Петмина тинејџери загинаа, а четири лица се тешко повредени во стравична сообраќајна несреќа што се случи на автопатот М9 во округот Килдер, Ирска, откако нивното возило се движело во спротивна насока. Според информациите од ирската полиција (Gardaí), трагедијата се случила во неделата, околу три часот по полноќ, објави „Гардијан“.
Во директниот содир меѓу двете возила, на лице место починале сите пет момчиња од автомобилот што возел во погрешна лента. Во другото возило се наоѓале четири лица — три жени (две на возраст од околу 30 години и една дваесетгодишна девојка) и едно дете. Сите тие се хоспитализирани со тешки телесни повреди, а возачката и сопатничката од предното седиште се во критична состојба.
Комесарот на ирската полиција, Џастин Кели, го опиша судирот како „хоризонтен“ и предупреди на загрижувачки и екстремно опасен тренд во кој возила се возат во спротивна насока на автопатиштата свесно — заради популарност и собирање „лајкови“ на социјалните мрежи.
– Овие луѓе патувале сосема несовесно кога биле удриле од возило што се движело во спротивна насока по автопатот. Она што го прави ова неодговорно однесување уште поужасно е фактот што во некои случаи тоа се прави за социјалните мрежи, без да се води сметка за катастрофалните последици по животот на невините луѓе – изјави Кели.
Ова е втор ваков тежок инцидент за кратко време, откако претходниот викенд девет лица беа повредени во сличен судир на автопатот М50 во Дaблин.
Случајот е предаден на полицискиот омбудсман (Fiosrú), а надлежните органи апелираат до сите сведоци и возачи кои поседуваат снимки од автомобилски камери да помогнат во истрагата за целосно расветлување на трагедијата.


































