Поради јавен собир во прекин сообраќајот на магистралниот пат Прилеп- Градско

Stop
Од 11.30 часот започнат е најавен јавен собир на околу 150 лица од ромска националност поради измените на ЗБСП, на крстосница за с. Ореовец на планински превој Плетвар на магистралниот пат А1 Прилеп- Градско, патниот сообраќај е во прекин во двата правци. На блокадата има поставено возила, гуми и други предмети - соопшти АМСМ. Кај Касарната во Кичево блокирана е...

ССМ поднесе иницијатива за намалување на платите на пратениците и функционерите

Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ) денеска во 11 часот до Собранието и до сите пратенички групи поднесе Иницијатива за изменување и дополнување на Законот за плата и другите надоместоци на пратениците и другите избрани и именувани лица, барајќи итно и неодложно постапување. Иницијативата е поднесена врз основа на одлука на Претседателството на ССМ од 3 февруари 2026 година и...

Мицкоски вели дека буџетот за култура за годинава е зголемен за половина милијарда денари

Премиерот Христијан Мицкоски вели дека културата останува еден од врвните приоритети на Владата и нагласи дека за годинава буџетот е зголемен за половина милијарда денари. -Оваа година имаме зголемен буџет за половина милијарда денари, културата е наш приоритет. Програмата е отприлика негде околу 25 милиони евра, средства којшто ќе бидат распределени во културата - рече во одговор на новинарско прашање...

Занаетчиска комора предупредува дека зголемувањето на минималната плата ќе затвори дуќани и ќе предизвика отпуштање на работници

Затворање голем број занаетчиски дуќани и отпуштање вработени ќе предизвика зголемувањето на минималната плата на бараните 600 евра, предупреди денеска Занаетчиската комора - Скопје. Според Комората, минималната плата треба да се пресметува во согласност со законот. Ако се зголеми на 600 евра, тоа би значело голем удар поради драстичното покачување на трошоците за придонеси. - Ние не сме против зголемувањето на...

Мицкоски очекува новиот државен јавен обвинител да биде заштитник на правото и правдата

Премиерот Христијан Мицкоски очекува новиот државен јавен обвинител, кој треба да биде избран наскоро, да биде заштитник на правото и правдата, како и сите предмети кои биле држени во фиоки да ги истражи и ако нема докази да ги затвори, а доколку има да оформи предмети и да ги достави до судот. -Првото нешто што треба да го направи е...

Газираните сокови и брзата храна го зголемуваат ризикот од дури 12 болести

Здрава храна Големо глобално истражување покажува дека ултрапреработената храна има штетно дејство врз секој главен орган во телото. Најсеопфатниот научен преглед досега предупредува дека ултрапреработената храна (УПХ) претставува сериозна закана за глобалното здравје и благосостојба. Три нови труда откриваат дека исхраната богата со УПХ го зголемува ризикот од најмалку дванаесет болести - вклучувајќи дебелина, дијабетес тип 2, срцеви заболувања и...

Дали полиестерот навистина е најголемото зло на модата?

Светот на модата е полн со модни фрази што звучат еколошки и одговорно - од веганска кожа до екополиестер. Но, колку се искрени овие тврдења? Експертите за одржлива мода откриваат кои ткаенини навистина вредат за вашите пари, а кои се само итар маркетинг. Прв совет: ако веќе поседувате облека направена од материјали што се на „црната листа“, не фрлајте...

„Нетоксичните“ садови за готвење не се тоа што мислите

Ако барате нова тава или тенџере, подгответе се да бидете бомбардирани со термини како „нетоксични“, „без ПФАС“ и „без ПТФЕ“. Но тие етикети не мора да значат она што мислите. Популарниот бренд за садови за готвење „Хексклад“ плати спогодба од 2,5 милиони долари откако потрошувачите го тужеа затоа што неговите „нетоксични“ тави всушност содржеа хемикалија што може да испушта...

Како тетоважите од симбол на маргината станаа глобален тренд

Денес тетоважите се дел од мејнстрим-културата, но нивната историја е обележена со забрани, стигматизација и социјална маргинализација. Денес повеќе не ги поврзуваме криминалците, затворениците, проститутките и со убијците. Тие се достапни за најшироките општествени слоеви и нема мотив што можете да го замислите без некој да го носи, а тие беа популаризирани од модели, спортисти и музичари на почетокот...

Царинската управа лани поднела 213 кривични пријави

Одделението за истраги при Секторот за контрола и истраги минатата година поднело вкупно 213 кривични пријави против 443 физички и 160 правни лица до Основното јавно обвинителство и Обвинителство за гонење организиран криминал и корупција. Притоа, во 196 случаи е утврдена штета врз Буџетот од 102 милиони денари, соопшти денеска Царинската управа. Како што се наведува во соопштението, бројот на...