Обвинителство: Извршен увид на местото каде е убиен еден турски државјанин, а еден повреден
Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје извршил увид на локација во Старата скопска чаршија каде еден турски државјанин бил убиен, а еден повреден. Издадени се и наредби за прибирање докази.
- Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје изврши увид на локација во Старата скопска чаршија каде околу 1 часот по полноќ беа пронајдени двајца турски државјани...
Затворен базен со спа-центар добива Кавадарци
Кавадарци добива современ затворен базен со спа центар, проект кој претставува значаен чекор напред за спортско-рекреативниот и туристичкиот развој на општината. Премиерот Христијан Мицкоски денеска беше во работна посета на Кавадарци, каде заедно со градоначалникот Митко Јанчев изврши увид во тековните градежни активности на повеќе капитални проекти.
Изградбата на затворениот базен е финансирана од Министерството за спорт со средства во...
Пожар на Скопска Црна Гора
Пожар избувнал попладнево на Скопска Црна Гора над селата Арачиново и Страчинци. Според првичните информации, гори сува трева на повисоките делови над овие две села.
- Денеска во попладневните часови, на Единствениот повикувачки број за итни повици 112, беше пријавен пожар на планината Скопска Црна Гора, при што се евидентирани активни жаришта на повеќе локации - информираа од ЦУК.
На терен...
Мицкоски: Ново линеарно зголемување со мартовската пензија
Премиерот Христијан Мицкоски денеска потврди дека во март ќе има линеарно зголемување на пензиите.
Во изјава за медиумите дадена денеска во Кавадарци, премиерот рече дека статистичките податоци за нивото на сиромаштија и Џиниевиот коефициент ја оправдуваат политиката за линеарното зголемување на пензиите.
- Во април, со мартовската пензија, ќе има линеарно зголемување на пензиите така што продолжуваме со таа политика. Последните...
Тошковски: Позитивни резултати од тест периодот на „Безбеден град“
За околу 20 отсто е намален бројот на сообраќајни несреќи на територија на СВР Скопје во декември 2025 споредено со декември 2024 година, соопшти министерот за внатрешни работи Панче Тошковски.
Во истите периоди има и помалку повредени и смртни случаи во сообраќајки. Како што рече, околу 35 проценти има помалку повредени лица на подрачје на СВР Скопје отколку во декември...
На Токсикологија примени 31 пациент, од нив 13 биле малолетни
На Клиниката за токсикологија во текот на новогодишната ноќ примени се вкупно 31 пациент од кои најмладиот пациент има 14 години.
Доктор Нико Беќаровски денеска во изјава за медиумите информираше дека се работи за 14-годишна пациентка. Од вкупниот број примени пациенти, 13 биле малолетни.
Најстарата пациентка примена на Клиниката за време на новогодишната ноќ имала 44 години.
Поголем е бројот на пациенти...
Силјановска Давкова: Очекувам земјава да продолжи со развојот и реформите
Претседателката Гордана Силјановска Давкова очекува земјава годинава да продолжи да се развива, да го продолжи реформскиот процес во повеќе области за да се избегнат системските слабости, да се работи на владеењето на правото, но и на вложувањето во образованието, науката и културата, во кои како што вели можеме да бидеме поголеми од најголемите. Посакува Македонија конечно да направи исчекор,...
Мицкоски за изборот на народен правобранител: Не гледам причина зошто решението да не биде изгласано
Премиерот Христијан Мицкоски најавува во периодот што следи средби со пратеници и пратенички групи со цел да се реши прашањето со изборот на народниот правобранител за кој е потребно Бадентерово мнозинство.
- Ќе разговараме со повеќе пратеници и пратенички групи за да се надмине овој проблем. Цениме дека треба да се надмине бидејќи е дел од Извештајот што го подготвува...
Убиство на турски државјанин и тешко повредено дете се двата потешки инцидента во новогодишната ноќ
Новогодишната ноќ поминала главно мирно, соопшти министерот за внатрешни работи Панче Тошковски. Во изјава за медиумите тој информираше дека се случиле два сериозни инциденти - убиство на турски државјанин со нож, во скопската чаршија, и случај на тешко повредено двегодишно дете, на засега непознат начин, кое е во животозагрозувачка состојба во Клиничкиот центар - Скопје.
Тошковски посочи дека повредата на...
Првото бебе во државата е Евгенија, трето дете на семејството Камчеви
Првото бебе во 2026 во државава е девојче - Евгенија, родено на полноќ на Клиниката за гинекологија и акушерство (ГАК). Родена е со царски рез, тешка е 2,8 килограми и долга 48 сантимери и е трето дете во семејството Камчеви. Мајката е 38-годишната Емилија Камчева.
На полноќ се родени и две близначки во Гинекологија Чаир.
Мајката и бебето на ГАК денеска...







































