Џолев: Судот нема законски пропусти во врска со Фејзи Азири
Судот нема законски пропусти во врска со Фејзи Азири, обвинет во случајот „Монструм", рече на денешниот брифинг со новинарите претседателот на Кривичниот суд, Иван Џолев.
Азири, кој издржува затворска казна за нелегална трговија со оружје во штипскиот затвор од Министерството за правда до 28 февруари добил прекин на издржувањето поради болест. На 21 февруари, како што рече Џолев, Азири поднел...
Аница Трајкоска е „Вешта жена-2018“ за Кичево
На седумнаесеттата по ред манифестација „Вешта жена 2018“ за Кичево, што се одржа синоќа, а на која присуствуваа над 300 посетители и гости, Аница Трајкоска за масата „Пролетен сон“ беше прогласена за „Вешта жена-2018“ за Кичево, со што се здоби со право да учествува и на републичката манифестација, што по 27-ми пат ќе се одржи, на 11 и 12...
Привиден крај на една ера – Кастро ја предава власта на Куба, но не и моќта
Кубанскиот претседател Раул Кастро ќе ја напушти функцијата, со што се очекува да заврши владеењето на семејството Кастро со островската држава, по безмалку шест децении, пренесуваат светските медиуми. Но, промената на власта е само привидна, бидејќи братот на поранешниот долгогодишнен кубански лидер, Фидел Кастро (почина во 2016 година), ќе ја задржи моќта во државата.
Националното собрание на Куба треба да...
Предвремени претседателски и парламентарни избори во Турција на 24 јуни
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денеска соопшти дека на 24 јуни во Турција ќе се одржат предвремени претседателски и парламентарни избори.
Ваквата најава Ередоган ја даде по средбата со лидерот на десничарската Партија на националистичка акција (МХП), Девлет Бахчели, на која бил разгледуван неговиот вчерашен предлог за одржување предвремени избори за шеф на државата и за членови на Големото народно...
Џолев: Времетраењето на рочиштата е регулирано со закон
Претседателот на Кривичниот суд Иван Џолев во врска со обвинувањата на обвинетите од СЈО дека рочиштата траат предолго и после работното време рече дека новиот Закон за кривична постапка (ЗКП) овозможува постапките да се забрзаат, поготово во предметите каде што има услови за тоа.
- Времетраењето на рочиштата е регулирано со закон. Ништо не е прекршено од она што е...
Полимерни банкноти од 10 и од 50 денари од 15 мај
Од 15-ти следниот месец Народната банка на Република Македонија првпат воведува полимерни банкноти со апоенска вредност од 10 до 50 денари.
- Од 15 мај годинава, Република Македонија ќе биде на мапата на државите чијашто централна банка има започнато процес на полимеризација на банкнотите на националната валута. Македонскиот денар ќе се вбројува меѓу валутите чии банкноти со пониска апоенска вредност,...
Николовски: Државата годишно исплаќа пет милиони евра за штети во земјоделството
Деновиве ќе почне надградбата на радарскиот систем во Ѓуриште кој детектира и најавува опасни временски појави, а не е во функција веќе четири години, рече денеска министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски по посетата на УХМР.
Завршена е реконструкцијата на хидролошките станици во Крива Паланка и Штип, а периодов реновирана ќе биде и хидролошката станица во Демир Капија....
ОН развива светски регистар за дронови
Светските воздухопллвни компании поддржуваат формирање глобален регистар за дронови при ОН, бидејќи се загрижени поради се поголемиот број блиски средби на тие беспилотни летала и патнички авиони, што ја загрозува безбедноста во авионскиот сообраќај.
- Меѓународното здружение за воздушен транспорт (ИАТА) ги поддржува напорите на ОН агенцијата за воздушен сообраќај да се воспостави таков регистер, што може да помогне во...
Инцидент во српското Собрание, хрватска делегација заради Шешељ ја прекина посетата
По инцидентот во Белград кога Воислав Шешељ упатил пцовки кон хрватската делегација, која престојува во дводневна посета на Србија, а потоа го газел и хрватското државно знаме во Собранието ан Србија, претставниците на Хрватска ја откажаа средбата со српската министерка за евроинтеграции и се повлекоа во зградата на хрватската амбасада во Белград.
Како што јавуваат хрватските медиуми, тие донеле одлука...
Кинескиот претседател ќе ја посети Северна Кореја
Кинескиот претседател Си Џинпинг има намера да го посети Пјонгјанг, објави денеска телевизијата Си-eн-eн, повикувајќи се на официјален претставник кој побарал анонимност.
Тоа би била прва посета на кинескиот лидер во Северна Кореја откако е на функција во Пекинг во 2012 година.
Си-eн-eн не прецизира од која држава е изворот. Посетата според тој извор, ќе се оствари многу брзо, веројатно по средбата...








































