Зголемувањето на пензиите за илјада денари помина на собраниска комисија
Собраниската Комисија за социјална политика, демографија и млади го проследи Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за пензиското и инвалидското осигурување на натамошна постапка во Собранието. Со измените, по скратена постапка, се предлага зголемување на сите пензии за 1.000 денари од 1 март годинава.
Пратеничката Ангелинка Петкова од ВМРО - ДПМНЕ посочи дека тоа е четврто изменување на законот,...
Цената на нафтата „Брент“ денеска надмина 118 долари за барел
Цената на нафтата „Брент“ денеска надмина 118 долари за барел поради големата неизвесност на пазарот по нападите на Иран врз енергетските постројки низ Блискиот Исток.
Според податоците од берзите, цената на нафтата „Брент“ во 10:30 часот порасна за 10,21 отсто, на 118,760 долари за барел.
Европските гасни фјучерси на амстердамската берза ТТФ во еден момент скокнаа и за 35 отсто, а...
Наш неостварен стратешки приоритет е отворањето на преговорите и што побрзо членство во Европската Унија, вели Муцунски
Наш неостварен стратешки приоритет е отворањето на преговорите и што побрзо членство во Европската Унија, истакна министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски.
Во гостување во вестите на Алсат ТВ, Муцунски посочи дека државата континуирано ја следи дискусијата во рамки на европските институции и различните дебати што се водат.
-Ние секако ја следиме дискусијата, како и различните дебати што...
20 март – Меѓународен ден на среќата: Побарај ја среќата со Државна лотарија!
Среќата е универзална желба, а 20 март – Меѓународниот ден на среќата е потсетник
дека секој треба да верува во неа и дека треба да се даде шанса таа да ве изненади.
Доказ дека вреди да се верува во среќата се добивките и моментите на радост и
возбуда што ги создаваат игрите на среќа на Државна лотарија. Секој ден, преку Лото 7...
Младите ја раскажуваат приказната за рубинот – Божиновска се сретна со наградените ученички
Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, оствари средба со ученички од трета година од Гимназијата „Ѓорѓи Димитров“ во Скопје, кои со својот труд и креативност веќе оставаат впечаток на национално ниво.
Станува збор за Марија Ташевска, Јасемин Демировска и Ангела Ристовска, заедно со нивната професорка Марина Иванова, кои во рамки на предметот Говорење и пишување изработиле документарен...
Научниците создадоа соларен панел што работи дури и кога врне
Научници од Шпанија развија хибридна соларна ќелија што произведува електрична енергија од сончева светлина, но и од дождовни капки. Шпанските научници од Институтот ИЦМС во Севилја развија хибридна соларна ќелија што истовремено произведува електрична енергија од сончевото зрачење и механичката енергија на врнежите.
Оваа технологија користи перовскитен слој за фотоволтаичниот ефект, додека горниот заштитен полимерен слој го користи трибоелектричниот ефект...
Еден клик води до лажен Гугл, дури и двофакторската заштита не помага
Техно
Експертите предупредуваат дека лажната страница на Гугл бара да се инсталира апликација што краде податоци во заднина, па дури ни 2FA не е безбедна.
Експертите за сајбер-безбедност издадоа сериозно предупредување за корисниците на Џимејл. Се појави нова измама што користи страница речиси идентична со вистинскиот Гугл. Целта е да ве измамат сами да инсталирате малициозен софтвер, верувајќи дека ја заштитувате...
Валоризација на локалитетот Градок во Мариово
Стручна екипа од Заводот и музеј во Прилеп го реализира елаборатот за валоризација на споменичната целина Градок кај селото Манастир. Археолошкото наоѓалиште се наоѓа на мошне доминантно возвишување над долината на Црна Река, а во близината на Расимбегов мост.
- Стратегиски значајното воено утврдување од доцната антика прераснува во важен средновековен пункт во областа Мариово. Покрај остатоците од одбранбените бедеми,...
Холанѓаните тестираа батерија што трае 25 години
Нова батерија од Холандија користи водородни и железни соли, трае десетици илјади циклуси и би можела да го промени начинот на кој енергетските мрежи складираат енергија. Холандската компанија „Елестор“ тестираше нов тип батерија што би можела да го промени начинот на кој енергијата се складира во енергетските мрежи. Иновативниот систем на батерии од водород и железо издржал десетици илјади...
Драмски со претставата „Кармен“на фестивал во Јужна Кореја
Со монодрамата „Кармен“, Драмскиот театар денеска ја отвора официјалната програма на Интернационалниот фестивал на монодрама во Сеул, Јужна Кореја. Фестивалот се одржува од 17 до 26 март, во организација на театарот „Самилро Чанго“ од Сеул. Oвој театар е историски исклучително важен „мал театар“, кој се смета за центар на алтернативната и современа сцена во Јужна Кореја. Со меѓународниот фестивал...





































