Продолжува протестот на прозводителите на зелка
Производителите на пролетна зелка од Муртино утрово околу 8 часот ја прекинаа блокадата на откупниот пункт, но протестот продолжи во центарот на селото.
Незадоволните производители вчера со трактори го блокираа влезот на откупниот пункт и ноќта ја поминаа таму, не дозволувајќи ниту еден камион да излезе или да влезе за да товари зелка.
Причина за блокадата и протестот на проозводителите на...
Се урна американски воен хеликоптер, загинаа четворица маринци
Четири члена на американската морнарица загинаа во пад на воен хеликоптер во Калифорнија, за време на рутинска вежба северно од градот Пластер Сити.
Морнарицата потврди дека несреќата се случила вчера околу 14:35 часот по локално време, пишува Лос Анџелес Тајмс.
Федералната управа за воздухопловство го потврди падот на хеликоптерот, а според информациите на локалните медиуми станува збор за летало ЦХ-53Е, најголем...
Почнува „Танц фест“
Со танцовата претстава „Орландина“ на 4 април во Македонскиот народен театар во Скопје, свечено ќе биде отворен Танц Фест 2018 на кој ќе настапат уметници и компании од Франција, Швајцарија, Словенија, Австрија, Латвија, Литванија, Чешка, Полска, Унгарија Словачка и Македонија.
Пред отворањето ќе има музика на Kraftverk и учество на 90 деца од танцовите студија Break the floor од Штип,...
Вo Скопје 22 сообраќајќи, четворица потешко повредени
Четири лица се потешко повредени во четири од вкупно 22 сообраќајни незгоди што се случиле во изминатото деноноќие на подрачјето на Град Скопје.
Поголем е и бројот на полесно повредени, односно вкупно 11 лица се полесно повредени. Во десет сообраќајки е причинета материјална штета.
Дванаесет возачи се движеле со поголема брзина од дозволената, а 14 се исклучени од сообраќај пред да...
Вашингтон Пост: Трамп под истрага, но без обвинение
Американскиот претседател Доналд Трамп е под истрага на тимот на специјалниот обвинител Роберт Милер, но против него засега не се планира никакво обвинение, објави Вашингтон Пост, цитирајќи неименувани извори.
Милер е задолжен да одреди дали имало комуникација меѓу екипата на Трамп и Русија за време на претседателската кампања во 2016 година.
Трамп ја осудува оваа истрага насочена против него оценувајќи ја...
Отворен ден на АРМ на плоштад „Македонија“
Со изведба на точката „Егзецир“ на гардата на АРМ и боречките вештини на армиските специјалци денеска на плоштадот Македонија во Скопје, Министерството за одбрана и Армијата на Република Македонија организираат отворен ден со граѓаните на Република Македонија насловен „АРМ со вас“.
Граѓаните ќе имаат можност да го слушнат и Воениот оркестар, а како дел од настанот ќе бидат претставени и...
Сончево со локална облачност
Времето денеска ќе биде сончево со мала облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.
Дневните температури ќе се движат во интервал од 13 до 25 Целзиусови степени.
Во Скопје и околината слично време со дневна температура до 23 степени.
Бегалски бран од Авганистан и се заканува на Турција
Турската дирекција за безбедност предупреди дека големи мигрантски групи од Авганистан се движат кон турска територија. Според податоци на миграциските служби, дневно по околу 500 бегалци ја преминуваат турската граница, и покрај зајакнатите безбедносни мерки.
За само три месеци во Турција влегле околу 20 илјади лица од Авганистан. Во периодот од 26 март до 1 април пристигнале повеќе од три...
Тековно одвивање на сообраќајот
Сообраќајот на државните патишта се одвива по претежно суви коловози.
На патниот правец Крива Паланка – с. Огут (Р-2245) поради свлечиште сообраќајот е во прекин. Се работи на расчистување на свлечиштето и нормализација на сообраќајот.
На патниот правец А2 Струга – г.п. Ќафасан, од бензинска пумпа КМР до м.в. Добра Вода – с. Франгово (во должина од 3км) се препорачува исклучително...
Ретки отисоци од диносауруси пронајдени во Шкотска
Десетина ретки отисоци од диносауруси направени пред 170 милиони години се пронајдени на шкотскиот остров Скај.
- Колку повеќе го пребаруваме островот Скај, толку повеќе отисоци пронаоѓаме - изјави Стив Брусејт од Геолошкиот универзитет во Единбург.
Пронајдените отисоци им припаѓаат на сауроподите и тераподите од средината на периодот Јура. На овој локалитет се пронајдени два вида на диносауруси - долговратиот бронтосаурус...








































