Димитров и Коѕијас ја почнаа новата рунда разговори за името во Охрид

Шефот на македонската дипломатија Никола Димитров и неговиот грчки колега Никос Коѕијас претпладнево во владината вила во Охрид ја почнаа новата рунда разговори за надминување на проблемот што Грција го има со уставното име на Република Македонија. Средбата Димитров - Коѕијас се очекува да трае околу два часа по што е предвидено двајцата министри да дадат изјави за медиумите. И двајцата...

Ново пријателство на „Еуроимпекс“ и МОБ во пресрет на Мајските оперски вечери

Во пресрет на овогодинешните 46. по ред Мајски оперски вечери, Македонската опера и балет подготвува прекрасни доживувања за љубителите на уметноста под мотото #ГоСлавимеПучини. По повод 160 годишнината од раѓањето на овој безвременски мајстор на операта, Македонската опера и балет подготви програма од неговите најпопуларни дела, поддржани со гости солисти од целиот свет. Оваа година, публиката на Мајските оперски вечери, во нејзината официјална...

57 години откако човекот летна во вселената

Јуриј Алексеевич Гагарин е советски космонаут, кој на 12 април 1961 за првпат во историјата на човештвото се вивна во вселената и е прв човек што ја прелетал Земјата околу нејзината орбита. По летот, кој траел 108 минути, тој се спуштил јужно од Саратов. По тој повод денес и утре се организираат настани во рамките на Меѓународниот ден на космонаутика. Денес...

Јубилејниот Саем на книгата ќе се одржи од 3 до 9 мај

Триесеттото издание на Саемот на книга ќе се одржи од 3 до 9 мај во СЦ „Борис Трајковски“ под покровителство на Министерството за култура. Од Министерството за култура соопштија дека на Саемот ќе учествуваат сите значајни издавачки куќи во Македонија и издавачки куќи од регионот... Издавачките куќи, наведуваат од Министерството, најавија дека ќе ги претстават своите најнови изданија, како и...

„Епл“ и „Спотифај“ ја продолжуваат трката за музичкиот пазар

Епл Мјузик одделението на американскиот гигант „Епл“ соопшти дека ја достигна бројката од 48 милиони претплатници на сервисот за емитување на музика и видео спотови. „Епл“ воедно соопшти дека Оливер Шусер, кој во изминатите 14 години држеше разни позиции низ компанијата, ќе биде потпретседател на компанијата задолжен за Епл Мјузик. „Епл“ е во трка со „Спотифај“ за музичкиот пазар. Спотифај има...

Османи ќе се сретне со Могерини во Брисел

Вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи денеска во Брисел ќе има средба со високата претставничка на Европската унија за надворешни работи и безбедносна политика и потпретседателката на Европската комисија Федерика Могерини. Како што соопшти Секретаријатот, Османи во рамки на посетата ќе го презентира напредокот во имплементацијата на Планот 3-6-9, како и напредокот во отстранувањето на останатите политички пречки на евроинтегративниот...

Собранието изгласа доверба на Владата по дванаесетчасовна расправа

Владата на Република Македонија вечерва ја доби довербата од пратениците. Четириесет гласови „за“ недоверба на Владата беа од опозицијата, 62 пратеника од владејачкото мнозинство гласаа „против“ недоверба, а воздржани беа двајца пратеници - од БЕСА и од Алијанса за Албанците. Дванаесетчасовната расправа за интерпелација ја иницираше ВМРО-ДПМНЕ која за оваа седница го прекина бојкотот и се врати во Парламентот. Премиерот Зоран...

Од овации и почести до несреќен крај на сонот за Буфон

Сомнително досуден пенал во самата завршница, што Кристијано Роналдо го реализираше, го прати Реал Мадрид во полуфиналето на фудбалската Лига на шампионите (ЛШ), по вечерашниот возбудлив меч против Јувентус (1-3) на „Сантјаго Бернабеу“. Шпанците славеа со вкупен резултат од 4-3 во двомечот, и покрај поразот на домашен терен. Англискиот судија Мајкл Оливер покажа на „белата точка“ во судиското надополнување, по...

Даниел Крејг уште еднаш како Џејмс Бонд

Актерот Даниел Крејг по многу шпекулации потврди дека уште еднаш ќе ја игра улогата на Џејмс Бонд. Претходно се ширеа гласини дека во новиот филм за агентот 007 ќе биде заменет од Том Харди или Џејмс Нортон, бидејќи Крејг бил незадоволен од успехот на „Спектра“. Меѓутоа, тој за британските медиуми потврди дека ќе се појави петти и последен пат во оваа...

Романскиот парламент отфрли предлог-закон за автономија на област населена со Унгарци

Претставничкиот дом на романскиот Парламент денеска отфрли предлог-закон за автономен статус на Секујската Област населена претежно со Унгарци, во централна Романија. Предлог-законот беше со цел да се формира автономен регион кој го сочинуваат областите Ковасна, Харгита и дел од Муреш, како правен субјект во рамките на романската држава. Според Комисијата за државна администрација, иницијативата во пракса „предвидува формирање на посебна државна...