Британското Министерството за надворешни работи денеска негира дека нервниот агенс „новичок“, со кој беше отруен поранешниот двоен агент Сергеј Скрипал и неговата ќерка Јулија, потекнува од Русија.

– Нашите експерти прецизно го идентификуваа нервниот агенс „новичок“. Не е наша одговорност и никогаш не ни била да го потврдиме потеклото на агенсот – објави Форин офисот на Твитер.

Во следниот твит се наведува дека проценката на британската Влада од самиот почеток била јасна, како и дека хемиската анализа е клучен дел од проценката на Влдата.

Во меѓувреме, портпаролката на руското Минисетерство за надворешни работи Марија Захарова изјави дека Лондон одбил да соработува со Москва за „случајот Скрипал“.

– Велика Британија одбива каков било контакт со Руската Федерација на кое било ниво, официјално или јавно. Дури и прават се за јавноста да види дека руската страна одбива соработка – наведе Захарова.

Британската делегација во Организацијата за забрана на хемиско оружје денеска го одби рускиот предлог за заедничка британско-руска истрага за труењето на Скрипал.

Британската Влада ја обвинува Москва дека стои за нападот на Скрипал и неговата ќерка, кои беа отруени на 4 март во Солсбери.