Кина одговори со контрамерки на тарифите на Трамп
Кина воведе нови повисоки тарифи за над сто американски производи, вклучувајќи ги и свинското месо и виното, како одговор на одлуката на американскиот претседател Доналд Трамп за увозна такса на челикот и на алуминиумот. Сепак, некои од експертите оценуваат дека релативно слабиот одговор на Кина значи дека Пекинг остава простор за преговори, за да ја избегне отворената трговска војна
Кина...
Олимпијакос ги казни фудбалерите со 400 илјади евра и го распушти тимот
Сопственикот на грчкиот фудбалски клуб Олимпијакос Евангелос Маринакис ги казни фудбалерите со околу 400.000 евра, по што го распушти тимот и до крајот на првенството ќе настапува со младинската екипа.
- Одете слободно на одмор. Паметот ви е само во скапи куќи и автомобили. Потрошив многу пари, сменив три тренери и повторно друг ви е виновен - им порача сопственикот...
Јувентус по реприза на 2015-та, кога стана последен што го елиминирал Реал
Двата фудбалски гиганта, кои досега одиграле 19 меча, речиси со израмнет ефект, осум пати победил Јуве, а девет пати Реал, со иста гол-разлика 22-22, вечерва играат во Торино, во првиот меч од четврт-финалето на ЛШ
Двомечот Јувентус - Реал, меѓу тимовите што лани играа во финалето, е еден од најинтересните во четвртфиналната нокаут-фаза на фудбалската Лига на шампионите (ЛШ) сезонава....
Ограбена аптека во Козле
Непознат сторител синоќа во 20.50 часот извршил разбојништво во аптека на ул. „Козле“ во Скопје. Сторителот со закана со нож ги одзел парите од дневниот промет и побегнал во непознат правец.
МВР информира дека вработена во аптеката во 21 часот ја пријавила кражбата во Единицата за информации и команда Скопје.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и за целосно расчистување...
Надал петти пат е „повторувач“
Најдобриот шпански тенисер Рафаел Надал петти пат се врати на првото место на ранг-листата на АТП, откако во 1-то коло на Мастерс-турнирот во Мајами беше елиминиран до вчера најдобриот светски рекет, Швајцарецот Роже Федерер. Ова е третпат Надал да го симне Федерер од првата позиција на АТП-листата, а по еднаш од врвот ги има симнато и најдобриот српски тенисер...
Германија ќе го екстрадира Пучдемон во Шпанија
Германското обвинителство донесе одлука за екстрадиција на поранешниот каталонски претседател Карлес Пучдемон во Шпанија.
Пучдемон вчера приложи жалба до шпанскиот Врховен суд и побара отфрлање на обвиненијата за бунт и злоупотреба на државните фондови кои се подигнати против него заради минатогодишниот референдум за независност.
Во жалбата на 85 страници, Пучдемон ги негира обете кривични дела и тврди дека немало насилства на...
На вардарци им лежат тимови од Германија
Вардар 22 пати играл со екипи од Германија, има по 10 победи и порази, но во трите нокаут-дуели вардарци двапати победиле (со Фленсбург и со Хамбург). Сега противник во четврт-финалето на ЛШ е Кил
Ракометарите на Вардар преку трикратниот европски првак во ЛШ и во Купот на ЕХФ, германски Кил, ќе го трасираат патот за настап на фајналфорот во Лигата...
Кривична и за поранешниот министер за здравство Тодоров
Управата за финансиска полиција до Основно јавно обвинителство Скопје поднесе Кривична пријава против поранешниот министер за здравство Никола Тодоров поради сомнение за сторено кривично дело „несовесно работење во службата“.
Кривична пријава, како што соопштуваат од Финансовата полиција, е поднесена и против П.В., раководител на Единицата за имплементација на Проектот за реконструкција и доградба на објекти на јавните здравствени установи во...
Наместо судот, сам си пресудил
Една година по грозоморното убиство на својата сопруга Емануела, Илија Дарков повторно ја шокира битолската јавност. Без да ја почека пресудата на Апелацискиот суд за свирепото убиство што го направи, Илија вчераутро во битолскиот затвор сам си пресуди и си го одзеде животот
Кога пред нешто повеќе од една година битолчанецот Илија Дарков (53) ја уби својата сопруга Емануела Даркова,...








































