Притвор побаран за директорот на Инспекторатот осомничен за корупција

Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција побара од Основниот кривичен суд Скопје да определи мерка притвор за директорот на Државниот инспекторат за земјоделство, осомничен за примање поткуп. Според Обвинителството, по спроведена предистражна постапка и координирана акција со полицијата, донесена е наредба за отворање истрага против едно лице за кривичното дело „примање поткуп“, пренесе МИА. Осомничениот, во периодот од...

САД испраќаат дополнителни бродови и 2.500 маринци на Блискиот Исток

Армијата на САД распоредува дополнителни воени сили на Блискиот Исток, вклучително и три воени брода и околу 2.500 маринци. Официјални лица потврдија дека меѓу испратените пловни објекти е и USS Boxer, заедно со уште два слични брода, кои веќе се упатени од пристаништето во Сан Диего. Според извори од американски медиуми, распоредувањето е забрзано и се случува околу три недели порано...

НАТО привремено повлекува дел од персоналот од мисијата во Ирак

НАТО привремено го повлече поголемиот дел од својот персонал од мисијата во Ирак поради влошената безбедносна состојба на Блискиот Исток - јавуваат француските медиуми. Според безбедносни извори, станува збор за превентивна мерка, при што само мал број лица останале на терен. Мисијата на НАТО во Ирак има задача да им помага и советува ирачките безбедносни сили во борбата против џихадистичките групи...

Уапсен директор на Инспекторатот за земјоделство, фатен со мито од 50.000 евра

Полициски службеници на Министерството за внатрешни работи го уапсија директорот на Државниот инспекторат за земјоделство, Васе Анакиев (41) од Кочани, под сомнение дека примил поткуп од 50.000 евра. Против него е поднесена кривична пријава до Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција за делото „примање поткуп“. Според МВР, осомничениот како службено лице, преку шпедитер побарал поткуп од сопственик на...

МЗШВ: Никој не е над законот, случајот со директорот да се расчисти до крај

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство најостро го осуди секое незаконско и коруптивно однесување, поврзано со последниот случај со директорот на Државниот инспекторат за земјоделство. Од Министерството побараа Министерството за внатрешни работи и Основното јавно обвинителство целосно да го расчистат случајот и да постапат согласно законите. Тие нагласија дека злоупотребата на службената положба за личен интерес мора да биде санкционирана...

Захарова: Нападот врз Бандар-е Анзали ги загрози руските економски интереси

Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, изјави дека бомбардирањето на иранското пристаниште Бандар-е Анзали негативно влијаело врз економските интереси на Русија и другите земји од регионот. Според неа, пристаништето, кое се наоѓа на Каспиското Море, претставува клучен трговски и логистички центар што активно се користи за руско-иранската трговија, вклучително и за транспорт на прехранбени производи. Захарова нагласи дека...

Две лица уапсени при обид за упад во нуклеарна морнаричка база во Шкотска

police operation in Brazil
Две лица се уапсени во Шкотска откако се обиделе да влезат во база на Кралската морнарица каде се складира нуклеарно оружје. Полицијата информира дека 31-годишна жена и 34-годишен маж се обиделе да навлезат во базата Клајд во Хеленсбург. Објектот, познат и како Фаслејн, е една од трите главни бази на морнарицата во кои се стационирани подморници со нуклеарно оружје. Според британските...

Фокус на стабилен буџет и навремени исплати во услови на глобална неизвесност

Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска изјави дека и покрај глобалната економска неизвесност, приоритет на Владата останува одржувањето на стабилен буџет и навременото сервисирање на сите обврски. Во интервју за Дневникот на Македонска радио-телевизија, таа посочи дека се можни одредени корекции на буџетските проекции, но дека фокусот е задржување на буџетскиот дефицит во рамките на планираното и заштита на животниот стандард...

Изложба посветена на жената и виното на Стефан Хаџи-Николов во Кавадарци

Отворањето на петтата самостојна изложба на реномираниот македонски ликовен уметник Стефан Хаџи-Николов во Кавадарци од вкупно 94 кои досега ги има реализирано несомнено претставува несекојдневно доживување на ликовна интерпретација на женскиот принцип како извор на живот, енергија и креативна преобразба. Во оваа изложба женската фигура претставува централна енергетска и симболичка оска на композицијата а мотивите на грозјето, виното и природните елементи...

Божиновска: Соработката со КфВ клучна за реализација на проекти за стабилен и обновлив енергетски систем

Тековните енергетски проекти и продлабочувањето на соработката во областа на одржливата енергетика беа главна тема на денешната работна средба на министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, со новата раководителка на одделот за енергетика во германската развојна банка КфВ за Европа и Кавказ, Бабет Штајн вон Камиенски, пренесе МИА. Како што соопшти Кабинетот на Божиновска, на средбата се...