Европарламентот усвои Резолуција за заштита на новинарите

Европскиот парламент денеска со големo мнозинство усвои Резолуција за заштита на новинарите. Во текстот на документот, за чие усвојување гласаа 573 од вкупно 750-те членови на Европарламентот, остро се осудува убиството на словачкиот истражувачки новинар Јан Куцијак во февруари годинава и се повикува Братислва да спроведе меѓународна и независна истрага за случајот. Извори во Европарламентот соопштија дека се размислува Програмата за...

Инцидент во Турското маало во Струмица – тепачка меѓу две семејства

Три полициски автомобили, едно комбе и десетина полицајци попладнево по 15 часот интервенираа во Турското маало во Струмица. Според првичните информации на влезот во маалото дошло до тепачка меѓу две семејства при што биле употребени и секири. Очевидци раскажуваат дека до пресметка дошло поради расправија за место за продажба, а според други, пак, поради недоразбирање околу плаќање закупнина за една продавница. Полицијата...

Производителите на пролетна зелка бараат да се откупува за 10 денари килограм

Производители на пролетна зелка во селото Сарај, Струмичко, со мирен протест го искажаа своето незадоволство од ниските откупни цени, кои денеска паднаа на 8 денари за килограм. Велат дека оваа откупна цена е неисплатлива и не можат да ги покријат основните трошоци. - Го повикуваме министерот за земјоделство да дојде тука и да разговараме и да најдеме заедничко решение. Најголем...

Оштетени автомобилите на Шилегов и неговата сопруга

Автомобилите на градоначалникот на Град Скопје Петре Шилегов и неговата сопруга синоќа биле оштетени од непознати сторители. Случајот во полиција го пријавила сопругата на градоначалникот. Од МВР информираат дека вчера во 23.10 часот Ш.Ј. (49) пријавила дека во периодот од 17 до 22 часот во средата, на улицата Хелсинки, поточно на паркингот пред зградата, од страна на непознат сторител биле...

Измамил старци дека ќе им продаде дрва и им одзел 12.000 денари

Непознат сторител измамил брачен пар и притоа им зел 12.000 денари.  Полицијата соопшти дека дека вчера во 10:45 часот В.Б.(73) од Скопје, пријавил дека истиот ден околу 8:00 часот во неговиот дом од страна на непознат сторител бил измамен и му биле земени 12.000 денари. Сторителот, како што посочува полицијата, измамата ја направил на тој начин што дошол кај пријавителот и му...

Спасовски: Криминалитетот е во опаѓање, зголемен е процентот на откривање на кривичните дела

  Генерално безбедносната состојба во Прилеп е стабилна. И на ниво на земјата криминалитетот има стапка на опаѓање, а зголемување на процентот на откривањето на кривични дела. Ова меѓу другото го изјави министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски при посетата на општина Прилеп каде оствари средба со градоначалникот Илија Јованоски. - Единствено има зголемување на кривичните дела „злоупотреба на службената должност“ во целата земја...

Државите од Западен Балкан бараат намалување на роамингот во регионот и со ЕУ

Државите од Западен Балкан се заложија за намалување на цените во роаминг во регионот и со Европската унија(ЕУ) и ги утврдија целите за дигитална трансформација со која ќе се постигне поголема соработка и економски развој, со што воедно ќе се олесни нивната интеграција во Унијата. По завршувањето на дводневниот Дигитален самит за Западен Балкан во Скопје, учесниците порачаа дека технолошката...

Шеесетгодишен пешак тешко повреден во Тетово

Шеесетгодишен пешак е потешко повреден вчера во Тетово кога во него удрил автомобил БМВ го гостиварски таблици. Полицијата соопшти дека вчера околу 17:00 часот на крстосниците на улиците „Видое Смилевски-Бато“ и „29-ти Ноември“ во Тетово, патничко моторно возило „БМВ“ со гостиварски регистерски таблици, управувано од А.Б.(33) од Гостивар, удрило во пешакот Т.Ш.(60) од Ларце. Од ударот пешакот се здобил со тешки...

Од казино во Скопје украдени над 125 илјади денари

Две непознати маскирани лица извршиле кражба во казино во Скопје, при што одзеле околу 125.600 денари. Кражбата била пријавена вчера околу 23:30 часот во Секторот за внатрешни работи Скопје.  Двете маскирани лица, од кои едното било вооружено со пиштол упаднале во казино на улицата „11 Октомври“ и со закана од вработените ги украле парите, по што го напуштиле местото на настанот Се...

Манчевски: Немам информации дека ќерката на Џафери и синот на Грчев се вработени во ЕЛЕМ

Министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски денеска изјави дека нема конкретни информации за вработувањето на ќерката на претседателот на Собранието Талат Џафери и синот на Мирослав Грчев во државната компанија ЕЛЕМ, но нагласи дека доколку било што не е согласно Законот веднаш ќе се реагира. Одговарајќи на новинарско прашање дали има непотизам при овие вработувања, Манчевски рече...