Кејт Мидлтон се пораѓа по трет пат, пред болницата редица луѓе

Сопругата на британскиот принц Вилијам, војвотката од Кембриџ Кејт Мидлтон, денеска е пренесена во една приватна болница во Лондон каде ќе се породи, соопшти Кесингтонската палата. Кејт Мидлтон утрово била пренесена во приватната болница Сент Мери во центарот на Лондон, а Палатата соопшти дека таа е во „рана фаза на породување“. Британските медиуми, како и граѓаните, веќе со часови го чекаат...

Кумуцакос: Неизводливо е да се постигне конечен договор за името

Договорот треба да биде комплетен, целосен и конечен и да ја разликува соседната земја од Македонија, вели одговорниот за надворешна политика во грчката опозициска партија Нова демократија во интервју за весникот „Real News“. - Владата е повикана да донесе договор што ќе биде комплетен, целосен и конечен. Што ќе го разликува, на комплетно јасен начин, нашиот северен сосед од Македонија....

Ливерпул – Рома романтика, Баерн – Реал кралска класика

Тоа се мешавина од дуели што треба да внесат свежа крв во ова елитно фудбалско натпреварување, Лигата на шампионите, кое беше доста критикувано бидејќи стана премногу предвидливо последниве сезони Полуфиналните дуели во Лигата на шампионите (ЛШ) во кои првите мечеви се играат утревечер, Ливерпул - Рома и в среда, Баерн - Реал би требало да ни понудат „романтика“, односно судир...

Од 1 мај во УЈП Скопје само со закажан термин

Услугите на Регионалната дирекција на УЈП во Скопје од 1 мај ќе бидат достапни само доколку даночните обврзници и сметководители имаат закажано термин за средба со даночните агенти. Терминот ќе се закажува преку Инфо центарот на УЈП на телефонот 0800-33-000 или 02/3253-200 или преку веб страницата на Контакт центарот kontaktcentar.ujp.gov.mk. Од Управата за јавни приходи информираат дека овој нов начин се воведува со...

Фудбалските мундијали – од едно фијаско до првокласен настан

На 52 дена до почетокот на 21-то Светско првенство во Русија, фудбалскиот свет веќе пулсира со мундијалот, со репрезентациите, со најголемите ѕвезди. Приказната за мундијалите е долга 88 години, но сѐ почна многу порано Првата фудбалска топка се стркалалa пред повеќе од 170 години и оттогаш играта со „бубамарата“ стана глобален феномен, нарекуван „убавата игра“, а понекогаш и „најважната споредна...

Штрајкови ширум Грција против приватизацијата на електроцентралите

Вработените во енергетиката во Грција од синоќа почнаа 48-часовни протести поради најавената приватизација на електроцентрали и јагленокопи во државата. Според најавите, струјата последователно ќе се запира, а синдикатите уверуваат дека „снабдувањето со електрична енергија во земјата ќе биде без проблеми“. Од синоќа биле исклучени неколку термоцентрали, а и три блока на електроцентрали на јаглен. Штрајковите се организираат затоа што оваа недела се...

Три тима од Франција на фајналфорот во Келн?

ПСЖ го победи Киелце на гости со 35-28, Монпелје претходно ремизира на гости кај Фленсбург (28-28), а синоќа Нант играше дома со Скјерн, во првите мечеви од четврт-финалето на ЛШ Ракометарите на францускиот гигант ПСЖ го прегазија на гости полскиот првак Киелце со 35-28 (22-10) во првиот четвртфинален дуел од Лигата на шампионите (ЛШ), резултат што им ветува трет едноподруго...

Кинези загинаа во сообраќајна несреќа во Северна Кореја

Во сообраќајна несреќа во Северна Кореја загинаа кинески туристи, а голем број се повредени, соопшти денеска кинеското Министерство за надворешни работи. Бројот на жртвите не е објавен, а кинески дипломатски претставници во Пекинг изјавија дека подоцна ќе ги објават деталите. Сударот се случил синоќa во провинцијата Северна Хвангхе, јужно од севернокорејската престолнина Пјонгјанг. Кина и Северна Кореја делат долга граница, а Кина...

Секој жител на Македонија лани созадал по 379 килограми отпад

Во текот на минатата година во Македонија е собран комунален отпад од 635.875 тони, а количеството на вкупно создаден комунален отпад изнесува 786.881 тони, објави Државниот завод за статистика. Годишното количество, пак, на создаден комунален отпад по жител во 2017 година изнесува 379 килограми, што е за 1,3 отсто помалку од истото количество во 2016 година. Споредено со 2016 година, вкупното...

Јужна Кореја ја запре пропагандата против Пјонгјанг

Јужна Кореја денеска ја запре пропагандата, која повеќе од две години преку граница ја спроведува против Северна Кореја. Одлуката е донесена неколку дена пред самитот на лидерите на двете земји, што се очекува да биде фокусиран на нуклеарната програма на Пјонгјанг. - Јужна Кореја денеска престана да емитува пропагандни пораки против соседната држава, со цел да ги намали воените тензии...