Охридското езеро 26 сантиметри над дозволениот водостој
Нивото на Охридското езеро и денеска е 26 сантиметри над дозволениот максимален водостој.
Зголемени се нивоата и на реките низ државата, освен на Крива кај Крива Паланка и на Црна кај Новаци.
Нивото на Дојранското Езеро е три сантиметри под договорениот максимален водостој.
Едно од книжевните откритија во Исланд на македонски
Издавачката куќа „Антолог“ од Скопје го најавува објавувањето на романот „Стаклената градина“ од исландската писателка Ојдур Ава Олафсдотир, од критиката прогласен за едно од книжевните откритија во Исланд. Преводот на македонски е на Мери Кицовска. За младиот Лоби, трагичната смрт на неговата мајка е пресвртна точка во животот. Нивната заедничка љубов кон одгледувањето ружи од реткиот вид Rosa candida...
Трибината „Цензура во уметноста и науката“
Денеска во 12 ќе се одржи трибината „Цензура во уметноста и науката“ во рамките на настанот „Не е шега: дискриминација и цензура“, кој во периодот од 1 до 10 април се одржува во Музејот на Македонија, како резултат на соработката меѓу оваа институција и универзитетот „Гоце Делчев“.
Трибината, која ќе се одвива во киносалата на Музејот на Македонија, на едно...
Скандалот „Новартис“ ќе им ги отвори сметките на 10 грчки политичари
На десет политичари во Грција ќе им бидат отворени банкарските сметки затоа што постои сомневање дека земале поткуп од швајцарската фармацевтска компанија „Новартис“, за да ги зголемат продажбите на нејзини лекови и да ја зголемат нивната цена во земјата.
Ова го пишуваат весниците „Димократија“ и „Та Неа“, додавајќи дека наредбата за отворање на сметките ја издала обвинителката за корупција Елени...
„Шпанија во срцето“ со врвните Ѓорѓи Димчевски и Рикардо Касеро
Македонската филхармонија утревечер во 20 часот ќе настапи на концертот насловен „Шпанија во срцето“ на кој ќе прозвучат симфониската рапсодија „Шпанија“ од Емануел Шабрие, Интродукција и рондо капричиозо од Камиј Сен-Санс, Цигански напеви оп. 20 од Пабло Сарасате и грандиозната Симфонија бр. 1 во Де-дур („Титан“) од Густав Малер. На подиумот како солист ќе застане нашиот и светски виртуоз...
Голема изложба на Делакроа во „Лувр“
Ежен Делакроа е еден од најзнајните француски сликари, а последната негова ретроспективна изложба во Париз беше отворена во 1963 година еден век по неговата смрт. Во соработка во музејот „Метрополитен“ во Њујорк, „Лувр“ организира голема историска изложба на Делакроа на која ќе бидат претставени околу 180 дела - главно слики.
Изложбата ќе биде поделена во секции во кои ќе бидат...
Гран при на изложбата „Арт експо“ во Венеција за Кашавелски
Уметникот Синиша Кашавелски освои гран при на изложбата „Арт експо“ во Венеција, која се одржа пред десетина дена. Таа е уште една во низата награди што во изминатите неколку години тој ги добива на престижни изложби. Во 2015 година Кашавелски доби златен медал меѓу 600 уметници од цел свет на годишната изложба Салон на убавите уметности под Стаклената пирамида...
Претстава инспирирана од Вирџинија Вулф за почеток на „Танц-фест“
„Танц-фест“ вечерва, во 20 часот, во МНТ ќе ја започне програмата во „Годината на танцот“, со предотворање на музика на „Крафтверк“ и учество на деведесет деца од танцовите студио „Брејк д флор“ од Штип, под раководство на Ева Пејова, „Еурека“ од Скопје, чиј уметнички директор е Катерина Јолакоска, „Фјужн“ од Куманово, чиј уметнички директор е Бојана Додевска и „Рисимкин...
Кукушка 17 (3)
По смртта на тато, меѓу неговите пријатели продолжи да се прераскажува легендарниот натпревар со Војводина, кога, иако за директен чувар го имал големиот Вујадин Бошков, вешто го издриблал и, онака, вит и слаб, успеал да даде два (а можеби) три гола. Иако не се согласуваа во бројот на головите, сите пријатели, без исклучок, се сеќаваа на победничката прослава по...
Насим Агдам се „бореше“ за популарност на Јутуб со куршуми
Жената која го изврши синоќешниот оружен напад во седиштето на „Јутуб“ во Калифорнија, во кој беа повредени четири лица, е идентификувана како Насим Агдам (39), чиј мотив за пукањето претставува омразата кон компанијата, како што откри нејзиниот татко за американските медиуми. Таа изврши самоубиство со пиштол по нападот.
Агдам објавила видеоснимка токму на Јутуб во јануари 2017 година во која...








































