Еколозите бараат од премиерот стопирање на сите градежни активности во Охридското подрачје
Неколку еколошки здруженија испратија допис до претседателот на Владата Зоран Заев и од него бараат да се прогласи мораториум на сите крајбрежни и урбани трансформации во Охридскиот регион.
Еколошкото здружение на граѓани „Фронт 21/42“, Граѓанската иницијатива „Охрид SOS“ и Центарот за истражување и информирање за животната средина „Еко-свест се повикуваат на извештајот на Реактивната мониторинг мисија на УНЕСКО и Комитетот...
Во Германија уапсен менаџер од Порше
Германската полиција го уапси шефот на одделот за развојот на мотори во „Порше" и тој се наоѓа во притвор. Тој е приведен бидејќи постоело сомнение дека може да побегне од земјата, јавија германските медиуми.
Портпаролот на Порше одби да даде коментар.
Германскиот дневен весник „Билд ем Зонтаг“ претходно објави интерна порака од извршниот директор на Порше Оливер Блум, во која се...
Фабрики го освојуваат шумскиот простор на Сува Гора
Од 2012 година постојано се сечат борови дрва на единствениот шумcки предел на Сува Гора, планина по должината на левата страна на автопатот Скопје - Тетово во близината на Желино, за да се градат стопански и индустриски објекти. Планината Сува Гора се состои од варовник, па боровите што се насадени пред педесетина години во подножјето на самата границата со...
Малолетници со пиштол си играле „полицајци“ на пат во Тетовско
Четириесет и тригодишен жител на Тетово во четвртокот во полиција пријавил дека малолетници кои ги пресретнал на пат кон селото Мерово му впериле пиштол.
Околу 16 часот дента со товарно возило со тетовски регистерски таблици се движел по локалниот пат за тетовското село Мерово, по што наишол на три непознати малолетни лица и кога малку подзапрел, мислејќи дека им треба...
Се разгорува битката за фотелјата на прв пензионер во Битола
Единствено нешто што засега не го посакуваат пензионерите во Битола е да се повторат сликите од пред осум години, кога полицијата или приватните обезбедувања мораа да ставаат ред меѓу раскараните групи пензионери, поделени по партиска припадност
Во моментот кога во Битола, се чини, завршија внатрепартиските битки за распределбата на фотелјите во државните институции, јавните претпријатија и во фирмите каде што...
Се сеќавате ли на Американчето што му се закануваше на Трамп?
Момчето што на течен англиски јазик му се закануваше на американскиот претседател Доналд Трамп, држејќи огнено оружје, во пропагандното видео на Исламска држава (ИД) во август 2017 г., го привлече вниманието на јавноста во САД, по што тамошните медиуми успеаја да ја откријат неверојатната приказна на неговото семејство. Станува збор за семејство што го замени удобниот живот во Индијана,...
Могерини: Време е да трчаме заедно
Македонија се врати на патот кон Европската Унија и тоа е местото на кое земјата треба да се наоѓа. Ова е пораката што вчера во своето обраќање пред македонскиот парламентот ја испрати Федерика Могерини, високата претставничка на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика.
Таа напомена дека Македонија треба пред себе секогаш да го има јасно патот што го трасирала...
„Хуриет“: Турција го повлекла целото злато од САД
Централната банка на Турција во 2017 година ги повлекла сите златни резерви од американските Федерални резерви, пишува весникот „Хуриет“.
Според весникот, одлуката за повлекување на златните прачки била донесена поради влошувањето на односите меѓу Анкара и Вашингтон за многу регионални и билатерални прашања.
Систематското повлекување од американските Федерални резерви почнало во 2017 година.
Во САД се чувале речиси 28,7 тони од овој...
Почина Виктор Трајковски, роден тетовец, академик во Шведска
На 77-годишна возраст вчера почина професор доктор Виктор Трајковски, роден тетовец, кој со децении живеел и работел во Шведска.
Виктор Трајковски во 1964 година на Универзитетот Свети Кирил и Методиј во Скопје завршил земјоделско-шумарски факултет. Потоа во 1968 година во Шведска, завршува факултет по генетика. Научните звања подоцна ги стекнува, исто така, на универзитетите во Шведска.
Како доктор на науки, предаваше...
Викендов и следната седмица сончево и топло до 30 степени
Викендов и седмицата што престои времето ќе биде сончево, стабилно и суво, од недела со пораст на дневните температури на воздухот и до 30 степени. УВ индексот во текот на целиот период ќе изнесува 7.
Утре времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност претежно во југоисточниот и југозападниот дел од земјата. Утринската температура ќе се движи од еден...








































