Дејан Митревски – Урко не дојде да сведочи за „Тенк“
Во Кривичниот суд денеска се одржува ново рочиште за предметот на СЈО „Тенк“, што се однесува за набавката на луксузниот мерцедес од 600 илјади евра.
Во Судот иако беше најавен не дојде да сведочи Дејан Митревски - Урко, кој беше еден период шеф на обезбедувањето на поранешниот премиер Никола Груевски.
Одбраната на Груевски не беше информирана зошто Урко не се појави...
Загина мотоциклист на магистралниот пат Битола – Ресен
Вчера околу 17:45 часот на магистралниот пат Битола – Ресен се случи тешка сообраќајна несреќа во која животот го загуби едно лице.
До несреќата дошло кога патничко моторно возило „Митцибуши Пајеро“ со битолски регистарски ознаки управувано од Џ.Ј.(44) од Битола удри во моторцикл „Хонда“ исто така со битолски регистарски ознаки управуван од Б.А.(35) од село, Мојно, битолско.
По незгодата мотоциклистот со...
Иран ги забрани криптовалутите
Централната банка на Иран официјално ја забрани употребата на криптовалутите при финансиските трансакции, јавуваат иранските медиуми.
Ваквиот потег е со цел да се спречат кривични дела како перење пари и тероризам.
Забраната, според пишувањето на весникот „Донија-е екстесад“ се однесува на сите монетарни и финансиски центри во земјата, вклучувајќи ги и банките, финансиските институции и менувачниците, пренесува агенцијата АП.
Убиствата со „потпис на мафијата“ сè почести на Балканот
Нарачателите се подготвени да платат и повеќе од милион евра за нарачано убиство
Професионалните убијци што дејствуваат на територијата на Балканот и Европа и извршуваат убиства главно доаѓаат од земјите на поранешна Југославија - Србија, Хрватска и Босна и Херцеговина. Експертите нарачаните убиства ги нарекуваат „убиства со потпис од мафијата“ и тие имаат неверојатно високи цени во светот на подземјето,...
Поранешен висок функционер на ОН изигрувал хуманитарец, а држел деца како сексуални робови
Обединетите нации(ОН) покренаа истрага откако поранешен висок функционер, поврзан со британска хуманитарна организација, бил уапсен заради тешко сексуално насилство врз деца.
Полицијата соопшти дека го пронашла Канаѓанецот Питер Далглиш(60) со две деца од 12 и 14 години во иста просторија кога на почетокот на овој месец извршила рација во неговата куќа во Непал и го уапсила.
Далглиш беше на повеќе високи...
Одбележување на 113 годишнината од смртта на Христо Узунов
Пред споменикот во село Цер утре ќе се одбележи 113 годишнината од смртта на Христо Узунов и неговите соборци.
Како и претходнитте години така и годинава, на падините над селото ќе се најдат сите оние кои имаат длабока почит кон животот и делото на Узунов и неговите соборци. По тој повод пред споменикот во ова кичевско село, учениците од ОУ„...
Две деца повредени при судир на автомобил и трактор
Синоќа околу 20 часот на магистралниот пат Градско-Прилеп, кај Росоман се случила сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил марка „Хјундаи“ трактор „ИМТ“.
Од СВР Велес информираат дека автомобилот „Хјундаи“ со струшка регистрација бил управуван од Д.Д. (61) од Струга, додека тракторот бил со кавадаречка регистарска таблица управувано од Р.Р.(36) од Росоман.
При несреќата со тешки телесни повреди се здобиле дванаесетгодишно и петнаесетгодишно...
Ловџиски кучиња не бараат галење туку многу тренинг на терен
Изложбите се награда и признание за сиот мој труд вложен во одгледувањето на кучињата, вели Виктор Ѓоргиев
Изложба е вид приредба на која се оценуваат и распределуваат кучињата според пропишаните стандарди земени од Меѓународната кинолошка организација. Така што им се доделуваат според оцената кандидатури, титули и евентуални награди. Најчесто на изложбите се одбираат кучињата што најдобро одговараат на тој пропишан...
Прилепски Комуналец започна со пролетно чистење на дивите депонии
Прилепски Комуналец започна со чистење на дивите депонии. Акцијата за чистење која во континуитет ќе се одвива околу еден месец, ЈКП „Комуналец“ - Прилеп и локалната самоуправа, ја посветуваат на вчерашниот ден, Светскиот ден на планетата Земја.
- Чистењето на дивите депонии започна од најризичната дива депонија кај надвозникот на излезот за Битола минатата недела. Иако комплетно исчистена, несовесните граѓани...








































