Трамп на прес конференција ја нарече „длабоко разочарувачка“ одлуката на судот за укинување на царините

Американскиот претседател Доналд Трамп во моментов држи прес конференција по одлуката на Врховниот суд на САД да ги укине неговите царини, пренесеува МИА. Тој почна со тоа што им кажа на новинарите дека пресудата на Врховниот суд била „длабоко разочарувачка“ и дека се срами од „одредени членови на судот затоа што немаат храброст да го сторат она што е исправно...

Со новиот Закон за високо образование ние ќе го подобруваме квалитетот на образованието, вели Јаневска

Со новиот Закон за високо образование ние ќе го подобруваме квалитетот на образованието, а по неколку години сите ќе се уверат дека овој закон ќе донесе успех, изјави министерката за образование и наука Весна Јаневска на денешната јавната дебата посветена на новото законско решение што се одржа на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ во Битола, пренесува МИА. Во изјава за медиумите,...

Лондон очекува да ја задржи „привилегираната трговска позиција“ со САД по укинувањето на царините на Трамп

Министрите очекуваат „привилегираната трговска позиција на Обединетото Кралство со САД“ да продолжи откако царините на американскиот претседател Доналд Трамп беа поништени од Врховниот суд на земјата, пренесува МИА. „Реципрочните тарифи“ на Трамп, воведени на поголемиот дел од светот минатиот април според законот за вонредни овластувања, денеска беа поништени од Врховниот суд на САД. Велика Британија ја доби најниската царинска стапка од...

Перински во Унгарија: Фокус на регионалниот развој и пристапот до европските фондови

Министерот за локална самоуправа, Златко Перински, на покана на унгарскиот министер за регионален развој и јавна администрација, Тибор Наврачич, реализираше еднодневна работна посета на Унгарија, насочена кон продлабочување на билатералната соработка меѓу двете земји. Во центарот на разговорите беше размената на искуства за поефикасно искористување на програмите на Европската Унија, како и поддршката за вклучување на Македонија во нови европски...

За Трамп одлуката на Врховниот суд за поништувањето на царините е срамна

Американскиот претседател Доналд Трамп ја оцени како „срамна“ одлуката на Врховниот суд на САД со која беа поништени неговите царини, објави Би-би-си. Според британскиот медиум, Трамп ваквата оценка ја изнел за време на состанок со гувернерите на сојузните држави рано утрово, повикувајќи се на извор запознаен со разговорот. Засега нема официјално соопштение од претседателот ниту од Белата куќа. Врховниот суд денеска...

Македонска алијанса за европска интеграција: Македонскиот јазик е богатство на културата и идентитетот на македонската заедница во Албанија

Во пресрет на 21 февруари Меѓународниот ден на мајчиниот јазик, Македонска алијанса за европска интеграција, МАЕИ, единствената партија на Македонците во Албанија, порачува дека „македонскиот јазик е богатство на културата и идентитетот на македонската заедница во Албанија", пренесува МИА. Честитајќи го денот додава дека преземајќи активности за заштита на мајчините јазици, можеме да обезбедиме секоја култура да не го изгуби...

По аларм од ФБИ: МВР откри арсенал оружје во Мала Речица, пријава за тероризам против 20-годишник

Во координирана полициска акција во тетовскиот регион, Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал поднесе две кривични пријави – една за тероризам против 20-годишен жител на Мала Речица кој на социјалната мрежа „Дискорд“ („Discord“) упатил закана за масовен вооружен напад и друга против 89-годишен маж за недозволено поседување и тргување со оружје. Како што соопштуваат од Министерството за...

САД не побараа целосно прекинување на збогатувањето на ураниум, а ниту Иран не понуди да го прекине, истакна Арагчи

САД не побараа целосно прекинување на збогатувањето на ураниум за време на преговорите во Женева, а ниту Иран не понуди да го прекине збогатувањето на ураниум, изјави денеска иранскиот министер за надворешни работи, Абас Арагчи, пренесе МИА. - Ние не понудивме какво било прекинување, а американската страна не побара целосен прекин на збогатувањето - рече Арагчи во интервју за онлајн...

МВР: Од Дубаи екстрадиран Флорим Лимани – прва екстрадиција од ОАЕ во Македонија

Министерството за внатрешни работи информира дека денеска од Дубаи во Македонија е екстрадиран Флорим Лимани (33), кој бил баран со меѓународна потерница. – Денеска од Дубаи во нашата земја беше екстрадиран Флорим Лимани (33), кој беше баран со меѓународна потерница за издржување затворска казна од три години и шест месеци за сторено кривично дело „недозволено изработување, држење и тргување со...

Врховниот суд на САД ги поништи царините на Трамп воведени со закон за вонредна состојба

Врховниот суд на САД донесе одлука со која го блокира поранешниот претседател Доналд Трамп во користењето на законот за вонредни состојби за еднострано воведување сеопфатни царини кон повеќето трговски партнери на земјата, објави „Фокс њуз“. Со одлука од 6 спрема 3, судиите ги поништија царините што Трамп ги воведе повикувајќи се на Меѓународниот закон за итни економски овластувања (ИЕЕПА), откако...