Трамп најави „голема изјава“ за Русија за в понеделник

Американскиот претседател Доналд Трамп синоќа за Ен-би-си њуз изјави дека в понеделник ќе даде „голема изјава“ за Русија, без да даде детали за тоа каква ќе биде таа. Во последните денови, Трамп изрази разочарување од својот руски колега Владимир Путин во врска со војната во Украина. -Мислам дека ќе дадам голема изјава в понеделник за Русија - изјави американскиот претседател. Во меѓувреме,...

Почнува судењето на поранешниот директор на Онкологија и тројца онколози за несовесно лекување пациенти

Во Основен кривичен суд Скопје денеска треба да почне судењето против поранешниот директор на Клиниката за онкологија Нино Васев и тројца лекари онколози за несовесно лекување на пациенти. Првиот обвинет, Васев како директор на Клиниката, во соизвршителство со друг лекар на истот оддел, се товари дека извршил продолжени „тешки дела против здравјето на луѓето и несовесно лекување болни“. Во обвинителниот акт...

На граѓаните им стигна порака за кризна состојба, од ЦУК објаснуваат дека е тест порака

Од Центарот за управување со кризи информираат дека денес, во текот на попладневните часови, дел од граѓаните добијале смс порака со следната содржина: „Ве известуваме дека има прогласена кризна состојба во врска со пожарите и ве информираме дека на сила е забрана за движење во шумите.” Оттаму објаснуваат дека ова е тест порака со цел да се проверат можностите за праќање...

ЦУК: Активни девет пожари, под контрола четири

Активни се девет пожари на отворен простор заклучно со 18:30 часот, од вкупно 29 во текот на денешниот ден, информира Центарот за управување со кризи (ЦУК). Под контрола се четири пожари, а 16 се изгаснати. ЦУК соопшти дека се активни пожарите во Општина Чучер Сандево помеѓу с.Блаце и с.Горњани, м.в.Рамна шума каде гори шумски пожар, во Општина Прилеп кај с.Бешиште, м.в.Бешишки...

ВИДЕО: Хеликоптерот на МВР фрли над 40 тони вода врз пожарот во Дојран

Хеликоптер на Министерството за внатрешни работи денеска исфрлил повеќе од 40 тони вода врз пожарот во Дојран. -Денеска (10.07.2025) хеликоптерот на МВР Бел 412 е вклучен во гасење пожарот во Дојран. До сега во 30 налети се фрлени околу 40 тони вода - стои во соопштението на МВР.

Околу половина час се чека за влез во земјава на Табановце

 На граничниот премин Табановце се бележи зголемена фреквенција на возила за влез во државата, времето на чекање е околу 30 минути. На останатите гранични премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата, соопшти попладнево Автомото сојузот на Македонија. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење,...

Лишени две лица во Скопје, фатени како предизвикуваат пожар

Припадници на МВР лишиле од слобода две лица кои биле фатени како предизвикуваат пожар. -На 10.07.2025 во 15:30 часот, при вршење на патрола на патот помеѓу Кадино и Миладиновци од страна на полициски службеници од Единица за интервентна полиција при СВР Скопје е забележан црн дим (чад), при што затекнати се две лица кои имаа запалено кабли во близина на...

ЕК констатирала напредок во истрагите и поднесените обвиненија за кривични дела од областа на корупцијата

Европската комисија во извештајот за состојбата со владеење на правото во нашата земја констатира напредок во истрагите и поднесените обвиненија за кривични дела од областа на корупцијата, додавајќи дека долгите судски постапки и недоволните ресурси го отежнуваат гонењето на висока корупција, информираат од Обвинителството. Во извештајот, како што велат,  се нагласува упатството за давање приоритет на предметите од областа на...

Реакција на МНР за изјавата на бугарскиот министер за надворешни работи, Георг Георгиев

Министерството за надворешни работи и надворешна трговија, најостро ги осудува навредливите изјави упатени кон Претседателот на Владата и институциите на Македонија од страна на министерот за надворешни работи на Република Бугарија, Георг Георгиев, дадени во текот на денешното гостување во утринската програма на телевизијата БТВ. - Во врска со ова, Министерството денеска го повика на разговор амбасадорот на Република Бугарија...

Три осми места за Гавриловски, 11-то за Михајлоски

ПОЕДИНЕЧНО СП ВО СОСТАВУВАЊЕ ШАХОВСКИ КОМПОЗИЦИИ 2022-2024 Македонскиот велемајстор (ВМ) за шаховски композиции (ШК) Зоран Гавриловски на 9-то Светско поединечно првенство (СП) во составување шаховски композиции 2022-2024, освои осми места во групата самоматови (во која беше светски вицешампион за периодите 2016-2018 и 2019-2021 н.з.), матови во три потези и матови во четири потези, како и 13-то место во групата матови...