Полска издаде европска потерница за поранешниот заменик-министер за правда Марчин Романовски

Полска издаде европска потерница за поранешниот заменик-министер за правда Марчин Романовски, кој во меѓувреме доби азил во Унгарија, објави полската агенција ПАП. Според агенцијата, случајот се одвива во контекст на кампањата на владејачката центристичка „Граѓанска коалиција“ за гонење на претставници на претходно владејачката десничарска националистичка партија „Право и правда“ (ПиС), кои се обвинети за злоупотреба на државни средства. Унгарија во 2024...

Македонија останува посветена на реализацијата на Коридорот 8, изјави Муцунски од Тирана

Тековните инфраструктурни проекти долж Коридорот 8, предизвиците со кои се соочуваат во имплементацијата, како и потребата од посилна политичка координација и внимание, биле во центарот на дискусиите на Министерскиот состанок „Коридор 8 во стратешкиот момент на Европа: Поврзаност, отпорност преку воена мобилност и споделен просперитет преку интеграција“, што се одржа во Тирана, а на кој учествуваше министерот за надворешни...

Поранешните лидери на ОВК се изјаснија за невини во завршните зборови пред судот во Хаг

Четворицата поранешни лидери на ОВК, на кои им се суди за воени злосторства во Специјализираните совети во судот во Хаг, во своите завршни зборови денеска се изјаснија за невини, тврдејќи дека обвинувањата на обвинителството против нив се неосновани. Хашим Тачи, Кадри Весељи, Реџеп Сељими и Јакуп Красниќи имаа по 20 минути за своите завршни зборови, со што заврши презентирањето на...

Милионска помош од САД, МВР добива модерна опрема за борба со експлозиви

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска во кругот на Министерството присуствуваше на примопредавање на опрема обезбедена преку соработка со Американската амбасада во Македонија и програмата АТА. Станува збор за донација наменета за Единицата за откривање и демонтирање на експлозивни средства во рамки на Секторот за борба против тероризам, насилен екстремизам и радикализам при Одделот за сузбивање на организиран...

Откупот и продажбата на земјоделски производи пораснаа за 15 проценти во последниот квартал, изјави Трипуновски

Минатата година, ако се анализираат сите тримесечја во споредба со 2024 година, а особено последниот извештај, се потврдуваат позитивните движења во земјоделскиот сектор. Според официјалните податоци, вредноста на откупот и продажбата на земјоделски производи во последното тримесечје достигнала 12,5 милијарди денари, што е зголемување од 15 проценти во однос на истиот период лани, изјави министерот за земјоделство, шумарство и...

Гоце Наумовски избран за уставен судија

Со 63 гласа „за“, седум „против“ и без ниту еден воздржан, Собранието денеска го избра Гоце Наумовски за нов уставен судија. По гласањето, Наумовски во Собранието даде и потпиша свечена изјава, со која се обврза дека функцијата ќе ја врши совесно и одговорно, во согласност со Уставот и законите, пренесува МИА. На денешната 85-та седница, без расправа, пратениците со 68 гласа...

Ќе се обезбедат лекови за пациентите со ретки болести, набавката ќе биде за три години, изјави Алиу

Министерот за здравство Азир Алиу денеска порача дека пациентите со ретки болести ќе ги добијат неопходните лекови, најавувајќи дека годинава за првпат ќе се спроведе тригодишна набавка, наместо досегашната практика лековите да се обезбедуваат за период од една година. -Владата од оваа година ќе има тригодишна набавка и можеби изгледа дека овој буџет е намален бидејќи методологијата беше поинаква, но...

Новата систематизација во МВР нема да ја наруши безбедноста во Дебарскиот регион, изјави Сали

Вицепремиерот Беким Сали уверува дека со новата систематизација на Министерството за внатрешни работи нема да се доведе во прашање безбедноста во Дебар ниту, пак, ќе има негативни последици за граѓаните. Одговарајќи на пратеничко прашање поставено од Арбана Пашоли од ДУИ, тој посочи дека промените во организацијата на полицијата ќе придонесат за поголема ефикасност во работењето во Дебар и околните места,...

Експлозија во продавница за огномет во Кина однесе 12 жртви

Силна експлозија што се случи денеска во продавница за огномет во кинеската покраина Хубеи резултираше со 12 загинати, јавија државните медиуми. Ова е втор ваков трагичен инцидент во периодот на прославите на Кинеската Нова година. Според информациите, противпожарните и спасувачките служби успеале да го стават под контрола пожарот во продавницата за огномет во градот Сјангјанг. Причините за експлозијата засега не...

Прекинати разговорите меѓу Украина и Русија во Женева со посредство на САД

Мировните разговори меѓу Украина и Русија, што се одржуваа во Женева со посредство на САД, беа неочекувано завршени по само два часа, откако украинскиот претседател Володимир Зеленски ја обвини Москва дека свесно ги одолговлекува преговорите, пренесе МИА. Средбата на делегациите завршила околу 10.45 часот по средноевропско време и нема да продолжи во текот на денот, пренесува руски медиум повикувајќи се...