Манчевски: Немам информации дека ќерката на Џафери и синот на Грчев се вработени во ЕЛЕМ
Министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски денеска изјави дека нема конкретни информации за вработувањето на ќерката на претседателот на Собранието Талат Џафери и синот на Мирослав Грчев во државната компанија ЕЛЕМ, но нагласи дека доколку било што не е согласно Законот веднаш ќе се реагира.
Одговарајќи на новинарско прашање дали има непотизам при овие вработувања, Манчевски рече...
Димитров: И за Грција е добро Македонија да стане дел од ЕУ и НАТО
Фокусирани сме на тоа да ги убедиме сите вклучително и соседна Грција дека е добро Македонија да стане сојузник во ЕУ и НАТО, не само за Грција, туку и за целиот регион, изјави денеска шефот на македонската дипломатија Никола Димитров одговарајќи на новинарско прашање на завршната прес-конференција во рамки на Дигиталниот самит за Западен Балкан.
Прашан дали има план Б...
Вардар ќе ги едуцира најмладите преку проектот „Фудбал за пријателство“
Во рамки на почетокот на шестата сезона на Меѓународниот детски социјален проект „Фудбал за пријателство“ под покровителство на компанијата „Газпром“, како дел од стартот на локалните активности поврзани со овој проект, утре (20 април) ќе се случи средба на тренинг кампот на ФК Вардар во Хиподром, со почеток во 14 часот.
На средбата ќе бидат претставени македонските учесници во годинешната...
Промоција на „Одбројување“ на Пармаковска во Штип
Во Спомен собата на центарот за култура „Ацо Шопов“ во Штип утре во 12 часот ќе се одржи промоција на романот „Одбројување“, за кој Фросина Пармаковска ја доби наградата „Роман на годината“ за 2017 година, што ја доделува Фондацијата за промоција и унапредување на културните вредности „Славко Јаневски“. Промотивна реч ќе одржи Ѓоко Здравевски.
„Одбројување“ е трет роман на младата...
Јотовски продолжува со добрите игри во Анталија
Најдобриот македонски тенисер Томислав Јотовски ја оствари и втората победа на фјучерс-турнирот во Анталија што се игра за награден фонд од 15.000 долари. По стартната победа над најдобриот турски тенисер Марсел Илхан, денеска Јотовски славеше над Италијанецот Давиде Галопини.
Првиот сет му припадна на Италијанецот со 6-4, а потоа Јотовски заигра многу подобро и ги доби двата сета со 6-4...
Стејт департмент: САД ја поддржуваат интеграцијата на Македонија во ЕУ и НАТО
Американскиот Стејт департмент дава безрезервна поддршка за евроатлантската иднина на Македонија, откако земјата доби неусловена препорака од Европската комисија за започнување на преговори за членство во ЕУ.
Стејт департментот изјавија дека САД продолжуваат да работат со Македонија на овие предизвици.
- Со Владата работиме на спроведување на судските реформи и владеењето на правото, слободата на медиумите и одговорно владеење. САД остануваат...
Сѐ повеќе Македонци сакаат да го изучуваат кинескиот јазик
Има многу придобивки од изучувањето на кинескиот јазик, главната е што ви се отвора можност да комуницирате со говорителите на овој јазик, кои ги има над милијарда, како и директно да се запознаете не само со една голема култура и древна цивилизација туку и со едно динамично модерно општество и економија
Кинескиот јазик е древен јазик со многу долга историја,...
Граѓаните бараат правда за случајот „Алмир“ пред Собранието
Група на граѓани протестираа против пресудата за случајот „Алмир“, пред Собранието, додека високата претставничка за надворешни работи и безбедносна политика на Европската унија Федерика Могерини им се обраќаше на пратениците.
Демонстрантите порачаа дека правдата во Македонија е мртва, поставувајќи го прашањето „Дали знаете кој е Алмир“. Повод за протестот претставува незадоволството од судскиот процес за смртта на Алмир Алиу, во кој првичното...
КОНЦЕРТ ПОД ХИПНОЗА
Вториот концерт за пијано и оркестар на Сергеј Рахмањинов (1873-1943) е, недвосмислено, легендарно дело на овој музички творец. Еден од омилените на репертоарот на врвните пијанисти, плени со раскошот и силината на емоциите вградени во музиката.
Во времето кога почнал да го пишува (во 1900 година) Рахмањинов бил пред тежок предизвик по лошите критики што ги добил по праизведбата на...
Принтови од Ерос Иштван од Унгарија
Изложба на принтови од Ерос Иштван од Унгарија ќе биде отворена вечерва, во 20 часот, во Културно-информативниот центар. Ерос Иштван завршил на Академијата за ликовни уметности во Виена, Австрија, и на Кралската академија за уметност во Хаг, Холандија. Дипломирал на Унгарскиот универзитет за ликовни уметности во Будимпешта, Унгарија, а бил и на мастер-програма на истата академија.
Има постдипломски студии на...








































