Собранието ги потврди оставките на Бислимоски и Ристовска

Собранието денеска, во рамките на 85. седница, ги потврди оставките на Марко Бислимоски – претседател на Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и управување со комунален отпад, како и на Цвета Ристовска – членка на Државната комисија за спречување на корупцијата и судир на интереси, пренесе МИА. По усвојувањето на дневниот ред, започнаа двочасовните опозициски прашања упатени кон премиерот и...

Сведоштвото на Анџиолело од 1470 година

Македонија во старите книги, патописи, карти, мапи, документи и весници (6) Македонија и Македонците низ очите на еден венецијански капетан Во историската наука, примарните извори – документите напишани од непосредни сведоци на настаните – имаат најголема тежина, a овој патопис содржи прецизни податоци што ги потврдуваат посебноста на македонската територија и население во раниот османлиски период. Дневникот на Џио Марио...

Такаичи повторно избрана за премиерка на Јапонија

По убедливата победа на Либерално-демократската партија на вонредните парламентарни избори одржани на 8 февруари, јапонскиот парламент денеска повторно ја избра Санае Такаичи за премиерка. Во согласност со уставната процедура, нејзиниот кабинет пред почетокот на седницата поднесе колективна оставка, по што Такаичи беше потврдена на гласање во Претставничкиот дом – долниот дом на парламентот. Со ова таа го продолжува својот мандат...

Десет скијачи исчезнале, а шестмина се заробени во лавина во Калифорнија

Најмалку 10 скијачи се водат како исчезнати, а шест други се заробени и чекаат спасување во тешки снежни услови откако лавина вчера погоди оддалечена патека во планините Сиера Невада во Калифорнија, соопштија властите. - Часови по несреќата, додека автопатот во близина е затворен поради нулта видливост поради зимската бура, спасувачите сè уште не стигнале до местото на лавината - изјавил...

Николовски најави воспоставување директна авиолинија Македонија–Саудиска Арабија

Министерството за транспорт започна иницијатива за склучување спогодба за воздушен сообраќај со Кралството Саудиска Арабија. Со оваа спогодба ќе се воспостави правна рамка што ќе овозможи отворање на редовни авиолинии меѓу двете земји. Досега меѓу Македонија и Саудиска Арабија не постоел директен авионски сообраќај. Очекувањата се дека воспоставувањето на редовни линии ќе придонесе за развој на економската соработка, поттикнување на...

Под швајцарското знаме клучните мировни преговори од кои зависи глобалниот мир: Женева деновиве е центарот на светот

Дали Русија и Украина во Швајцарија ќе најдат излез од ќор-сокакот... Нова рунда мировни разговори меѓу делегациите на Русија и Украина се одржаа вчера во Женева, во обид да се најде пат кон деескалација на повеќегодишниот конфликт. Средбата се одвиваше зад затворени врати, во дипломатска атмосфера, што официјално се оценува како „конструктивна, но сложена“. Разговорите се одржаа со посредство на...

Кој сака да лови во матна вода во Струга?

Градоначалникот Менди Ќура и неговиот тим имаат обврска пред сè да обезбедат основен предуслов за живот – здравствено исправна вода. Дури потоа следуваат комисии, анализи и утврдување одговорност. Наместо итна мобилизација на сите ресурси, впечатокот е дека се чека природата да си ја заврши работата, заматеноста сама да се сталожи, а кризата – сама да избледи. Регистрираните недостатоци...

Македонија ќе биде домаќин на групи од Европската лига во Струмица и во Скопје

ОДБОЈКА Машката одбојкарска репрезентација на Македонија настапот во новото издание од Европската лига за годинава ќе го почне како еден од домаќините на првите турнири, кога од 5 до 7 јуни во салата „Парк“ во Струмица ќе ги пречека репрезентациите на Луксембург и на Холандија. Со ваквата одлука на Одбојкарската федерација на Македонија (ОФМ), Струмица, поточно хотелот „Пандев“ и салата...

Атом за живот, не за смрт

Од редакциски агол Нуклеарната технологија е врв на човечкото знаење. Таа е доказ за интелектуална зрелост, научна дисциплина и инженерска моќ. Но кога таа моќ се претвора во средство за уништување, тоа не е триумф на цивилизацијата - туку нејзин морален пораз Во времиња на страв, политиката често посегнува по најгласниот симбол на моќта - оружјето. Денес, во сенката на...

ЕСЕНСКИ ХАИКУАИ

Тика-так, тика-так, Дождомер – рекордер. Вардар пораснал. End or fin, Сладок шок за краток рок. Gymnastique est шик! Жапка скокалка Во глава ми тропалка. ТВ-водителка. Пан во Лавиринт Не запира пред ризик, Но пред нимфа... ѕе! Утро. Мамурлак... Под туш! Па кафе јако! Пладне. Мамурлак... Последен лист oд силен дожд се крие. Кај ли ќе бега? Доцниш комшија, автобусот замина. Ама јас џогирам.