Лишени две лица во Скопје, фатени како предизвикуваат пожар

Припадници на МВР лишиле од слобода две лица кои биле фатени како предизвикуваат пожар. -На 10.07.2025 во 15:30 часот, при вршење на патрола на патот помеѓу Кадино и Миладиновци од страна на полициски службеници од Единица за интервентна полиција при СВР Скопје е забележан црн дим (чад), при што затекнати се две лица кои имаа запалено кабли во близина на...

ЕК констатирала напредок во истрагите и поднесените обвиненија за кривични дела од областа на корупцијата

Европската комисија во извештајот за состојбата со владеење на правото во нашата земја констатира напредок во истрагите и поднесените обвиненија за кривични дела од областа на корупцијата, додавајќи дека долгите судски постапки и недоволните ресурси го отежнуваат гонењето на висока корупција, информираат од Обвинителството. Во извештајот, како што велат,  се нагласува упатството за давање приоритет на предметите од областа на...

Реакција на МНР за изјавата на бугарскиот министер за надворешни работи, Георг Георгиев

Министерството за надворешни работи и надворешна трговија, најостро ги осудува навредливите изјави упатени кон Претседателот на Владата и институциите на Македонија од страна на министерот за надворешни работи на Република Бугарија, Георг Георгиев, дадени во текот на денешното гостување во утринската програма на телевизијата БТВ. - Во врска со ова, Министерството денеска го повика на разговор амбасадорот на Република Бугарија...

Три осми места за Гавриловски, 11-то за Михајлоски

ПОЕДИНЕЧНО СП ВО СОСТАВУВАЊЕ ШАХОВСКИ КОМПОЗИЦИИ 2022-2024 Македонскиот велемајстор (ВМ) за шаховски композиции (ШК) Зоран Гавриловски на 9-то Светско поединечно првенство (СП) во составување шаховски композиции 2022-2024, освои осми места во групата самоматови (во која беше светски вицешампион за периодите 2016-2018 и 2019-2021 н.з.), матови во три потези и матови во четири потези, како и 13-то место во групата матови...

Нова дигитална услуга на МВР: Уверение за жителство за моментална адреса на живеење

Министерството за внатрешни работи интензивно продолжува со процесите на дигитализација и со тоа приближување на своите услуги до граѓаните - од денеска на националниот портал uslugi.gov.mk достапна електронски е една од најбараните услуги на граѓаните на шалтерите на МВР: Уверение за жителство за моментална адреса на живеење. Како што соопшти МВР, граѓаните можат да ја пронајдат услугата директно на следниот линк: https://uslugi.gov.mk/service-details.nspx?serviceId=5737 Оттаму додаваат...

Kривична пријава против маж од струмичко, кој ви врзувал својата 11-годишна ќерка

Педесет и седумгодишниот З.Ч. од струмичко Ново Село е кривично пријавен поради населно однесување кон својата 11-годишна ќерка, кој своето дело го снимал со мобилен телефон, а снимката била објавена на социјалните мрежи. -СВР Струмица до Основното јавно обвинителство Струмица поднесе кривична пријава против З.Ч.(57) од село Ново Село, општина Ново Село, поради постоење на сомневање за сторено кривично дело...

Вчера изгаснавме 66 пожари на отворено, дел се подметнати, истакна Ангелов

Вчера беа изгаснати 66 пожари на отворено, а во моментов во земјава активни се пет пожари и пет пожари се ставени под контрола - изјави на прес - конференција Стојанче Ангелов, раководител на националниот Штаб за цивилна заштита и директор на Дирекцијата за заштита и спасување. Во изјава за медиумите, Ангелов истакна дека дел од пожарите се подметнати и поднесени...

Никој од Бугарија нема право да ги навредува нашите институции, рече Филипче за изјавата на Георгиев

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, остро реагираше на изјавата на бугарскиот министер за надворешни работи, Георг Георгиев, кој го нарече премиерот Христијан Мицкоски „северномакедонски премиер“. Филипче ја оцени изјавата како навредлива и недолична, нагласувајќи дека такви ставови не придонесуваат за добрососедски односи. -Ја осудувам изјавата, затоа што сметам дека не е во духот на демократските вредности, не е во духот...

Европратениците ја отфрлија иницијативата за недоверба на Европската комисија

Европскиот парламент на денешното продолжение на овонеделната сесија во Стразбур со големо мнозинство го одби предлогот на романскиот европратеник Георге Пипереа за изгласување недоверба на Европската комисија на Урсула фон дер Лајен. „За“ прифаќање на иницијативата гласаа 175 европратеници, 360 беа „против“, а 18 се воздржаа од гласање. За да биде прифатена иницијативата требаше да биде поддржана од најмалку две третини...

Имаме докази и приведени лица за подметнати пожари со координирана и добро осмислена акција, вели Мицкоски

Премиерот Христијан Мицкоски вели дека има докази и приведени лица за подметнување на пожарите, преку координирана и добро осмислена акција, особено за Скопје. На новинарско прашање, Мицкоски денеска оцени дека по вчерашните бројни пожари состојбата е под контрола и ги отфрли обвинувањата од опозицијата за неажурност во справувањето со пожарите. - Не само што се сомневаме, туку имаме и докази,...