Во Битола се сруши стара куќа, оштетени неколку возила
Во Битола попладнево, во централното градско подрачје се сруши стара куќа и оштети неколку возила пракирани во непосредна близина на куќата.
Несреќниот случај е регистриран зад станбениот комплекс, кај битолчани позната како „Зградата кај ЈАТ“, чиј простор се користи за паркирање на возила.
Увид на местото на настанот изврши екипа на СВР Битола, а обезбедени се и изјави на сопствениците на...
Гутереш предупредува на евентуален финансиски колапс на ОН
Генералниот секретар на Обединети нации, Антонио Гутереш денеска предупреди дека на ОН им се заканува „непосреден финансиски колапс“ поради долговите и буџетските правила дека организацијата мора да ги врати непотрошените средства.
- Кризата се продлабочува, спроведувањето на програмата е загрозено и постои ризик од финансиски колапс. А ситуацијата ќе се влоши уште повеќе во блиска иднина - истакна Гутереш во...
Јавниот долг од 59,6% од БДП е знак за стабилни јавни финансии, изјави Димитриеска Кочоска
Јавниот долг на државава заклучно со 31 декември 2025 година изнесува 10,064.1 милиони евра односно 59,6 проценти од Бруто домашниот производ (БДП) - објави денеска Министерството за финансии.
Според ресорната министерка Гордана Димитриеска Кочоска, овој износ на јавниот долг е јасен и силен показател за заложбите за стабилни јавни финансии и фискална консолидација, а воедно значи и почитување на Мастришките...
Мицкоски тврди дека ССМ одбила колективен договор со кој платите во администрацијата би се зголемиле за околу 40 проценти
ССМ не сакаше да го потпише колективниот договор со кој платата на администрацијата ќе се зголеми за 40 проценти во период од четири години, односно до април 2028 година, под услов во колективниот договор да се избрише делот кај што стојат платите и во тој период да репреговараат. Тоа го повтори денеска премиерот Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарски прашања...
Законот за високото образование в понеделник на ЕНЕР, наставниците ќе добијат 7,5 проценти покачување со мартовската плата, изјави Јаневска
Предлог-законот за високото образование в понеделник ќе биде поставен на националниот регистар на прописи (ЕНЕР) за дикскуија и давање предлози и сугестии. Тој е еден од пакетот три поврзани закони - покрај него, на ЕНЕР се очекува да бидат поставени и Законот за квалитет во високото образование и Законот за научно-истражувачка дејност.
-Во моментов интерес во академската заедница најмногу предизвикуваат ...
Обезбедени се средства за набавка на 150 електрични автобуси за Скопје и општините
Обезбедени се средства за набавка на 150 електрични автобуси за Скопје и општините, изјави денеска денеска премиерот Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање по објавувањето на програмските приоритети за 2026 од страна на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност – Еразмус+, на Економскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.
За набавка на автобуси ќе се...
Затворањето на постмониторинг-дијалогот со Советот на Европа е историски ден, рамо до рамот со независноста, истакна Мицкоски
Ова е историски ден, би рекол рамо до рамо со денот кога се прогласи независноста, изјави премиерот Христијан Мицкоски за затворањето на постмониторинг-дијалогот на Македонија со Парламентарното собрание на Советот на Европа (ПССЕ).
- Тоа значи дека Македонија веќе не е опфатена со постмониторинг од страна на Советот на Европа. За разлика од нас, оние земји што ги сметаат за...
Поднесено обвинение против 13 полициски службеници за пожарот во Кочани
Поднесено е обвинение против 13 полициски службеници - четворица началници и девет полицајци кои спроведувале акциска контрола во дискотеката „Пулс“ во Кочани вечерта на 16 март минатата година кога се случи пожарот во кој загинаа 63 лица, а над 200 беа повредени, пренесе МИА.
Тие, како што информираа денеска на брифинг во ОЈО ГОКК со предметната јавна обвинителка Ивана Алексова...
Европската комисија следната недела ќе одржи состанок со министрите од Западен Балкан за проблемите со превозниците
Европската комисија за следната недела закажа состанок со министри од шесте земји од Западниот Балкан околу прашањата што ги иницираа камионџиите од регионот, кои изминатите денови ги блокираа граничните премини кон шенген-зоната - најави денеска портпаролот на ЕК за внатрешни работи Маркус Ламерт.
- Свесни за загриженоста што ја изразија транспортните оператори од Западниот Балкан. Внимателно ја следиме ситуацијата и...
МВР ќе формира Национален комитет за заштита на новинарите, најавувајќи дека нивната безбедност е врвен приоритет
Безбедноста на новинарите, за Министерството за внатрешни работи, е еден од врвните приоритети и е максимално посветено на ова поле. МВР информира дека во тек е постапката за формирање национален комитет за заштита на новинарите, кој ќе биде системско унапредување на медиумската слобода и нивната безбедност.
Од МВР посочуваат дека целта на комитетот ќе биде: да обезбеди координација помеѓу институциите,...







































