Шкендија на чекор до титулата по триумфот во дербито

Фудбалерите на Шкендија го совладаа Вардар со 3-2 во Скопје, во 28-то коло од Првата лига, и се доближија на чекор од освојување на шампионската титула.  Бесарт Ибраими со гол во шестата минута донесе водство од за Шкендија, но потоа Вардар ја презеде иницијативата. Со голот на Бојан Колевски во 42 минута израмни, а на почетокот на второто полувреме Ховханес Хамбарџумјан...

САД ѝ се закануваат на Турција со санкции поради руските С-400

Купувањето на систем за противвоздушна одбрана С-400 од Русија, може да ја соочи Турција со санкции во согласност со американскиот Закон за спротивставување на противниците на Америка преку санкции (ЦААТСА), се наведува во писмената изјава на помошникот државен секретар на САД за Европа и Евроазија, Вес Мичел, подготвена за сослушувањето во Комисијата за надворешни работи на Претставничкиот дом на...

Иванов размени мислења за актуелната политичка состојба со Могерини

Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов денеска се сретна со Федерика Могерини, висок претставник на Европската унија за надворешни работи и безбедносна политика и заменик-претседател на Европската комисија. Од Кабинетот на Иванов соопштија дека на средбата биле разменети мислења за актуелната политичка состојба во Република Македонија, за процесот на европска интеграција, како и за клучните предизвици со кои се соочуваат...

Осудена „кокаинската убавица“ што шверцуваше дрога заради популарност на „Инстаграм“

Канаѓанката Мелина Роберж (24), позната под прекарот „кокаинската убавица“, е осудена на максимална затворска казна од осум години, за нејзиното учество во внесување на безмалку 24 килограми кокаин во Австралија, пренесува австралиската телевизија Еј-би-си Њуз.  Таа беше уапсена на 28 август 2016 година, кога австралиската гранична полиција изврши рација на луксузниот брод „Морска принцеза“, додека беше закотвен на пристаништето во...

Могерини изрази оптимизам за решение за името до Самитот на ЕУ

Високата претставничка за надворешна политика и безбедност на ЕУ Федерика Могерини изрази оптимизам дека спорот за името може да се реши до Самитот на ЕУ на кој земјите членки ќе одлучуваат за давање датум за почеток на преговорите. - Останува на Советот на ЕУ на крајот на јуни да ја донесе оваа одлука. Нема да шпекулирам какви одлуки 28-те членки...

Бунтовниците во Думајар се разоружуваат и заминуваат од градот

Сириските државни медиуми објавија дека бунтовниците во градот Думајар, североисточно од Дамск, го предаваат оружјето во согласност со договорот со сириската Влада. Телевизијата Ал-Икхбарија објави дека борците на Војската на исламот и членови на нивните семејства почнале да се евакуираат од Думајар. Вкупниот број што ќе го напуштат Думајар е 5.000 луѓе, од кои 1.500 борци. Думајар е во близина на...

„Дебарското Езеро“ преполно, водата се прелева

Поради зголемениот дотек на вода од реките Радика, Гарска Река и Црн Дрим, но и од другите локални притоки, акумулацијата „Дебарско Езеро“ е преполна и веќе се прелева преку преливната шахта. Тоа значи дека е надмината максималната кота од 580 метри. Преку преливната шахта се прелеваат најмалку по седум метри кубни во секунда. - Високите температури кои условуваат топење на снегот...

Шилегов избран за потпретседател на Мрежата на асоцијации на локални самоуправи од ЈИЕ

Градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов е назначен за прв потпретседател на Мрежата на асоцијации на локални самоуправи од Југоисточна Европа (НАЛАС) која во Брдо го одржува 13-то генерално собрание. Од Град Скопје соопштија дека Шилегов како претседател на ЗЕЛС е меѓу 150. претставници од локалните самоуправи и асоцијациите на локалните самоуправи од цела Југоисточна Европа кои учествуваат на генералното...

„Билд“ не може да поверува дека ЕУ ги сака Албанија и Македонија

Препораките на Европската комисија за отпочнување преговори со Македонија и Албанија е „застрашувачки наивна“, пишува германскиот весник „Билд“. Коментаторот на весникот нагласува дека идејата за ширење на ЕУ е прекумерна и произволно креирана. - Комисијата на ЕУ сака да прими две нови балкански држави, Албанија и Македонија. Едноставно човек да не поверува. Со отсуство на свеста за сопствените грешки и без...

Могерини: Можете да славите и потоа да се вратите на работа

Ја носам добата вест дека ЕК препорача почеток на преговорите за членство. Се вративте назад на добрата патека. Можете да славите и потоа да се вратите на работа, изјави високата претставничка за надворешна политика и безбедност на ЕУ Федерика Могерини на заедничката прес-конференција во Владата со премиерот Зоран Заев. Могерини истакна дека постигнувањето е заеднички успех на Владата, Парламентот, опозицијата...