Кристијано Роналдо постигна гол што има многу имиња

Реал Мадрид се доближи до полуфиналето на ЛШ со победата со 3-0 кај Јувентус, во меч што е обележан со спектакуларниот гол на Кристијано Роналдо, гол кој во разни делови од светот се вика различно - ножички, велосипед, чилена, бразилски удар, чалака, тризага Португалецот Кристијано Роналдо со спектакуларен гол со ножички ја одбележа победата на Реал Мадрид на гости кај...

Тачи: Косово ги исполни условите за добивање визна либерализација

Косовскиот претседател Хашим Тачи изјави за време на неговиот последен престој во Брисел му било речено дека Косово веќе ги исполнило сите 95 критериуми, што му беа поставени како услов за добивање визна либерализација. Тачи нагласи дека Косово направило конкретни чекори за зајакнување на владеењето на правото и оти бележи напредок во борбата против корупцијата, но дека треба уште да се...

Во Германија четири од пет фирми нудат флексибилно работно време

Во Германија се поголем број фирми нудат можност за флексибилно работно време.  Според податоците на Министерството за економија на Германија, четири од пет фирми нудат модели за флексибилно работно време.  Аналитичарите сметаат дека на тој начин на вработените им се нуди, во согласност со барањата на фирмата, да ги усогласат и своите семејни обврски и работното време. Компаниите добиваат задоволни работници,...

Времето денеска променливо облачно

Времето денес во Македонија ќе биде променливо облачно и топло со повремен слаб локален дожд. Попладне на места врнежите ќе бидат поројни со грмежи. Ќе дува слаб до умерен јужен ветер, а кон крајот на денот и во ноќните часови ќе го промени правецот во северозападен. Поинтензивни врнежите ќе бидат во ноќните часови. Утринската температура ќе се движи од два...

Без струја утре дел од Аеродром и село Радуша

Без снабдување со електрична енергија утре од 08:30 до 10:00 часот ќе бидат корисниците од ул. Фрањо Клуз бр. 4 во општина Аеродром, а од 12:00 до 15:00 часот, корисниците од село Радуша како и Пумпената Станица во ова село во општина Сарај. Како што соопшти РЦУК Скопје по известување добиено добиено од „ЕВН Македонија“ АД, прекинот во снабдувањето...

Грција распоредува дополнителен број војници на егејските острови

Грчкиот министер за одбрана Панос Каменос наредил распоредување на дополнителен број војници на островите во источниот дел на Егејското Море и во реоните долж копнената граница со Турција, во услови на зголемени тензии меѓу Атина и Анкара. Каменос најави дека на островите и во реонот на реката Марица ќе бидат распоредени дополнителни 7.000 војници.  - Доколку се обидат да оспорат и...

Тачи и Харадинај ја активираа групата за изработка на Статутот на ЗСО

Претседателот на Косово, Хашим Тачи и премиерот Рамуш Харадинај денеска повторно ја активираа раководната група која ќе работи на предлог-статуот на Заедницата на српски општини (ЗСО). - Изработката на Статуот ќе биде транспарентен и сеопфатен процес, кој ќе се состои од три работни механизми: Раководен тим, комитетите за имплементација и Национална консултативна група, кои ќе гарантираат вклучување на целиот политички...

Столтенберг: НАТО не сака да ја изолира Русија

НАТО не се обидува да ја изолира Русија, но мораше да реагира за да го манифестира своето незадовоство поради случајот со Сергеј Скрипал, порача денеска генералниот секретар на Алијансата, Јенс Столтенберг. - Ние и натаму тежнееме кон подобри односи со Русија, бидејќи таа држава е наш сосед и ќе остане тоа. Не сакаме да ја изолираме Русија - изјави Столтенберг во...

Куманово на домашен терен загуби од Охрид

Во рамките 2-то коло од супер лигата кошаркарите на Куманово вечерва на домашен терен загубија од екипата на АВ Охрид со 66:79 (39:49) со што го доживеаја и вториот пораз во супер-лигата. Екипата на Куманово во вториот натпревар од супер-лигата на домашен терен неочекувано е поразена од екипата на АВ Охрид со 66:79 со што со двата порази во првите...

„Деца.мк“ – нов портал за деца и за родители

Од денеска почнува со работа нов специјализиран интернет-портал „Деца.мк" (www.deca.mk) наменет за родителите и децата на кој ќе се објавуваат информации за проблемите и предизвиците со кои се соочуваат тие, за современите техники на воспитување и учење и се што е потребно за успешно и одговорно родителство и здраво и среќно детство. Од порталот „Факултети.мк“ информираат дека новиот портал го...