Куманово му го нанесе првиот пораз на Работнички

Кошаркарите на Куманово му го нанесоа првиот пораз на Работнички сезонава, откако го совладаа со 83-82 во неизвесен натпревар од третото коло од Суперлигата. Иако кумановци лошо го отворија натпреварот и веќе во втората четвртина имаа негатива од 16 поени, сепак, полека успеваа да ја намалуваат разликата и во последниот период стигнаа до водство од 74-71 на половина од четвртината. Потоа...

Скопје ќе има А0 зона за паркирање

Сто денари за првиот час, а секој нареден час по 50 денари ќе чини паркирање во А0 зоната во Скопје. Ова е наведено во Одлуката за дополнување на Ценовникот на ЈП „Градски паркинг“, која на денешната седница ја донесе Советот на Град Скопје. Одлуката е на предлог на скопскиот градоначалник Петре Шилегов, а ќе стапи во сила веднаш по објавувањето. ЈП „Градски...

Љубе Бошковски ќе биде советник за странски инвестиции во кабинетот на Заев

Љубе Бошковски ќе биде посебен советник за странски инвестиции во Кабинетот на премиерот Зоран Заев. Бошковски бил прворангиран од пријавените кандидати кои ги исполнуваат условите на објавениот конкурс. Фидан Колев ќе биде посебен советник за транспорт и врски. Тој бил единствен кој ги исполнувал условите на објавениот конкурс. Посебен советник за развој на мултикултурно општество, интеркултурализам и интеркултурните комуникации ќе биде Рубин...

Прекини во електричното напојување утре во три општини

Утре од девет до 13 часот без електрична енергија ќе бидат корисниците од ул. „Браќа Чакреви“ од број 3 до број 14, ул. „Рамиз Садику“ броевите 3, 5 и 7, ул. „Христо Батанџиев“ од број 79 до 87 (непарни броеви), ул. „Христо Батанџиев“ од број 106 до број 130 (парни броеви), ул. Рамиз Садику од број 12 до број...

Новото рочиште за „Тенк“ закажано за идната среда

Во Кривичниот суд по скоро седум часа попладнево заврши рочиште за случајот „Тенк“ на кое беа сослушувани тројца сведоци. Ново рочиште е закажано за следната среда, кога искази ќе даваат осум сведоци. Судот денеска го одби барањето на одбраната во случајот „Тенк“ за целосно читање на содржината на писмените докази како неосновано и рочиштето продолжи со изведување на доказите од...

„Фолксваген“ ќе понуди акции во одделението за камиони и автобуси

Германскиот производител на автомобили „Фолксваген“ најави дека во првиот квартал на следната година ќе излезе на берзата со акции во своето одделение за производство на камиони и автобуси. Се очекува парите собрани од продажбата на акциите да бидат искористени за натамошни инвестиции во производството на камиони, пред се во САД. Компанијата најавува дека акциите ќе бидат понудени под услов да...

Обвинувања за скандали, убиства и за политички игри во Собранието

По едночасовната пауза, попладнево во Собранието на Република Македонија продолжи седницата за доверба на Владата. Опозициската ВМРО-ДПМНЕ обвини за отпуштања, немање инвестиции, корумптивни скандали, убиства, запалени возила... Тие сметаат дека луѓето не се чувствуваат безбедно во Македонија. Во однос на обвинувањата од опозицијата за лошата состојба во земјоделство, ресорниот министер Љупчо Николовски рече дека на почетокот на нивниот мандат исплаќање...

УЕФА покрена дисциплинска постапка против Гвардиола

УЕФА покрена дисциплинска постапка против тренерот на Манчестер сити, Пеп Гвардиола, поради недолично однесување на реванш натпреварот против Ливерпул во четвртфиналната фаза на Лигата на шампионите. Гвардиола доби црвен картон бидејќи бурно реагираше поради одлуката да биде поништен погодокот на Сане, па на полувремето истрча на теренот и упати неколку зборови кон судијата. Потоа Гвардиола се обиде да објасни дека не...

Вонредна седница на ОПЦВ за наводниот хемиски напад во Сирија

Организацијата за забрана на хемиско оружје (ОПЦВ) ќе се состане на 16 април на вонредна седница на која ќе се разговара за „наводната употреба на хемиско оружје“ во Сирија. ОПЦВ, чие седиште е во Хаг,  е дел од системот на ОН и има задача да го следи режимот за спроведување на договорот за забрана и уништување на хемиско оружје. Претставниците на...

Борец не допатува во Кичево, не се одигра мечот со Шутова

Откако екипата на велешки Борец не се појави во предвидениот термин во спортската сала во Кичево, а во пропишаното време на теренот беа судскиот пар Драган Јосифоски и Дарко Бежоски и домашните одбојкари, тоа беше сигнал за арбитрите да означат предвремен крај на натпреварот. Се очекува дека домаќините ќе дојдат до три бода по службен пат. - За жал, последниот...