Трамп тврди дека најновите документи за Епстин го ослободуваат од обвинувања
Американскиот претседател Доналд Трамп, реагираше на објавувањето на повеќе од три милиони страници документи поврзани со осудениот сексуален престапник Џефри Епстин, тврдејќи дека документите го ослободуваат од обвинувањата.
- Не сум ги видел документите лично, но некои многу важни луѓе ми кажаа дека тие не само што ме ослободуваат, туку покажуваат спротивно од она што радикалната левица и другите го...
Карлос Алкараз е новиот шампион на Австралија опен
Првиот светски рекет Шпанецот Карлос Алкараз е новиот шампион на Австралија опен откако во денешното финале го совлада десеткратниот победник на овој турнир Новак Ѓоковиќ со 3:1 во сетови (2:6; 6:2; 6:3 и 7:5). Финалниот меч траеше 3 часа и 4 минути, а Алкараз ја освои првата титула во Мелбурн.
Финалето почна со доминација на Ѓоковиќ кој првиот сет го...
Следниот технички премиер мора да ја врати довербата на граѓаните во изборниот процес, порача Јотова
Бугарската претседателка Илијана Јотова најави дека од вторник ги започнува консултациите со парламентарните групи за именување на нов технички премиер кој ќе треба да одговори на очекувањата на граѓаните за фер и транспарентни избори.
Јотова денеска информираше дека веќе остварила сериозни разговори со потенцијалните кандидати од списокот утврден со Уставот.
– Разговорите беа содржајни и опфатија палета теми – од најитните...
Маск лани вложил 10 милиони долари во два републикански политички одбори
Американскиот милијардер Илон Маск кон крајот на минатата година вложил 10 милиони долари во два големи републикански политички одбори, покажуваат најновите извештаи за финансирање на изборните кампањи, што укажува на негово повторно поактивно вклучување во републиканската политика, објави денеска „Политико“.
Според извештајот, Маск, кој претходно изјави дека веќе потрошил доволно средства за политика, и натаму останува значаен донатор на Републиканската...
Љутков: Се чекаат препораките од УНЕСКО за Охрид
Министерот за култура и туризам Зоран Љутков изјави дека се чекаат препораките од УНЕСКО за Охрид и Окридскиот Регион откако заедно Албанија е пратен извештај во седиштето на оваа организација на ОН.
На новинарско прашање на прес-конференција посветена на резултатите од годишните конкурси за проекти во култуата во 2026 и што ќе се преземе за заштита на Охридскиот Регион како...
Пролетва ќе се набават 40 нови возила за ЈП „Комунална хигиена“, истакна Мицкоски
Преку Министерството за транспорт и во соработка со Светската банка ќе се набават 40 нови возила за потребите на ЈП „Комунална хигиена“-Скопје, најави денеска премиерот Христијан Мицкоски.
Тој истакна дека со оваа набавка ќе се реши еден од најголемите долгогодишни проблеми во работењето на претпријатието – застарената неодржувана и истрошена механизација, која сериозно го отежнувала одржувањето на јавната хигиена во...
На 4 и 5 февруари нова рунда преговори меѓу Русија и Украина во Абу Даби со посредство на САД, соопшти Зеленски
Новата рунда преговори меѓу Украина и Русија, со посредство на САД, ќе се одржи во Абу Даби, Обединетите Арапски Емирати, в среда и четврток (4 и 5 февруари), најави денеска украинскиот претседател Володимир Зеленски.
Зеленски нагласи дека Киев е подготвен за „суштинска дискусија“.
Тој истакна дека информациите доаѓаат од украинскиот преговарачки тим кој денеска требаше да одржи разговори со руската делегација.
-...
Десетгодишно девојче повредено од заталкан куршум
Десетгодишно девојче од скопското село Глумово вчера било повредено од заталкан куршум. Во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“, каде што е пренесено, лекар констатирал тешки телесни повреди во пределот на ногата.
За случајот, кој бил пријавен вчера околу 16 часот во СВР Скопје, денеска информира Министерството за внатрешни работи во дневниот билтен.
-На 31.01.2026 околу 16:00 часот во СВР Скопје е пријавено...
Понудата до синдикатот е на маса една година, порача Мицкоски за минималната плата
Премиерот Христијан Мицкоски денеска повтори дека е подготвен за средба со синдикатот и потпишување на колективниот договор за државните службеници, но дека ќе мора да се согласат да се тргне делот за плати од Општиот колективен договор којшто, како што кажа, е збунувачки и за него ќе треба да се преговара.
- Јас сум секогаш подготвен за средба. Апсолутно можеме...
За изградба на нови, како и за реконструкција на постојните јавни установи од културата се обезбедени 407 милиони денари
За инвестициско и техничко одржуваење и за набавка на опрема на националните установи пристигнале 239 проектни апликации за 2026 година и по евалуацијата се прифатени 66 проекти со вкупен износ од 15.500.000 денари.
Министерот Зоран Љутков соопштувајќи ги резултатите од годишните конкурси по дејности на прес-конференција во Владата посочи дека овие средства се наменети за обезбедување основни услови за функционирање...







































