Претседателе Макрон, а да ве потсетиме што ѝ направивте вие на Македонија?

Францускиот претседател Макрон реагира на газењето на меѓународното право на Блискиот Исток, а заборава дека тој постапи идентично кон нашата земја Македонија е синоним за прекршено меѓународно право, во кое „најдлабокиот клинец“ го закова францускиот претседател. Станува збор за двојни критериуми на Макрон во поглед на меѓународното право, односно тој бара тоа да се почитува кога се загрозени француските...

Концептот на „обратното проширување на ЕУ“ е мртов, да живеат Копенхашките критериуми!

На виделина и други сценарија од Европската комисија за ЕУ-интеграција, кои сепак имаат либерално-политичка заднина (2) Нацрт-заклучоците за Европскиот совет за 19 март – кои веќе почнаа да циркулираат – се однесуваат на дебатата за проширување (а и на спорот за заемот за Украина). Првичните нацрти сугерираат дека од лидерите се очекува да го поддржат традиционалниот пристап на Унијата...

Десант врз македонизмот

Случајот „Менкиноски“ како повод За многумина забраната за влез на Менкиноски не е изолиран административен акт, туку дел од поширок политички десант врз секоја иницијатива што го афирмира постоењето на македонскиот народ и неговите права. И токму затоа случајот веќе не е само правен спор меѓу еден адвокат и една држава туку и симбол на пошироката борба за признавање,...

Видливост и невидливост

Вчерашниот изумрен свет „Те имаше во весник“ беше честа фраза од вчерашниот свет, која значеше дека си станал некој и нешто. Најчесто се користеше за добро, ама понекогаш „го имаше во весник“ значеше и дека некој згрешил нешто, па го собрала „Марица“ (популарно име за милициското комби, зашто тогаш имаше милиција, а не полиција). Тоа „те имаше во весник“ сепак...

Пожар предизвика уривање на зграда во Глазгов, во прекин железничкиот сообраќај

Железничкиот сообраќај на дел од најпрометната станица во Шкотска денеска е во прекин, по делумното уривање на зграда која била зафатена од пожар во близина на станицата, што предизвика значителни нарушувања во патувањата на илјадници патници, пренесе „Би-би-си Њус“. Од железничките власти информираат дека денес нема да сообраќаат возови до или од пероните на високото ниво на станицата Глазгов Централ....

Зошто трговскиот модел на Македонија останува структурно кревок

Најновите податоци за надворешната трговија за 2025 година, објавени минатата недела од Државниот завод за статистика, на прв поглед изгледаат охрабрувачки. Извозот останува силен, меѓународната интеграција е длабока, а клучните индустриски сектори продолжуваат да покажуваат солидни резултати. Ваквата стабилност често се претставува како успех во нашиот регион, каде што нестабилноста се смета за норма. Но економијата ретко се сведува...

Патеката на чемпресите на Гонца Перунковска – ФОТОГРАФИЈА НА НЕДЕЛАТА

Фотографијата Патеката на чемпресите на авторката Гонца Перунковска е овонеделниот избор на „Нова Македонија“ за фотографија на неделата. -Едно од најфотографираните места во Тоскана, Италија, кое се наоѓа во близина на Ашано и теракотните полиња на Сиена. Од оваа панорамска точка се отвара спектакуларен поглед на патеката со најпознатите чемпреси на светот, со кои како во прегратка е обвиена фармата...

Нафтата повторно над 100 долари за барел, првпат од 2022 година

Цената на нафтата надмина 100 долари за барел, првпат од 2022 година и почетокот на руската инвазија врз Украина. Скокот доаѓа во услови на растечки тензии и воени дејствија на Блискиот Исток, што предизвика загриженост на енергетските пазари. Американскиот претседател Доналд Трамп реагираше на поскапувањето со објава на социјалните мрежи, оценувајќи дека повисоката цена на нафтата е прифатлива цена во...

Моџтаба Хамнеи избран за лидер на Исламската Република

Свештеникот Моџтаба Хамнеи е именуван за нов врховен лидер на Иран, наследувајќи го својот татко Али Хамнеи, кој загина во еден од првите напади за време на неодамнешниот конфликт со САД и Израел. Одлуката ја донесе Собранието на експерти на Иран, тело составено од 88 свештеници кое е надлежно за избор на врховниот лидер, пренесе „Ројтерс“. Во соопштението објавено по...

Првиот авион со евакуирани Македонци слета во Скопје

На Меѓународен аеродром Скопје попладнево пристигна авионот од Дубаи со првата група евакуирани македонски државјани од регионот на Блискиот Исток. Патниците ги пречека министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски. Со овој организиран лет од Обединетите Арапски Емирати официјално започна процесот на евакуација на македонските државјани од повеќе земји во регионот. Евакуацијата, како што информираа од Министерството за...