Кинескиот претседател ќе ја посети Северна Кореја

Кинескиот претседател Си Џинпинг има намера да го посети Пјонгјанг, објави денеска телевизијата Си-eн-eн, повикувајќи се на официјален претставник кој побарал анонимност. Тоа би била прва посета на кинескиот лидер во Северна Кореја откако е на функција во Пекинг во 2012 година. Си-eн-eн не прецизира од која држава е изворот. Посетата според тој извор, ќе се оствари многу брзо, веројатно по средбата...

Чеферин: ВАР немаше да го промени исходот од мечот во Мадрид

Претседателот на Европската фудбалска унија (УЕФА), Александар Чеферин денеска изјави дека ниту ВАР технологијата немало да го промени исходот на натпреварот од четвртфиналето во Лигата на шампионите меѓу Реал Мадрид и Јувентус Јувентус беше елиминиран од Реал Мадрид со гол од пенал на Кристијано Роналдо во 93. минута, на што претходеше спорен пенал за шпанскиот тим. - Не можеме да воведеме...

Работниците во „Шкода“ ќе земаат плата од 2.000 евра и бонус од 2.600 евра

Синдикатот во најголемата чешка автомобилска фабрика „Шкода“ издејствуваа најголеми зголемувања на платите од трансферот кон групацијата „Фолксваген“, а тоа е просечна плата од 2.000 евра, како и специјален бонус во мај од 2.600 евра, што е за 46 отсто повеќе од минатата година. Платите за 25.000 матични, од вкупно околу 30.000 работници, колку што има Шкода, ќе се зголемат за...

Отежнато водоснабдување поради честите дефекти на мрежата во Тетово

Големите количини вода од природните извори кои се карактеристични за пролетниот период кои потоа стигаат во тетовската водоводна мрежа се причина за чести дефекти на старата мрежа и прекини во снабдувањето. Вакво е објаснувањето на комуналното претријатие за отежнатото водоснабдување во период кога има над 370 литри вода во секунда што се смета за доволно за градот Тетово. - Очекувана...

Модна линија за лица со попреченост

Модниот дизајнер Томи Хилфигер пушта во продажба нова колекција прилагодена за лица со различни видови попреченост. Хилфигер всушност лани ја покрена линијата облека за лица со попреченост, а сега само ја проширува. Како и обично, парчињата облека се елегантни, модерни, и практични за луѓе кои користат протетика или пак, се движат во ортопедска количка. - Вклученоста и демократизацијата на модата отсекогаш биле...

Доналд Туск на турнеја низ земјите од Западен Балкан

Претседателот на Европски совет Доналд Туск, следната недела ќе ги посети Македонија, Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Србија и Црна Гора. Посетата е во рамките на подготовките за Самитот ЕУ-Западен Балкан, што ќе се одржи на 17 мај во Софија. Туск од 24 до 28 април ќе ги посети земјите од Западен Балкан. - Пораката до нашите пријатели е јасна: Европска...

Брнабиќ вечерва во Скопје, за прв пат во Македонија

Српската премиерка Ана Брнабиќ вечерва доаѓа во Скопје, каде ќе учествува на работната вечера која ја организираат високата преставничка на Европската Унија за надворешни работи и безбедонсна политика Федерика Могерини и македонскиот премиер Зоран Заев, сопштија од кабинетот на Брнабиќ. Федерика Могерини и премиерот Зоран Заев организираат вечера за премиерите на земјите од регионот на Западен Балкан, на иницијатива на...

На Јанкулоска за „Тенк“ ќе ѝ се суди во одвоена постапка

Кривичниот суд денеска донесе одлука да ја раздвои постапката за поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска, која е обвинета во случајот на СЈО „Тенк“, што се однесува за набавката на луксузниот мерцедес од 600 илјади евра. Јанкулоска не дојде на денешното рочиште за „Тенк“, за што одбраната до Судот достави лекарска потврда, во која е наведено дека има „ризична бременост“. Откако направија...

Заев-Харадинај: Земјите од регионот да продолжат со реформите

Извештаите на ЕК се реални и охрабрувачки. Сега останува на земјите од регионот да продолжат со реформите со поголема инклузивност за посеопфатна реализација на сите препораки во процесот на евроинтеграција. Ова е заедничката констатација на претседателот на Владата на Република Македонија Зоран Заев и премиерот на Република Косово Рамуш Харадинај за време на средбата одржана на маргините на „Дигиталниот Самит...

Могерини во Тирана: Препораката е победа за сите

Добиената препорака од Европска комисија(ЕК) е победа за сите, но има уште да се работи, бидејќи почетокот на преговорите бара дополнителни ангажирања, порача денеска Висока претставничка на ЕУ за надворешна политика Федерика Могерини, која престојува во Тирана. Таа на заедничката прес конференција со албанскиот премер Еди Рама високо ја оцени улогата на Албанија во регионот и додаде дека препораката за...