Колку сме далеку од Кина

Дел од домашните политичари и дел од медиумите упатуваат општи критики кон Македонија дека е подложна на руски и кинески влијанија и дека нејзина задача би требало да биде да се штити од нив на секој начин. Напишаново погоре главно се однесува на наводно политичко, безбедносно и финансиско влијание што не е поткрепено со ниту еден доказ. Таквите тврдења...

Повик на ЕУ за повторно отворање на Ормускaтa Теснина

Лидерите на Европската Унија на состанок во Брисел повикаа на повторно отворање на Ормуската Теснина и прекин на нападите врз енергетската и водоводната инфраструктура на Блискиот Исток. Во заедничката изјава на Европскиот совет се нагласува потребата од „деескалација и максимална воздржаност“, како и стабилизирање на снабдувањето со енергија. Лидерите изразија загриженост за цивилните жртви и економските последици од конфликтот. ЕУ, исто...

Македонија се приближува до ЕУ во производството на струја од обновливи извори

Македонија се доближува до европскиот просек во производството на електрична енергија од обновливи извори, покажуваат последните проценки на Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини. Иако сè уште нема официјални податоци за 2025 година, се очекува раст од 12 до 15 проценти во однос на 2024 година, кога 41,03 отсто од вкупно произведената струја потекнувала од обновливи извори. Најголем удел во...

Муслиманите го одбележуваат Рамазан Бајрам

Верниците од исламска вероисповед во земјава и ширум светот денеска го слават Рамазан Бајрам, еден од најзначајните празници во исламот, кој доаѓа по едномесечниот пост во Рамазан. По утринската молитва – Бајрам-намаз, која се служи во сите џамии, верниците традиционално ги посетуваат гробиштата и своите најблиски, разменуваат честитки и го прославуваат празникот во семеен круг. Рамазан, деветтиот месец од исламскиот календар,...

Почна пролетта – денеска рамноденица и променливо време

Пролетта во земјава и на северната хемисфера започнува денеска во 15.46 часот, додека на јужната полутопка истовремено настапи есента. Денешниот ден е 79-ти во годината и трае 12 часа и 8 минути. Сонцето изгреа во 5.37, а ќе зајде во 17.46 часот. Новото годишно време ќе трае 92 дена, односно до 21 јуни, кога календарски започнува летото. Според најавите на синоптичарите,...

Променливо облачно време со сончеви периоди и ветер

Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени сончеви периоди. Ќе дува умерен, а на места и засилен ветер од северен правец. Минималните температури ќе се движат од -2 до 3 степени, додека максималните ќе достигнат од 8 до 16 степени. Во Скопје ќе преовладува претежно облачно време со кратки сончеви интервали и умерен до засилен северен ветер. Температурата ќе се...

Состојбата се следи и ќе одговараме соодветно како што ќе се движи цената на нафтата, истакна Димитриеска Кочоска

Како резултат на кризата на Блискиот Исток се уште апсолутно немаме никакви влијанија или пренесувања на цените. Состојбата се следи и ќе одговараме соодветно како што ќе се движи цената на нафтата, порача вечерва министерката за финансии Гордана Димитриеска Кочоска. Во гостување во Тема на денот на јавниот сервис, Димитриеска Кочоска најави дека доколку ескалира кризата ќе се направат приоритети...

Акција на МВР и ОЈО ГОКК: Сомнежи за коруптивни кривични дела

Под координација на јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, во тек е акција на Министерството за внатрешни работи поради основано сомневање за сторени кривични дела од коруптивна природа. Од Обвинителството информираат дека акцијата е во тек и дека повеќе детали за случајот ќе бидат соопштени по нејзиното завршување. Надлежните институции засега не откриваат дополнителни...

Трамп: Нема да испраќаме трупи, конфликтот со Иран наскоро ќе заврши

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека САД нема да испраќаат дополнителни трупи на Блискиот Исток, додавајќи дека конфликтот со Иран „наскоро ќе заврши“, објави „Еуроњуз“. – Не испраќам трупи никаде. А и да испраќам, сигурно не би ви кажал – изјави Трамп на прес-конференција во Белата куќа. Тој оцени дека, и покрај растот на цените на нафтата по нападите врз Иран,...

Прекинот во мировните преговори меѓу Русија, Украина и САД е привремен и условен од тековните околности, истакна Песков

Кремљ соопшти дека прекинот во мировните преговори меѓу Русија, Украина и САД е привремен и условен од тековните околности. - Станува збор за ситуациска пауза, настаната од очигледни причини - изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, одговарајќи на прашања за времетраењето на застојот. Тој изрази очекување разговорите да продолжат штом трите страни се усогласат околу нов распоред, особено кога САД ќе...