Француското собрание ја одобри забраната за социјални медиуми за помлади од 15 години
Француското национално собрание гласаше за забрана на користењето на социјалните медиуми за деца под 15 години, објави „ДПА“.
Пратениците во Париз доцна синоќа го усвоија нацрт-законот. Законот предвидува дека пристапот до онлајн услуга за социјално вмрежување обезбедена од онлајн платформа ќе биде забранет за малолетници под 15 години.
Текстот сè уште треба да биде одобрен од Сенатот, Горниот дом на францускиот...
Индија и ЕУ постигнаа историски договор за слободна трговија, истакна Моди
Индија и Европската Унија вчера постигнаа „значаен“ договор за слободната трговија, што се смета за најголем досега, изјави индискиот премиер Нарендра Моди.
Во своето обраќање на Неделата на енергијата во Индија, Моди денеска договорот го нарече „мајка на сите договори“, пренесува Си-ен-би-си (CNBC).
Тој рече дека договорот, што ги надополнува постојните договори на Индија со Велика Британија и Европската асоцијација за...
Камионските превозниците втор ден го блокираат товарниот сообраќај на граничните премини
Блокадата со камиони на товарниот сообраќај на граничните премини во државава продолжува и денеска, како дел од заедничкиот протест на македонските и превозниците од Западен Балкан кои бараат решение за проблемите поради електронската евиденција за престој во шенген-зоната во согласност со правилото 90/180 дена од април годинава.
Наспроти блокираниот товарен сообраќај на премините кон шенген зоната, кој, според најавите ќе...
Орбан ја обвинува Украина за мешање во унгарските парламентарни избори закажани за 12 април
Унгарија ќе го повика украинскиот амбасадор на разговори во врска со мешање на Украина во унгарските парламентарни избори закажани за 12 април, изјави денеска премиерот Виктор Орбан.
Орбан рече дека „украинските лидери, вклучувајќи го и претседателот Володимир Зеленски, минатата недела упатиле навреди и закани кон Унгарија“.
Во објава на социјалната мрежа „X“, тој додаде дека унгарските безбедносни служби заклучиле дека ова...
Муцунски вели дека од Брисел има иницијатива за организирање средба меѓу Македонија и Бугарија
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски вели дека од Брисел деновиве повторно има иницијатива за организирање средба со Бугарија за откочување на евронтеграциите на државава.
Муцунски вечерва во гостување на ТВ Сител рече дека фокусот во евроинтеграциите на прв план го ставаме на домашните реформи и оти има задоволство и од Брисел, при што посочи дека Акцискиот...
Муцунски: Со Европската унија активно се комуницира за решение за мерките што се најавени за нашите превозници
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски вели дека со Европската унија активно се комуницира за решение за мерките што се најавени за нашите превозници како и за тарифите за извоз за челичната индустрија. Притоа, како што вели, се укажува, дека во случај на нивна примена ќе платиме цена која ќе биде четири до шест пати повисока...
Зеленски вели дека се очекува разговорите меѓу Украина и Русија да продолжат во недела
Се очекува разговорите меѓу украинските и руските преговарачи да продолжат в недела, изјави претседателот Володимир Зеленски, повикувајќи ги сојузниците да не го намалуваат притисокот врз Москва.
Зеленски во својата вечерна изјава денеска рече дека двете страни разговарале за чекорите за завршување на војната. Тој додаде дека би било добро да се продолжат овие разговори дури и пред недела.
Зеленски нагласи дека...
Истраги за илегална препродажба на марихуана и хашиш во валандовско
Основното јавно обвинителство Гевгелија донесе Наредба за спроведување истражна постапка против осомничен кој во временскиот период од октомври 2025 година до 23.01.2026 година, во угостителски објект во валандовското село Јосифово, неовластено заради продажба држел 121,40 грама марихуана, 751,99 грама хашиш и 37,44 грама мешавина од хашиш и марихуана, соопшти вечерва Јавното обвинителство.
Дрогата била спакувана во најлонски и книжни омоти...
Италијанската влада прогласи вонредна состојба поради штетите од циклонот „Хари“
Италијанската влада прогласи вонредна состојба поради штетите предизвикани од медитеранскиот циклон „Хари“.
Бурата предизвика штета само во италијанскиот регион Сицилија, проценета на повеќе од 1,5 милијарди евра, изјави денеска регионалниот гувернер Ренато Скифани. Исто така, имаше огромни штети во регионите Сардинија и Калабрија.
Првично, властите ќе издвојат 100 милиони евра за први итни мерки за справување со штетите во трите региони.
Вонредната...
НАТО нема да дозволи безбедносен вакуум на Западниот Балкан, вели Руте
НАТО внимателно ја следи безбедносната ситуација на Западниот Балкан, бидејќи не може да дозволи да се појави безбедносен вакуум во регионот, па од тие причини е во постојан контакт со властите во Босна и Херцеговина, Косово и Србија, изјави генералниот секретар на Алијансата, Марк Руте во размената на мислење за најновите случувања во трансатлантската безбедност и одбрана со членовите...







































