Возач удрил полицаец кај Страцин
ОВР Кратово поднесе кривична пријава против Р.П. (38) од Василево поради спречување службено лице во вршење службено дејствие и напад врз полициски службеник, соопшти ОВР Кратово.
Инцидентот започнал кога полициски службеници од Мобилната единица за компензаторни мерки му дале јасен сигнал за запирање на возило „ауди а6“, меѓутоа возачот продолжил да се движи, игнорирајќи ги наредбите, пренесе МИА.
По преземени мерки,...
Предлозите за вицегувернери се доставени до Собранието, информира Народната банка
Народната банка информира дека предлозите за вицегувернери се доставени до Собранието по завршувањето на јавниот повик и во согласност со законските процедури, во оваа фаза, постапката за избор е во надлежност на Собранието.
- Категорично ги отфрламе тврдењата дека се кочи изборот на вицегувернери или дека функционирањето на Народната банка е доведено во прашање - нагласуваат од Народната банка.
Согласно член...
Мицкоски најави реконструкција на Влада во мај или јуни
Премиерот Христијан Мицкоски вели во мај или јуни, за кога се планира реконструкцијата на Владата, ќе се знае дали и кој министер ќе замине од одредено министерство или ќе премине во друго.
- Ние имаме принципелен договор како коалициски партнери во Владата, сите три политички структури, тоа се коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, коалицијата „Вреди - Влен“ и политичката партија ЗНАМ....
Речиси 20 проценти од боледувањата во МВР неправилни, покажува контролата на ФЗО
Фондот за здравствено осигурување по барање на Министерството за внатрешни работи во втората половина на 2025 година изврши детална контрола на боледувањата на вработени во МВР со која се опфатени 80 осигурени лица со 514 боледувања. Утврдено е дека кај 29 лица од нив, има неправилности во издадените боледувања (околу 37 отсто), односно околу 100 боледувања од вкупно 514...
Осум екипи во борба за титулата
Регуларниот дел од сезоната во Првата лига-жени беше комплетиран викендов, со натпреварите од 18. коло, по што се знаео кои осум екипи на прволигашката табела продолжуваат во плејоф фазата и во разигрувањето за шампионската титула.
Лидерот Наковски Волеј, Младост УГД, ланскиот финалист Работнички Скопје, бранителот на трофејот Јанта Волеј Кисела Вода, дебитантот Газели Волеј, повратникот Пелистер Волеј, како и Вардар...
Потпишан договор за нова поликлиника во Бутел
Градоначалникот на Општина Бутел, Дарко Костовски, денеска го потпиша договорот за изградба на нова поликлиника, со што започнува реализацијата на долгoочекуван проект за жителите на општината.
Новата поликлиника ќе се гради на местото на постојната амбуланта и ќе обезбеди подобар, побрз и полесен пристап до здравствени услуги. Во објектот се предвидени итна медицинска помош, ноќна служба, РТГ кабинет со ехо,...
ДЗС доби два нови пилоти за противпожарните авиони
На предлог на директорот на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), Стојанче Ангелов, два нови пилота успешно ја завршија преобуката во Шпанија за дејство со противпожарните авиони „ер трактор“ на ДЗС, со што стекнаа сертификат за оспособеност за летање во сите услови за гаснење пожари на отворено, информираше ДЗС на социјалните мрежи.
- Со ова, како што информираат од ДЗС,...
Дневната заштеда на граѓаните со владината мерка за горивата е повеќе од 200.000 евра, вели Мицкоски
Дневната заштеда на граѓаните со владината мерка за горивата е повеќе од 200.000 евра, а неделно се очекува да биде 1,5 милион евра. Како што рече денеска премиерот Христијан Мицкоски, состојбата се следи многу внимателно, има уште неколку мерки, претстојат предизвици, но граѓаните и бизнисот треба да бидат спокојни.
Одговорајќи на новинарски прашања, Мицкоски напомена дека во Македонија моментно има...
Иранските медиуми објавија дека Трамп се откажал од планираните напади по предупредувањето од Иран
Американскиот претседател Доналд Трамп се откажал од планираните напади врз иранските енергетски објекти по „цврсто предупредување“ од Техеран, објави Фарс Њуз Агенси.
Според иранските медиуми, одлуката на Трамп следела по заканите од Иран дека ќе ја таргетира енергетската инфраструктура во регионот.
Во меѓувреме, Амбасадата на Иран во Кабул на социјалните мрежи објави дека американскиот претседател се повлекол по ваквите предупредувања.
Од друга...
Собраниската комисија даде зелено светло за програмата, годинава ќе се одбележат 94 јубилеи
Собраниската Комисија за култура и туризам денеска ја разгледа предлог-програмата за одбележување јубилејни годишнини на значајни настани и истакнати личности во 2026 година и изгласа заклучок со кој му предлага на Собранието да ја усвои.
Според програмата усвоена од матичната Комисија, во оваа година ќе се чествуваат 94 јубилеи. Програмата ја состави работна група од девет пратеници: Велика Стојкова-Серафимовска, Павле...





































