Бела куќа: Мисијата во Сирија забрзно се ближи кон крајот

Американската воена мисија во Сирија забрзано се ближи кон крајот, но се уште не е завршена и се уште нема план за повлекување на силите на САД од регионот, соопшти денеска Белата куќа. Ваквото соопштение на Белата куќа следи само еден ден по најавата на американскиот претседател Доналд Трамп дека околу 2.000 припадници на Вооружените сили на САД кои се...

Надал: Би жртвувал некои Гренд слем турнири, само да не чувствувам болка

Актуелниот број 1 во светскиот тенис, Рафаел Надал ќе се врати на теренот во четвртфиналниот меч за „Дејвис купот“ помеѓу Шпанија и Германија, откако поради повреда ги пропушти „Мастерс“ турнирите во Индијан Велс и Мајами.   Покрај паузата, Надал се врати на првото место на АТП листата откако Роџер Федерер изгуби поени во Мајами, каде што беше отстранет во вториот круг...

Одбиен предлогот на Русија за нова истрага за „Случајот Скрипал“

Извршниот совет на Организацијата за забрана на хемиското оружје (ОПЦВ) денеска го одби предлогот на Русија за отпочнување нова истрага за труењето со нервен агенс на поранешниот руски двоен агент Сергеј Скрипал и неговата ќерка во англискиот град Солсбери. Советот го одби предлгот на Москва со 15 гласа „против“, шест „за“ и 14 „воздржани“. Според дипломатски извори, покрај Русија, за нејзината иницијатива...

Русија бара СБ на ОН утре да расправа за „Случајот Скрипал“

Русија бара утре да биде одржана отворена седница на Советот за безбедност на ОН, на која ќе бидат разгледани обвинувањата од Лондон дека Русија стои зад обидот за убиство на поранешниот двоен агент Сергеј Скрипал и неговата ќерка со употреба на нервен агенс. Барањето го поднесе рускиот амбасадор во Светската организација Василиј Небензја. Тој го образложи барањето со писмото, кое на...

Без селфи на Канскиот фестивал

На филмскиот фестивал во Кан годинава нема да има новинарски проекции пред свечените премиери, а ќе биде забрането и правење селфи на црвениот тепих, изјави уметничкиот директор на Канскиот фестивал, Тјери Фремо. Тој додаде дека на сите кои нема да ја почитуваат таа забрана, нема да им се дозволи влез на проекцијата на филмот. - Тоа не е убаво. Гротескно е....

Коѕијас на 12 април во Охрид на средба со Димитров

Министрите за надворешни работи на Македонија и на Грција, Никола Димитров и Никос Коѕијас на 12 април ќе се сретнат во Охрид. Коѕијас ќе допатува во Охрид од Белград, а претходно ќе ја посети и Приштина, објави reader.gr. Тоа ќе биде втора посета на Коѕијас на Република Македонија во последните дваесеттина дена. Коѕијас на 23 март во Скопје се сретна со претседателот...

Форин офис: Не тврдевме дека „новичок“ потекнува од Русија

Британското Министерството за надворешни работи денеска негира дека нервниот агенс „новичок“, со кој беше отруен поранешниот двоен агент Сергеј Скрипал и неговата ќерка Јулија, потекнува од Русија. - Нашите експерти прецизно го идентификуваа нервниот агенс „новичок“. Не е наша одговорност и никогаш не ни била да го потврдиме потеклото на агенсот - објави Форин офисот на Твитер. Во следниот твит се...

Германец обвинет за кражба на лични податоци на 3,7 милиони интернет-корисници

Маж од источната германска покраина Тирингија е обвинет за кражба на лични податоци и фалсификување поврзано со нелегално користење на личните податоци на 3,7 милиони корисници на интернет, соопшти денеска обвинителството во Милхаузен објави ДПА. Осомничененото лице (32) е во притвор и чека судење. Датумот за почеток на судењето се уште не е одреден. Тој е обвинет дека преку ирански софтвер украл...

Турската полиција заплени стотици килограми дрога и уапси над 50 лица

Во дводневната операција на турската полиција приведени се повеќе од 50 луѓе и конфискувани се стотици килограми дрога во операцијата спроведена ширум цела земја, јави Анадолија. Операцијата беше спроведена вчера и денеска ширум Турција. Полицијата конфискува 722 килограми хероин во операцијата во југоисточниот округ Мардин. Дрогата била скриена во минибус, а возачот е уапсен. Во југоисточниот округ Батман запленети се 66 килограми...

Џафери се сретна со словенечкиот премиер Церар

Претседателот на Собранието на Република Македонија, Талат Џафери денеска се сретна со делегација од Република Словенија, предводена од премиерот Миро Церар. Од Кабинетот на претседателот на Собранието соопштија дека на средбата присуствувале и пратениците од Пратеничката група за соработка со Парламентот на Република Словенија: Фросина Ташевска-Ременски, Шпреса Хадри, Лилјана Поповска и Неџбедин Каремани. Претседателот на Собранието на Република Македонија на почетокот...