Град Скопје ќе има клучна улога во имплементацијата на системот „Безбеден град“
Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски и министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, одржаа координативен состанок со стручни тимови од областа на сообраќајот посветен на финалните подготовки за официјалното пуштање во работа на системот „Безбеден град“, соопштија од градот.
На состанокот било истакнато дека Градот Скопје ќе има клучна улога во неговата имплементација, со цел унапредување на редот, дисциплината и...
Петмина кандидати досега на огласот за државен јавен обвинител, рокот истекува на полноќ
Досега пет кандидати се пријавиле на огласот на Собранието за јавен обвинител на Република Северна Македонија. Станува збор за сегашната в.д. државна јавна обвинителка Анита Тополова Исајловска, обвинителката Ленче Ристовска, судијата од Кривичниот суд Ненад Савевски, поранешниот претсдател на Кривичниот Суд Владимир Панчeвски и обинителката од скопското Обвинителство, Лидија Раичевиќ. Рокот за пријавување на кандидатите истекува на полноќ.
Судијата од...
Сообраќајот се одвива непречено по влажни коловози
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по влажни коловози. Намалена видливост поради појава на магла до 100 метри има на планинскиот премин Стража, соопшти вечерва АМСМ.
Оттаму дополнуваат дека сите државни патишта се проодни и безбедни за сообраќај. Сообраќајот се одвива непречено, но, како што велат, поради врнежите од снег се препорачува внимателно возење.
- Интензитетот на сообраќај на патните...
Почнува процедурата за избор на преоден премиер и кабинет во Бугарија
Претседателката на Бугарија Илијана Јотова денеска ја започнува процедурата за назначување на службена влада. Првата средба на Јотова ќе се одржи утре со претседателката на Парламентот, Раја Назарјан, информираат од прес-службата на шефицата на државата.
Од потпишувањето на указот за назначување на привремената влада директно зависи и датумот на претстојните предвремени парламентарни избори. Се очекува Јотова да оствари разговори со...
Стармер ќе ја посети Кина по осум години
Британскиот премиер Кир Стармер утре ќе отпатува во Кина, на првата премиерска посета на земјата по осум години, потврди неговата канцеларија.
Стармер, исто така, ќе отпатува за Јапонија оваа недела, соопшти неговата канцеларија на Даунинг стрит.
Посетата означува значаен момент во обидот на лидерот на лабуристите да изгради мостови со Пекинг по замрзнувањето на кинеско-британските односи во последните години од претходната...
Ако се прифати покачувањето на минималната плата од 50 отсто, ќе пропаднеме и ќе го оставиме Скопје без превоз, велат синдикатите на автобуски и такси превозници
Во случај на покачување на минималната плата од 50 проценти би дошле во ситуација во која повеќе нема да можеме да возиме и ќе бидеме принудени да ги откажеме договорите затоа што работењето ќе биде сведено на минимум или со загуба. Затоа ги повикувам сите засегнати страни разумно да пристапат кон овој проблем за кој и ние самите сме...
Трамп соопшти дека го испраќа својот специјален претставник за контрола на имиграцијата во Минесота
Претседателот на САД, Доналд Трамп, изјави дека ќе го испрати својот специјален претставник за контрола на имиграцијата, Том Хоман, во Минесота.
Хоман ќе пристигне во државата во услови на тензии по вториот смртен случај во Минеаполис, откако американски државјанин беше застрелан од агенти за имиграција во текот на викендот.
- Том е строг, но фер и ќе ми поднесува извештаи директно...
Возачи на товарни возила со протест на граничниот премин Делчево поради ограничувањето од 90 дена во Шенген
Околу 50 возачи на товарни возила денеска излегоа на мирен протест на граничниот премин Делчево, со кој дадоа поддршка на барањата на нивните колеги од земјите на Западен Балкан, поврзани со ограничувањето на престојот во Шенген зоната на 90 дена во период од 180 дена.
Протестот е реакција на воведувањето на електронскиот систем за евиденција на влез и излез (Entry/Exit...
Град Скопје почна со присилна наплата на неплатен данок на имот за 2021
Град Скопје започна со постапката за присилна наплата на неплатениот данок на имот за 2021 година, поради тоа што значителен број даночни обврзници и покрај јавниот повик не ги подмириле своите обврски, соопштија од градот.
Од Градот потсетуваат дека јавен повик за подмирување на заостанати долгови по основ на данок на имот, данок на промет, наследство и подарок, како и...
Србија по осум години повторно на тронот
ЕВРОПСКО ПРВЕНСТВО ВО ВАТЕРПОЛО
Во финалниот натпревар во „Белградска арена“, пред околу 13.000 гледачи, Србија ја совлада Унгарија со 10-7
Машката ватерполо-репрезентација на Србија го освои златниот медал на 37. Европско првенство (ЕП) за мажи, кое во конкуренција на 16 селекции се одржа во Белград, Србија. Во финалниот натпревар играа Унгарија, до овој меч со вкупно освоени 26 медали (13 златни, седум сребрени...







































