполнуваат стандардите Еуро 5 и возилата на бензин со стандардите Еуро 2 од 1 јануари 2026 година ќе им биде забрането движење во регионот на Брисел - соопшти бриселската Регионална агенција за животна средина.
Агенцијата информира и дека за ваквата забрана ќе испрати писма со предупредување до сопствениците на возила што не се во согласност...
Нето надворешниот долг на земјата намален за 106 милиони евра во третиот квартал од 2025, објави Народна банка
Народната банка ги објави информациите за позначајните промени кај надворешниот долг, надворешните побарувања и меѓународната инвестициска позиција за крајот на третиот квартал од 2025 година.
- На 30.9.2025 година, нето надворешниот долг изнесува 4.494 милиони евра (или 27,1% од проектираниот БДП). Нето надворешниот долг на земјата, во третиот квартал од 2025 година, е намален за 106 милиони евра, или за...
Вашето куче знае коj е лош човек – не занемаруваjте ги знаците
Животни
Вашето куче го гледа она што вие не можете да го видите. Тоа не знае да лаже. Кучешкиот инстинкт често е поголем од оној на човекот. Кога ќе сретне лош човек, неговиот поглед, движења и однесување веднаш ви испраќаат предупредување. Кога кучето веднаш препознава опасност? Кучињата користат комбинација од мириси, јазик на телото и енергија за да ја проценат...
Оваа 2026 година носи хит нијанси што го прошируваат просторот
Трендот за 2026 година во бањите е „земјена живост“ - комбинација од природни тонови за релаксација и хармонија. Популарни комбинации се камено сива и тревно зелена, лаванда и теракота, додека похрабрите нијанси служат како акценти. Со примена на обоени нијанси и акценти, визуелно можете да го зголемите просторот и да внесете стил во бањата.
Ако сакате вашата бања да сјае...
Најголемата грешка што секој ја прави во зима во станот
Во зима, повеќето луѓе ја прават истата грешка во станот - воздухот станува премногу сув поради греењето и затворените простори. Сувиот воздух може да предизвика замор, главоболки, сува кашлица и почести настинки, особено кај децата.
Едноставни промени како што се вентилација и зголемена влажност можат значително да ги подобрат здравјето и квалитетот на живеењето во домот.
Додека температурите паѓаат надвор, истото...
Стотројка за 81 година Македонско радио
ЗБОРУЕ РАДИО СКОПЈЕ
„Зборуе Радио Скопје, зборуе Радио Скопје“ се зборовите со кои Владо Малески, писател и борец во НОВ, го означи почетокот на работата на Македонското радио. Првите зборови прозвучија во етерот на 28 декември, 1944 година, за време на одржувањето на Второто заседание на АСНОМ.
Вчера се навршија 81 година од основањето на Македонското радио. По тој повод, Канал...
По американската и британската, премиера на „Приказната за Силјан“ во Скопје
По американската премиера во Њујорк, како и британската во Лондон, „Приказната за Силјан“ на Тамара Котевска ќе ја доживее својата свечена премиера во Скопје. На 4 јануари (недела), во 20.30, во МНТ ќе се одржи премиерата на македонскиот кандидат за „Оскар“ пред домашната публика, која нетрпеливо го чека ова наградувано дело.
МНТ за првпат ќе биде домаќин на ваква кинопромоција,...
Промовирана збирка раскази од Емил Крстески
Во „Бистро“ („Театар Комедија“) се одржа промоцијата на збирката раскази „Не правете го тоа во мојот автомобил“ од Емил Крстески, која е 245. издание во популарната едиција „ПРОаЗА“ на издавачката куќа „Или-или“. Писателот Александар Прокопиев ги претстави расказите пред присутните, а извадоци од нив прочита актерката Калина Наумовска.
- За какви раскази, всушност, станува збор и кога бившата жена на...
Со ретроспективата на Кирил Ефремов, Националната галерија успешно ја заокружи 2025 година
Со отворањето на ретроспективната изложба „Меѓу реалноста и сонот“ на Кирил Ефремов, Националната галерија успешно ја заокружи 2025 година со програмските содржини поддржани од Министерството за култура и туризам. Јордан Ефремов, професор на Ликовната академија при универзитетот „Гоце Делчев“, Штип, син на Кирил Ефремов, и кураторот на изложбата, Горанчо Ѓоргиевски, се обратија пред многубројната публика.
Во годината што изминува беа...
Промовирана првата монографија објавена надвор од Македонија по повод големиот јубилеј
Осумдесетгодишнината од кодификацијата на македонскиот јазик се чествува и во Словенија
Осумдесетгодишнината од кодификацијата на македонскиот јазик се чествува и во Словенија. Во Крањ се одржа првата промоција на двојазичната монографија „80 години македонска азбука“, објавена на македонски и на словенечки јазик, која всушност е единствена монографија по повод големиот јубилеј за македонистиката објавена надвор од Македонија. Со ова, словенечката...








































