Фото: Пиксабеј/IИлустрација

Осум лица се тешко повредени во пожар што избувнал на товарен брод закотвен во пристаништето во Хамбург, соопшти противпожарната служба, пренесе ДПА.

Седуммина од повредените, меѓу кои и еден пожарникар, биле пренесени во болница, додека на осмото лице медицинска помош му била укажана на местото на несреќата.

Пожарот избувнал во товарниот дел на брод долг околу 90 метри, кој бил закотвен на докот „Гревенхофкаи“.

Кога првите противпожарни екипи пристигнале на терен, густ чад се издигал од палубата. Според информациите од службите во Хамбург, екипажот на бродот уште пред нивното пристигнување започнал самостојно да се бори со огнот.

По локализирањето на пожарот, местото на инцидентот било предадено на полицијата, која започнала истрага за причините за избувнувањето на пожарот.