Ќе се формираат регионални лиги во машка и во женска конкуренција

РАКОМЕТ Конечната одлука за форматот на натпреварувањето ќе биде донесена на наредниот состанок на ракометните федерации на Македонија, Србија и на Црна Гора во април во Скопје. Сите учесници на состанокот изразија цврст и единствен став дека заедничките ракометни лиги треба да почнат веќе од септември годинава, со висок степен на организација и професионални стандарди Претставници на ракометните федерации на...

Бран ракетни напади од Иран кон Израел

Иран лансираше повеќе бранови ракети кон Израел, соопшти израелската војска, откако претседателот на САД Доналд Трамп го одложи бомбардирањето на електраните и другата енергетска инфраструктура на Исламската Република поради, како што рече, продуктивни разговори со ирански официјални лица, пренесе Ројтерс. Ракетите ги активираа сирените за воздушна опасност во Израел, вклучително и во Тел Авив, каде што беа направени големи дупки...

Историја на паметењето и живеењето

Откако паметам за себеси, се сеќавам на мажи на извесна возраст што седат пред телевизор, гледаат вести и жестоко се препираат за ситуацијата на Блискиот Исток. Со акцент на војните во Израел и Иран. Колку ќе поскапи нафтата? Ќе има ли доволно енергија? Што ќе биде со економијата? Како се случило ова и кој прв почнал? Русија или Америка?...

Правото без човечност е празна буква, насилството без одговорност е трагедија

Во време кога секој има свое мислење, но малкумина знаат да слушаат, потребно е да застанеме и да се запрашаме: каде одиме како општество и што навистина значи да бидеш човек денес? Правото е огледало на општеството, во него се рефлектираат сите наши вредности, стравови и противречности. Затоа, кога зборуваме за правда, не зборуваме само за закони туку за...

Нов скок на цената на нафтата над 100 долари за барел

Цената за барел нафта Брент утрово е над 100 долари, јавуваат новинските агенции. Денешниот раст на цената следи по вчерашното намалување за 10 отсто по одлуката на американскиот претседател Доналд Трамп да ги одложи нападите врз Иран и најави разговори со Техеран. На азиските берзи утрово цената на нафтата Брент од Северно Море се зголеми за 2,9 проценти и барел...

Савески: Притворот да биде последна мерка, потребна поголема примена на алтернативи

Новиот државен јавен обвинител Ненад Савески оцени дека притворот како најригорозна мерка треба да се користи поретко, а институциите да се насочат кон почеста примена на поблаги алтернативи, пренесе МИА. Во интервју за 360 степени, Савески посочи дека притворот е не само најстрога, туку и најскапа мерка, што претставува значителен товар за буџетот, особено во услови на ограничени финансиски ресурси....

Воен авион со околу 110 војници се урна во Колумбија

Во Колумбија се урна воен авион од типот „Херкулес Ц-130“, при што, според локалните медиуми, во леталото се наоѓале околу 110 војници. Министерот за одбрана Педро Санчез изјави дека несреќата се случила при полетување од воена база во регионот на Амазонија, во близина на границата со Перу. Авионот превезувал припадници на вооружените сили. Засега не се познати точниот број на жртви...

Нетанјаху: Постојат шанси за договор со Иран, но Израел ќе продолжи со воените операции

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека разговарал со американскиот претседател Доналд Трамп, кој го информирал за можност за постигнување договор со Иран што, како што рече, би ги заштитил израелските интереси. Во видео-обраќање, Нетанјаху посочи дека Трамп смета оти постои реална шанса воените успеси на израелската армија и американските сили да се искористат за постигнување на целите преку дипломатско решение. Сепак,...

Бирол предупредува: Енергетската криза претставува сериозна закана за глобалната економија

Директорот на Меѓународната агенција за енергија, Фатих Бирол, предупреди дека актуелната криза на Блискиот Исток претставува исклучително сериозна закана за глобалната економија. Говорејќи во Канбера, тој истакна дека ниту една земја нема да остане поштедена од последиците доколку ситуацијата продолжи да се влошува. Според него, ефектите врз нафтениот пазар веќе ги надминуваат кризите од 1973 и 1979 година, кои предизвикаа...

Европската комисија загрижена за наводите за унгарско споделување информации со Русија

Европската комисија изрази сериозна загриженост поради обвинувањата дека унгарската влада можеби ѝ пренесувала доверливи информации на Русија од рамките на Европската Унија. Портпаролка на Комисијата оцени дека тврдењата оти министерот за надворешни работи Петер Сијарто споделувал информации од затворени состаноци со рускиот министер Сергеј Лавров се „длабоко загрижувачки“, додавајќи дека се очекуваат појаснувања од унгарската влада. Наводите произлегуваат од напис на...